Црквата „Свети Стефан”е изградена во 1896 година, по добивањето на султанскиот ферман во 1890 година, на местото на поранешната мала Дрвена црква. Архитектот, ерменецот Хофсет Азнавур, предложил црквата целосно да се изгради од железни елементи, заради лошиот терен кој не бил безбеден за изградба со класичен материјал. Интересно е што македонските инвеститори од 19 век веднаш биле подготвени да инвестираат во промена на најнови светски технологии на тоа време
Православната црква „Свети Стефан“ во Цариград позната како Железна црква, која пред 1912 година била изградена со парите на охриѓаните, ресенчаните, велешаните и мецени од Егејска Македонија. Исто така, малкумина знаат дека во дворо на црквата се погребани многумина познати историски фигури меѓу кои и и Партеније Зографски кој бил првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници и од 19 век во Македонија и прв македонски митрополит
Нашето слепило, нашето омаловажување посебно на нашето градителско наследство и нашата негрижа кон нашите дејци, остава простор некој друг да ја препишува историјата и таа да ја презентира како своја. Црквата „Свети Стефан”е изградена во 1896 година, по добивањето на султанскиот ферман во 1890 година, на местото на поранешната мала Дрвена црква. Архитектот, ерменецот Хофсет Азнавур, предложил црквата целосно да се изгради од железни елементи, заради лошиот терен кој не бил безбеден за изградба со класичен материјал. Интересно е што македонските инвеститори од 19 век веднаш биле подготвени да инвестираат во промена на најнови светски технологии на тоа време, како што се префабрикувани лиени железни делови!? Проектот за црквата „Св. Стефан“ бил готов 1893, а потоа на тендерот за реализација работата ја добива австриската фирма “Вагнер”. Тоа е истата фирма која ги има реализирано градежните проекти: покривот на дворот на Британскиот музеј во Лондон и куполата над берлинскиот Рајхстаг.
Железните елементи за црквата биле пренесени со стотина бродови од Виена по Дунав и Црно Море за Цариград, а склопувањето траело три години. Архитектонскиот стил на црквата е барокна и е слична на некои реализации на Андреа Дамјанов. Денес само неколку цркви во Австралија и македонската инвестиција во Цариград го чуваат споменот на црковното градителство во лиено железо во светот!
Самата црква е посветена на кнезот Стефан Богориди, а неговите мошти се наоѓаат во олтарот иако тој бил висок и влијателен офицер на отоманската империја. Богориди е роден 1775 г. во Котон, денешна Бугарија, а умира 1859 г. во Цариград. Го подржувал Горги Раковски, пријател и соработник на Константин Миладинов, и организатор на тајното македонско друштво во Атина. Во дворот на црквата се погребани многу познати личности како црковните дејци: Илирион Мак е дејци: Илирион Макариополски, Авк лски, Авксентиј Велешки, Паисиј Пловдивски, к сентиј Велешки, Паисиј Пловдивски, како и Пар о и Партенија Зоографски, к Зоографски, кој е првио ој е првиот македонски ар едонски архимандрит произведен од страна на цариградскио химандрит произведен од страна на цариградскиот патријарх, за потоа да биде поставен за еписк оа да биде поставен за епископ на По оп на Полјанската епар та епархија. Тој е автор на многу дела со кои се создадени темелите на граматиката на македонскиот јазик.
Партенија Зографски ги систематизира разликите помеѓу бугарскиот и македонскиот јазик на научна основа. Иако црквата „Св.Стефан“ е изградена од македонскиот верски и градежен занес, иако во нејзиниот двор е погребан првиот македонски владика, сепак како да е изоставена од македонската културна оставнина. Добро е барем што вредностите кои ги остави македонскиот занес се со такво ниво што светското културно наследство не може, а да не се погрижи за нив. Колку ли има македонски дејци, сјајни автори и споменици на македонската историја кои остануваат невидени и непознати за нас наследниците во оваа денешница? Македонија не ќе може да биде Македонија ако сите сјајни делови од нејзиното културно наледство им ги препушти на чување на другите. Македонија мора да ги знае и да ги чува. Затоа почит кон сите оние кои дале свој допринос во градењето на македонската културна оставштина насекаде во светот и на сите оние кои се грижат за неа.
Кнезот Стефан Богориди роден како Стојко Цонков Стојков .На гќки се изговара какоСтефанос Вогоридис, на турски Стефнаки Беј, на романски Стефан Вогориде бил видоко потавен османски државник.
Роден е во месноста Котел в семејството на Цонко и Гана Хаџи Танасови. Татко му бил моќен трговец со добиток, важен набдител на храни за османлиската армија за време на Руско-турска војна от 1787 – 1792 година. Дедо му по таткова линија бил срески свштеник Стојко Владиславов, кој подоцна станува епископ Софроние Врачански.
Името Богориди му е дадено нему и на брат му Атанас во чест на княз Борис Крстител, познат и како Богорис. Стефан Богориди учи в грчко училиште „Свети Сава“ во Букурешт каде го менува своет име Стојко во грчкото Стефан. По сугестија на фанариотското семејство Мурузи станува доброволец во осмнлиската флота.
Во битка со наполеоноватав флота, единицата каде служи претрпува голем пораз е тој случајно е спасен о деден бритнски брод. Меѓу 1825 и 1828 г. е изпратен во заточеништво во Измит (Никомедија), Мала Азија.