Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЦИВИЛ: ОСУДА НА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА НА АПАСИЕВ ОД ЛЕВИЦА

February 7, 2023 Filed Under: Македонија

НЕДОПИРЛИВ Зошто нема одговор од релеватните институции на говорот на омраза на Апасиев

ЦИВИЛ со крајна индигнација ja осудува неодамнешната објава од шефот на Левица, Димитар Апасиев, во која тој се послужи со крајно навредливи зборови и манипулации кон Цивил и кон претседателот на организацијата. Ова е само уште еден од бескрајната низа испади на овој ултрадесничар кој предводи политичка партија застапена и во македонскиот парламент.

„Сите ќе ве стреламе“ и „Децата крв ќе ви плукаат“ се само дел од скандалозниот, екстремен и заканувачки „асортиман“ на овој политичар. Тој стана познат и како таков ќе биде запаметен: вулгарен, валкан и насилен. За него е познато дека застапува и се обидува да спроведе идеи и концепти што се целосно спротивни на демократските принципи и стратешките определби на земјата.

Одговорноста на Апасиев е дотолку поголема што тој (со јавни пари), се впушта во лични вербални пресметки со интелектуалци, активисти, новинари, граѓански организации и политички противници. Притоа, користи речник на омразата и повикува на насилство и војна. Апасиев е крајно непристоен и вулгарен и често изгледа како да нема контрола врз себе и своите постапки, што може да биде крајно опасно, имајќи ја предвид неговата општествена позиција како просветно лице на универзитетско ниво и политичката функција на пратеник и предводник на политичка партија.

Познато е дека тој им слугува на своите лични интереси. За да ги оствари своите лични цели, Апасиев злоупотребува јавни пари и манипулира. Се служи со дезинформации и пропаганда, валкани средства насочени против мирот и стабилноста во земјава и во светот. Едноставно, Апасиев не може да се помири со неуспехот да се наметне и да ги попречи клучните општествено политички текови во земјата, без оглед на високите суми јавни пари и непознатите суми од црни пари со кои располага.

Од првиот ден кога стапна на јавната сцена, Апасиев и нему слични се будат и заспиваат со Цивил во мислите.

За среќа, „моќта“ на Апасиев е ограничена на двајца пратеници во парламентот и еден грст екстремисти во земјата. Сепак, тоа не значи дека треба да ужива во неказнивоста што му ја обезбедуваат институциите.

Цивил упатува јавен повик до сите релевантни институции и саморегулаторни тела да преземат соодветни чекори за осуда и санкционирање на тешките навреди, клевети и говор на омраза што произлегуваат од јавните настапи и дејствувањето на Димитар Апасиев и Левица, а чија мета неретко е токму Цивил.

 

Filed Under: Македонија

ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА
СРЕДЕ ЛЕТО НА ЛОВ НА ДИВИ СВИЊИ
УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ МЕЃУ ПОСТОЈНОТО И МОЖНОТО

Најново

  • ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
  • ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
  • НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet