Тешко е да се каже дали лидерот на Сириза падна на „македонското прашање“ или на фактот дека неговиот економски спас не беше препознаен по големи луњи и игри со ММФ: за многумина тој е Одисеј кој по долго пловење стигнал на Итака, ама таму е заборавен
ГЛОБУС МАГАЗИН
Земјава никако да се извлече од сите политички вирови кои и стојат на патот. Покрај проблемите со колебливите земји-членки во Унијата, кои сега се думаат околу датумот за отпочнување на преговорите за наш прием во ЕУ, го добивме и до некаде очекуваниот слаб резултат на Сириза на изборите за европскиот Парламент, како и за изборот на локалните органи и тела во Грција. Ова може, потенцијално да значи дека мето пријателскиот глас на Грција во Брисел и Стразбур, ќе треба да сметаме на неоредвидливиот Мицотакис.
Заради новонастаната ситуација на евидентно лизгање на неговиот авторитет, кој секако се должи и на неговиот потпис на Преспанскиот договор, премиерот Алексис Ципрас свика предвремени избори за почетокот на јули. Тој изјави дека не може да ги игнорира изборните резултати. Според Вашингтон пост неговата изјава гласи „резултатот не е таков каков што очекувавме… јас нема да го игнорирам или да се откажам“. Мандатот на Владата инаку требаше да трае до октомври а многу членови на партијата како и коалиионите партнери сакаа мандатот да не се истроши порано.
Формално Ципрас мора да ги сочека да завршат локјалните избори (вториот круг, кои се одржаа во неделата) за потоа да побара прием кај претседателот Павлопулос и таму да ја официјализира својата намер,. односно да побара предвремено распуштање на парламентот.
Сириза, која е на власт од 2015, на последното изјаснување на гласачите заостана зад главниот конкурент, опозициска партија Неа демократиа за околу 9 проценти.
Основна дилема е дали Ципрас ја изгуби довербата на пенионерите? Или поточно дали задони во исполнувањето на изборното ветување да го донесе потребно растоварување за Грците кои живееја во криза? Пред повеќе од две недели грчкиот парламент изгласа зголемување на пензиите. Тоа е чин кој доаѓа по 13 рунди кратења. Во просек ќе има половина пензија повеќе годишно. Премиерот Ципрас изјави дека Грција во изминатите години заштедила повеќе од 30 милијарди евра и сега конечно имало простор за растоварување. Кратко потоа можеше да се види предизборен спот за партијата Сириза: прикажана е пензионерка која гледа вести и не може да се изнарадува на веста за зголемување на пензиите. „Не можам да се сетам колкупати во изминатите години ми беше кратена пензијата“, се жали жената во спотот. Опозицијата пак веднаш возврати со свој спот: „Ве потсетуваме на тоа дека откако Левицата дојде на власт во 2015-та, пензионерите загубија во просек по 2.054 евра годишно“ – анализира познатиот новинар Јанис Пападимитриу.
Дали најавените зголемувања на пензиите се изборни подароци на државна сметка? Европарламентарецот од редовите на Сириза, Стелиос Кулоглу, кој беше повторно какндидат, вели дека „премиерот Ципрас ова го планираше уште во септември 2018, значи долго пред кампањата“.
Тоа што се случува токму сега, според Кулоглу, е дел од политичката игра. Сепак, и вака не може да се каже дека е изборен подарок, додава тој. Според Кулоглу, „за разлика од други влади, зголемувањето Сириза го финансира од заштеди, а не од кредити”.
Опозиционерскиот политичар Димитрис Циодрас зборуваше за обид за купување гласови. „Наводните олеснувања се најлоша предизборна пракса во земјава”, се жали тој за ДВ. Циодрас не негира дека во изминатите години се заштедени милијарди. Но, причина за тоа не бил растот на грчката економија, туку преголемото оданочување на средната класа.
Нашите граѓани кои масовно одат на одмор во Грција би требало сега да наидат во продавници со намалени цени на основните прехрамбени профукти и тоа од 24 на 13 проценти. Исто така, ќе се намали и оданочувањето на струјата. Ова нема да придонесе само за стимулирање на туризмот. Во 2017 и 2018 година е забележан нов рекорден број туристи, но ова лето се очекува да биде поскромно (!). Во секој случај, Ципрас на своите изборни митинзи објаснува дека по годините на штедење сега сака да инвестира во социјалната и економската политика. Тој нагласува дека до крајот на 2019 година може да има и нови олеснувања.
Анкетите постојано прикажуваа дека Неа демократија ќе победи со двоцифрен резултат и конечниот исход е нешто поскромен ама „тука некаде“. Според последните анализи, левичарската партија благо се опоравила и сега заостанува шест до седум проценти зад конзервативците. Доволна причина за Ципрас да предвиди пресврт. На изборниот митинг во Кожани еден ден пред изборите Циупрас дури и се шегуваше на сметка на конзервативците. „На почетокот сакаат да победат со петнаесет проценти предност, потоа се симнаа на седум, па дури и пет, но сега одеднаш се во паника“, рече Ципрас пред своите поддржувачи.
Според опозицискиот политичар Цидорас, не е соодветно, но е разбирливо: „За првпат по четири години, Грците одат на гласање на избори на кои доминира внатрешната политика“, објаснува тој.
Останува уште прашањето како меѓународните кредитори ќе реагираат на социјалното добродетелство на Ципрас. Во летото 2018 година Атина беше ослободена од програмата за спас, но таа останува под надзор и се очекува во следните години да генерира примарен суфицит во буџетот, надвор од трошоците за сервисирање на долгот. На почетокот на јуни Европската комисија ја објави својата прогноза за висината на примарниот суфицит. Првиот човек на грчката централна банка Јанис Стурнарас посочи дека нема простор за дополнително олеснување. По средбата со европските министри за финансии во четвртокот, шефот на европскиот фонд за спас (ЕСМ), Клаус Реглинг изрази одредена „загриженост“ околу тоа дали земјата ќе го постигне планираниот суфицит за годинава.
Политичарот од Сириза, Стелиос Кологлу не гледа причина за вознемиреност. „Единствените добри вести за Европа во моментов доаѓаат од Грција – без разлика дали станува збор за закрепнување на економијата или пак за компромисот во спорот за името со нашиот северен сосед“, вели Кологлу.
Ципрас има проблеми за најавените избори во кус рок. Самиот предложил н една од последните владини седници да не се дозволи дополнително непочитување на независноста на судството и на Уставот и законите и разграничување на надлежностите. При тоа се мисли на изборот на претседател на Врховниот суд, јавен обвинител и тројца потпретседатели на Уставниот суд на Грција, брифирале грчките владини извори.
Грчката Влада на вонредната седница што траела над четири часа, зад затворени врати, донесе одлука за избор на новите челници на највисоките судови.
– Од етички причини, но и поради демократската чувствителност, побарав од министерот за правда да испрати писмо до опозицијата за да се најде консензуално решение, рекол Ципрас и додал дека побарале од Нова демократија да биде постигнат консензус во изборот на претседателот на Врховниот суд, јавниот обвинител и потпретседателите на Уставниот суд, за да не може во иднина опозициската партија да тврди дека судството е поврзано со актуелната Влада.
Ципрас упатил остри критики до Нова демократија, велејќи дека со неприфаќањето на предлогот од Владата за заедничка одлука, опозициската партија „потврдила дека во никој случај не ја интересира ниту независноста на судството, ниту почитувањето на Уставот и законите“.
– Таа сонува за враќање на власт со цел да ги контролира клучните институционални алки, за нелегитимно да ги заштити своите интереси, но и да се одмазди, рекол Ципрас пред министрите.
Одлуката на грчката Влада да го заврши процесот на избор започнат на почетокот на мај, наиде на остри критики од опозициските партии во Грција.
Нова демократија смета дека изборот е противуставен и нелегален, бидејќи во земјата набрзо ќе се одржат парламентарни избори и ја одби поканата на министерот за правда на Грција, Михалис Калогиру, за договор околу следниот претседател на Врховниот суд, јавен обвинител и тројцата потпретседатели на Уставниот суд.
(Користени матријали на Вашингтон пост, Дојче Веле и од други медиуми)