Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЦИПРАС: МНОГУ СЕРИОЗНИ И ОПАСНИ ЌЕ БИДАТ ПОСЛЕДИЦИТЕ АКО ЕУ ДОЖИВЕЕ НЕУСПЕХ НА БАЛКАНОТ

October 16, 2024 Filed Under: Македонија

На раководството на Европската унија мора да му биде јасно дека ако не успее во своето соседство, тогаш нема да има кредибилитет да биде силен меѓународен актер во остатокот од светот – амета поранешниот грчки премиер

ЗАГРИЖЕН Ципрас одново се покажа како далекуглед аналитичар на стварноста на континентот

Ако ЕУ доживее неуспех на Балканот, последиците за сопствената стабилност и безбедност ќе бидат многу сериозни и многу опасни, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, говорејќи како претседавач на Комитетот на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Западен Балкан за време на денешниот состанок во Белград, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас ја отвори работата на Комитетот заедно со претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ и се осврна на европската перспектива на Западен Балкан и проширувањето на Унијата.

– На раководството на Европската унија мора да му биде јасно дека ако не успее во своето соседство, тогаш нема да има кредибилитет да биде силен меѓународен актер во остатокот од светот. И што е најважно, ако ЕУ не успее на Балканот, последиците за сопствената стабилност и безбедност ќе бидат многу сериозни и многу опасни, истакна Ципрас.

Додаде дека сите „го знаат големиот потенцијал на нашиот балкански регион и големиот потенцијал на нашите народи“.

Посочи дека ова е првпат Комитетот да се состанува на Западен Балкан и изрази надеж дека во иднина вакви состаноци ќе се одржат и во други метрополи од регионот.

-Како што нагласив на нашите последни состаноци во Стразбур и Париз, со надевам дека ќе можеме да свикаме и други состаноци на Комитетот во другите главни градови од регионот.Преку овој обид, Комисијата навистина може да стане движечка сила во Собранието за поддршка на процесот на европска интеграција на Западен Балкан, отворајќи нови патишта за парламентарен дијалог, додаде Ципрас.

За актуелната ситуација во светот рече дека според него дестабилизацијата делумно се влошува и поради тоа што“ не развиваме нова безбедносна архитектура, односно неопходни дипломатски алатки и регионални иницијативи, што ни се потребни за да ги заштитиме нашите граѓани и да обезбедиме мир и стабилност во овој нов период од светската историја“.

Посочи дека е важно Европа да ја искористи целата своја дипломатска сила за мир во Украина и завршување на инвазијата, но и да има прекин на огнот на Блискиот Исток и ослободување на заложниците.

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet