Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЦРВЕНКОВСКИ: ПО ГОРЧЛИВИОТ КОМПРОМИУС ЗА ИМЕТО НАСТАНА ГОРЛИВ ШОК ОД ЕУ

March 2, 2020 Filed Under: Македонија

Дали постои барем една рационална причина зошто граѓаните од регионот не би патувале поевтино, полесно би се вработувале и занимавале со бизнис – смета експретседателот на РСМ

МИНИ ШЕНГЕН Процесот, како и да се вика е добар – оценува Црвенковски

Иницијативата „Мини Шенген“ е добра за граѓаните и економската интеграција во целиот регион на Западен Балкан, но некои земји не учествуваат поради суетата и сметаат дека е тоа за врзување со Белград, оценија поранешни високи официјални претставници на земјите на Западен Балкан на „Копаоник бизнис форумот“. На специјалниот настан „Визија на Западен Балкан до 2030 година“, само поранешниот претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ изјави дека иницијативата „Мини Шенген“ е терминолошки погрешна, како и дека регионалната интеграција е можна само доколку учествуваат сите шест земји од регионот.

„Чинот е добар, но начинот е лош. Тоа е идеја што е ’нарушена’ при создавањето на нешто што им е потребно на сите“, изјави Вујановиќ.

Поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски на дебатата праша „дали постои барем една рационална причина зошто граѓаните од регионот не би патувале поевтино, полесно би се вработувале и занимавале со бизнис“.

„Оваа иницијатива треба да создаде една структура како дел од европските интеграции. Без оглед на тоа што мислиме, да сме лидери на регионот, ние мора да разбереме, од гледна точка на Брисел, Берлин, Париз, дека при градење на долгорочна стратегија, таа се прави за Западен Балкан, а не за одделни земји“, кажа Црвенковски.

Тој посочи дека 10 години пред потпишувањето на Преспанскиот договор, Европската Унија давала препораки дека Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ сè додека не се реши спорот со Грција.

„Тогаш беше направен горчлив и тежок компромис и кога тоа се случи, настана горчлив шок“, изјави Црвенковски.

Притоа истакна дека ова предизвика големо разочарување кај граѓаните, што го поткопа кредибилитетот на властите и причина е за скорешните предвремени парламентарни избори во Северна Македонија.

ПОДДРШКА Хрватска нa самитот истакна дека ја поддржува Македонија во пристапните преговори

– Се испостави дека ЕУ не држи до својот збор и не ги исполнува своите ветувања“, истакна тој, додавајќи дека тоа испраќа лош сигнал за решавање на други отворени и тешки прашања како што е односот меѓу Белград и Приштина, но и структурата на власта во БиХ.

Црвенковски посочи дека сега се говори оти ЕУ е нефункционална во донесувањето одлуки и дека проширувањето само би го искомплицирало сето тоа.

„Без оглед на ставот на ЕУ што ќе одлучи, дали местото на Западен Балкан е во ЕУ, ние мора да продолжиме со реформите и да го продолжиме европскиот курс за доброто на граѓаните и нивната иднина“, оцени Црвенковски.

Поранешниот член на претседателството на БиХ, Младен Иваниќ, на дебатата оцени дека односите во регионот не се добри, а за иницијативата „Мини Шенген“ кажа дека „едноставно некои земји во регионот не ја сакаат, дека се навредени и сметаат дека тоа е врзување за Белград“. Иваниќ изјави дека ЕУ не е искрена кога вели дека перспективата на Западен Балкан е во Европа.

„По Хрватска со децении нема да има проширување на ЕУ и тоа што се случува со Северна Македонија зборува за тоа. Јас сум реален и постои критика кон новите членки на ЕУ“, заклучи Иваниќ.

Поранешниот министер за надворешни работи на СРЈ и Србија и Црна Гора, Горан Свилановиќ истакна дека процесот на „Мини Шенген“ е добар и сите треба да се вклучат во него. Свилановиќ нагласи дека има силни сигнали за поголемо разбирање и оти е неопходно воспоставување на регионална економска соработка, поради што иницијативата „Мини Шенген“ е добра и ги зајакнува економските врски.

Албанскиот претседтел од 2002 до 2007 година, Алфред Мојсиу, коментирајќи ја иницијативата „Мини Шенген“, кажа дека тоа е само „едно големо име, што предизвика одредена дискусија и критика“. Мојсиу истакна дека иницијативата опфаќа многу од проблемите со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и оти затоа во регионот има потреба да се воведе „Мини Шенген“ со цел да се поврзат толку многу граници во регион кој има околу 20 милиони луѓе.

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet