Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЦРВЕНАТА АРМИЈА- ОСЛОБОДИТЕЛ ИЛИ ОСВОЈУВАЧ НА БУГАРИЈА?

September 16, 2019 Filed Under: Свет

Дали Советскиот Сојуз пред 75 години ја окупираше Бугарија или ја ослободи таа земја од фашизмот? Москва и Софија остро спорат за ова прашање. Сега, по повод една изложба, изби и дипломатски конфликт.

АЛЕКСАНДАР АНДРЕЕВ

ЦРВЕНА АРМИЈА Советските трупи не наидоа на сериозен отпор во земјата која потоа стана најверна сојузничка

Пешак преминува преку опасна раскрсница. Од десно со голема брзина му приоѓа кафеав Опел. Од лево со уште поголема брзина одненадеж се појавува Москвич кој удира во едниот пешак и го претвора Опелот во купишта железо. Пешакот останува врзан за инвалидска количка 45 години. 30 години потоа, новите сопственици на Москвичот организираат изложба под мотото ‘Како Москвичот го спаси пешакот од Опелот’“.
Така сликовито ги опишува драматичните настани во Бугарија пред 75 години и нивниот одек денеска, политикологот Даниел Смилов.

На петти септември 1944 година, Советскиот сојуз ѝ објави војна на Бугарија, која дотогаш беше на страната на Германија, депортираше Евреи и стори низа злосторства. На 8 септември истата година, Црвената армија ја окупираше земјата. Еден ден подоцна, на 9 септември 1944, неколку офицери и комунисти со пуч ја урнаа легитимно избраната влада. Во следните 45 години земјата беше верен сателит на Москва. До 1989 година, официјалното толкување во Бугарија и СССР беше дека „Славната Црвена армија ја ослободи Бугарија од фашизмот“.

НАБРЗИНА СТАВЕНИ ПЕТОКРАКИ Бугарските војници ги покрија националнит ебелези со црвени петокраки и станаа вазали на новиот сојузник – СССР

На 75. годишнина од тој настан, рускиот културен центар во Софија денеска отвора изложба под име „Ослободувањето на Бугарија“. Таа е дел од серијата „75 години од ослободувањето на источна Европа од нацизмот“, која ја организира Москва во повеќе држави.

Бугарското Министерство за надворешни работи невообичаено остро реагираше на изложбата. „Без доведување во прашање на придонесот на СССР во победата над нацизмот во Европа, не смееме да ги затвораме очите пред фактот дека бајонетот на советската армија половина век во источна Европа значеше само репресии, ограничување на граѓанската свест, деформирање на економскиот развој и изолација од динамичниот развој во напредните европски држави“, беше наведено во реакцијата на МНР. Притоа, официјална Софија побара од руската амбасада да не ја поддржува „проблематичната историска теза (‘ослободување’).

ПРЕЧЕК Бугарското население во септември 1944 година се сети на заслугите на Русија за создавањето на нивната држава

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet