Договорот од Преспа е историски чекор, не само за двете земји и за поширокиот регион, туку и за цела Европа. Ги зацврстува односите на пријателство, соработка и стабилност, истакна Ципрас
Со видео во траење од речиси две минути, објавено на социјалните мрежи, грчкиот премиер Алексис Ципрас, на граѓаните им ги разрешува дилемите за Договорот од Преспа.
„Дојде време да ја дознаеме вистината“, е пораката на почетокот од видеото во кое се користени инсерти од потпишувањето на договорот, а во продолжение и делови од договорот, со објаснување што всушност тие значат за Грција.
Договорот од Преспа е историски чекор, не само за двете земји и за поширокиот регион, туку и за цела Европа. Ги зацврстува односите на пријателство, соработка и стабилност, напиша Ципрас споделувајќи го видеото.
Паралелно, од Министерството за надворешни работи на Грција објавија текст во кој одговараат на најчесто поставуваните прашања од граѓаните во врска со Договорот од Преспа.
– Која беше националната линија прифатена од претходните влади? Што добива Грција од Договорот од Преспа? Со Договорот од Преспа, признаваме „македонска нација“ и „македонски јазик“? Како Грција е обезбедена во случај некоја следна влада да одлучи да отстапи од Договорот од Преспа? Што ќе се случи доколку од грчкиот Парламент не биде ратификуван Договорот од Преспа?, се дел од прашањата кои биле упатени до грчкото МНР.
Во 10.30 часот по локално време, во четвртокот и петокот продолжува расправата на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент за нацрт закон според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа, јави МИА од Атина.
Според најавите на претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, на брифингот со новинарите, Комисијата по завршувањето ќе изготви извештај, а потоа, во среда и четврток за нацрт законот ќе расправа Парламентот на пленарна седница, по што ќе следи и гласањето.
Процесот за ратификација на Договорот од Преспа започна вчера, а расправата на надлежната комисија траеше речиси пет и пол часа. Кусо пред 23 часот по локално време во четвртокот дискусијата беше прекината.
Пратениците, ги повторија позициите на нивните партии, оние кои што се „за“, говореа за позитивните аспекти на Договорот, додека пак оние што се „против“ со свои аргументи го поддржаа овој нивни став, објаснувајќи зошто нема да гласаат за ратификација на договорот меѓу двете земји.
Говорите на пратениците од владејачката СИРИЗА беа во насока дека Договорот од Преспа како основа ја има националната линија од 2008.
Нивните колеги од Нова демократија говореа за договор штетен за националните интереси. Надлежниот за надворешна политика во опозициската партија, Јоргос Кумуцакос рече дека историјата ќе ги запише оние кои ќе го кажат штетното „да“ и оние кои ќе го кажат патриотското „не“ на гласањето за договорот.
Според најавите, за Ратификацијата требше да се гласа в четврток навечер, но одлуката се префрли за следниот ден попладне.
„Ова е ден кој ќе се памети во историјата како почеток на една нова ера за Балканот – модерен, европски, демократски, мирен“, порача доцна синоќа грчкиот премиер Алексис Ципрас во парламентот, во пресрет на денешниот – ден Д кога се очекува да заврши последно продолжение на пленарната седница и да се гласа за за ратификација на Договорот од Преспа. Доколку не се пролонгира расправата, се очекуваше пратениците да гласаат за Договорот во 14.30 часот.
Бурна расправа ѝ претходеше на последната седница. Ципрас во својот говор одговори на сите критики од неговиот политичкиот опонент – лидерот на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, а направи и ретроспектива на сите отстапки што ги направиле истите политичари кои денес него го критикуваат за „национало предавство“. Според Ципрас „токму инерцијата и одложувањето кои станале доктрина за надворешната политика на Грција, завршувале со постојани дипломатски порази за грчката страна, и резултирале со фактот што повеќе од 130 земји, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина, соседната земја ја нарекуваат Македонија.
„Каде бевте во 2008-2009 година, кога беше договорено визна либерализација за пасоши на македонски граѓани во Шенген-зоната?“, ги праша Ципрас критичарите на Договорот.
„Ова е ден кој ќе се памети во историјата како почеток на една нова ера за Балканот – модерен, европски, демократски, мирен“, порача доцна синоќа грчкиот премиер Алексис Ципрас во парламентот, во пресрет на денешниот – ден Д кога се очекува да заврши последно продолжение на пленарната седница и да се гласа за за ратификација на Договорот од Преспа. Доколку не се пролонгира расправата, се очекува пратениците да гласаат за Договорот во 14.30 часот.
