Убивал на пет локации, се самоубил опкружен со полиција во шестата: Што се знае за извршителот на масакрот во Цетиње: Во истиот град пред ддве и пол години во еден сличен масакр беа убиени десет лица! Mедиумите сега се сеќаваат на честите масовни убиства сторени од поединец токму во оваа земја!
Во масовно злосторство во Цетиње, Црна Гора вчера загинаа 12 лица, меѓу кои две деца, додека четворица од Цетиње се во Клиничкиот центар во Подгорица. Осомничениот, 45-годишниот Ацо Мартиновиќ, откако бил опколен од полицијата, се застрелал во главата и на крајот починал на пат кон болница.
Во масовно злосторство во Цетиње, Црна Гора на 1 јануари загинаа 12 лица, меѓу кои две деца, додека четворица од овој град се во Клиничкиот центар во Подгорица. Осомничениот, 45-годишниот Ацо Мартиновиќ, откако бил опколен од полицијата, се застрелал во главата и на крајот починал на пат кон болница.
„Го опколија, направија прстен. Беше во безизлезна ситуација, а по наредбата да го спушти оружјето, си пукаше во глава. Откако беше повреден, беше направен обид да се пренесе до КЦЦГ, но тој им подлегнал на повредите“, рече Шќепановиќ.
Шќепановиќ додаде дека се’ уште не е познат мотивот за убиствата и дека меѓу жртвите се и пријателите и кумовите на Мартиновиќ.
Според некои извори од црногорските медиуми, Мартиновиќ претходно упатувал закани и го споменувал Бориловиќ, што укажува на можни психолошки проблеми и поистоветување со претходното кривично дело.
Обвинителката Андријана Настиќ соопшти дека убиствата во Цетиње се извршени на пет локации, а на шестата сторителот се самоубил. Таа потврди дека загинале 12 лица како и извршителот на убиствата.
Настиќ потсети дека вчера околу 18.00 часот дежурниот обвинител при Вишото државно обвинителство во Подгорица бил известен дека во Цетиње било употребено огнено оружје и дека се убиени неколку лица. Пристигнувајќи на местото на настанот, извршена е увид на шест локации и во таа прилика е утврдено дека загинале 12 лица, од кои две деца.
„На секоја локација беше спроведена истрага и одземени докази кои ќе бидат земени предвид. Сторителот на убиствата се самоуби, а ова е шеста локација на која се спроведува истрага. Во тек се обвинителски и полициски дејствија кои ќе фрли светлина врз околностите под кои се случи овој настан“, рече Настиќ.
Таа нагласи дека на првата локација биле убиени четворица мажи во кафаната, на втората локација исто така четворица, на третата локација биле убиени две деца, а на четвртата и петтата локација по едно лице. Шестата локација е местото каде што извршил самоубиство. Локациите, како што рече, се далеку една од друга, но не може прецизно да каже колку, објави порталот РТЦГ.
Од друга страна, телевизијата Вијести објави дека меѓу убиените е и сопственикот на таверната. Се додава дека потоа Мартиновиќ отишол на другата страна на градот, во населбата Хумчи, каде во куќа убил две деца и ја ранил сопругата на сопственикот на ресторанот.
Масовното убиство во Цетиње се случи и две и пол години по масакрот што го изврши Бориловиќ, кога уби 10 лица, а рани шест сограѓани.
Прво ги убил станарите во својата куќа, а потоа излегол на улица и продолжил по случаен избор да пука во случајни минувачи. Жртвите се: браќата Марко (7) и Машан (11) и нивната мајка Наташа Мартиновиќ (35), Рајко Дрецун (56), родителите на Дрецун, Даница (74) и Димитрије (81), сестрите Александра (52) и Данијела Радуновиќ ( 51), Горан Ѓуришиќ (54) и Милан Мартиновиќ (37). Повредени се Филип Ѓурковиќ, Александар Дрецун, Славица Звичер, Милева Рамадановиќ, Даринка Челебиќ и полицаецот Љубиша Максимовиќ.
По интервенција на полицијата, Бориловиќ е убиен во размената на оган. Околностите за неговата смрт остануваат под истрага, со шпекулации дали бил застрелан од полиција или застрелан од негов сограѓанин. Како можен мотив за овој ужасен чин беа наведени семејните проблеми и претходните конфликти. Според братучедот на Бориловиќ, мотив за ова дело биле неплатени долгови. Според првите информации, и во случајот на Мартиновиќ како предизвикувач на трагедијата се посочуваат лични конфликти. Според некои извори од црногорските медиуми, Мартиновиќ претходно упатувал закани и го споменувал Бориловиќ, што укажува на можни психолошки проблеми и поистоветување со претходното кривично дело.
Во 1993 година, шест лица беа убиени во бјелополското село Чокрлије од малолетниот Момчило Церовиќ (14), кој во семејниот дом ги уби татко му, мајка му, брат му, баба му и внукот. Иста број жртви имаше во 2001 година при експлозија во куќа во Беране, каде што беше и Зоран Стеванчевиќ, кој го поставил експлозивот.
Уште еден тежок злостор се случи за време на новогодишните празници, на ноќта на 31 декември 2005 година, во Зеленика кај Херцег Нови. Милан Зековиќ тогаш го уби петчленото семејство Рогановиќ од Цетиње, меѓу кои имаше и три деца на возраст од 7 до 12 години.
Сепак, досега во Црна Гора не се случило масовно убиство на пет различни локации.
Од порано датира нерасчистениот случај од Сутоморе, каде што во февруари 1965 година беа убиени четворица членови од семејството Новаковиќ – постара жена, нејзиниот син и двете ќерки.
Четири жртви беа забележани и во уште едно масовно убиство во 1993 година кај Бјело Поље. Ново Сошиќ (44) тогаш отишол на кафе кај роднини, по што ги ликвидирал – убиени беа сопругот, сопругата и нивните деца на возраст од 12 и 8 години.
(користени се материјали од повеќе медиуми)