Бурна расправа синоќа ѝ претходеше на денешната седница. Ципрас во својот говор одговори на сите критики од неговиот политичкиот опонент – лидерот на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, а направи и ретроспектива на сите отстапки што ги направиле истите политичари кои денес него го критикуваат за „национало предавство“. Според Ципрас „токму инерцијата и одложувањето кои станале доктрина за надворешната политика на Грција, завршувале со постојани дипломатски порази за грчката страна, и резултирале со фактот што повеќе од 130 земји, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина, соседната земја ја нарекуваат Македонија.
„Каде бевте во 2008-2009 година, кога беше договорено визна либерализација за пасоши на македонски граѓани во Шенген-зоната?“, ги праша Ципрас критичарите на Договорот.
Грчкиот премиер им се обрати и на пратениците од Комунистичката партија, спомнувајќи ја антифашистичката хероина Мирка Гинова, (родена во село Русилово, Воденско, и осудена на смрт со стрелање на 26 јули 1946 година во Ениџе-Вардар). Тој ја именуваше со македонското име, и со името (Ирини Гини) со кое ѝ се обраќале членовите на грчката Комунистичка партија.
„Не сакам да ја критикувам историјата на Комунистичката партија на Грција, онаа која се однесува на славомакедонскиот буквар кој ваши членови им го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на ДАГ. Ниту 70.000 цивилни бегалци кои грчката држава ги лиши од правото да се вратат во својата татковина во 1983 година. Ниту Славомакедонката Ирини Гини, Мирка Гинова, првата жена стрелана во граѓанска војна. Вие и вашите луѓе соочете се со тоа“, рече Ципрас.
Тој ги осуди и нападите против одредени грчки пратеници кои се залагаат за Договорот за Преспа.
„Сите овие денови сведоци сме на екстремни реторика во јавниот дискурс насочена кон конкретни лица, практика на тероризирање на парламентарци и подметнување пожари во куќите на некои од нив“, рече Ципрас, и посочи дека Мицотакис не нашол ниту еден збор за да ги осуди нападите врз оние кои имаат поинаков став за Договорот.
„Национализмот на Балканот доведе до болни авантури и време да излеземе од порочниот круг на национализмите. Последното лицемерие завршува. Пресушуваат резервите на омраза и поделба која ја сееја политички личности и лидери кои не ги почитуваат ниту историјата ниту иднина на двете земји. Од денеска почнува една нова ера за Балканот“, порача грчкиот премиер на крајот од говорот.
Претходно, за придобивките говореше и поранешниот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас.
„Постигнавме историски договор. Не сте во можност да направите таков договор, само сакате да го искористите за свои лични промоции“, му реплицираше тој на поранешниот премиер Андонис Самарас, кој рече дека Договорот од Преспа е еднаков на признавањето на иредентистичките амбиции на северниот сосед.
„Договорот ја нарушува нашата национална линија. Тој не ги решава проблемите, туку создава многу повеќе нови“, обвини Самарас.
Лидерот на Потами (Река), Ставрос Теодоракис, порача дека Грција треба да го одобри договорот за името со соседна земја, во спротивност ризикува да биде изолирана од своите западни партнери.
„Ако не го ратификуваме Договорот, земјата ќе биде изолирана на меѓународно ниво. Ќе се судриме со Европската унија. Ќе се судриме со НАТО. Ќе се судриме со САД“, предупреди Теодоракис.
Додека траеше расправата, пред грчкиот парламент се одржа протест против Договорот од Преспа. Иако не беше масовен како оној во неделата, припадници на радикалната десница повторно предизвикаа инциденти. Грчки медиуми објавија снимка од палење на македонското знаме проследена со навредливо скандирање против „скопјаните“, како и други инциденти, заради кои грчката полиција привела 135 лица, од кои 10 биле задржани во полицијата. Повреден бил еден полицаец, а слогани со заканувачка и навредлива содржина биле испишале на ѕидовите од домот на амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пјат.
Жешката атмосфера на грчката политичка сцена се најде и во истражувањето на агенциите за испитување на ајвното мислење. По барање на ТВ „Скај“, агенцијата „Пулс“ спровела истражување, чии резултати покажуваат дека за 10 процентни поени води опозициската Нова Демократија пред владејачката Сириза.
Довербата во Сириза изнесува 22,5%, во Нова Демократија 33%, а трета е Златна Зора со 8%.
„Не сме дозволиле македонски јазик, бидејќи македонскиот јазик не е наш да го даваме. Аристотел го учел Александар Велики на грчки, место на македонски. Ниту македонската националност е наша да ја даваме. И самото користење на зборот „им дозволуваме“ укажува на илузијата на величина што произлегува од вашиот национализам. Луѓето кои живеат во северна Грција се Грци. Но, ова веќе припаѓа во областа на психоанализата и јас секако немам да намера да бидам ваш психијатар“ , изјави премиерот Алексис Ципрас во неговото последно обраќање пред пратениците во грчкиот парламент.