Група аналитичари – Црна Гора како геополитички најзначаен руско-српски хибриден фронт
Политичкиот аналитичар Андреј Николаидис ја коментираше ситуацијата во Црна Гора откако на неодамнешната седница на Парламентот дојде до откажување од рушење на владата. „Пратениците се откажаа – 27 пратеници од власта предложија предвремено да се оди на избори, па владата на Здравко Кривокапиќ е во ситуација да ја поддржуваат само 14 од 81 пратеник“. Се уште не е јасно зошто владата не падна, вели тој ама додадава – „една стара кинеска поговорка вели дека има повеќе начини да се одере мачка“.
Николаидис, претпоставува дека пред овие предвремени избори на сцена ќе излезе новата малцинска влада на Дритан Абазовиќ, со премолчена поддршка на опозициската ДПС на Мило Ѓукановиќ. „Политичката нестабилност ќе остане и по изборите, кои тешко дека ќе донесат нови односи. Но, Американците ја гарантираат безбедноста на Црна Гора како членка на НАТО и во овие околности, по 30 години стабилност на владата на ДПС, нестабилноста може да биде чекор кон воспоставување вистинска демократија!“ – вели овој новинар.
Според Михајло Терзиќ, црногорски интелектуалец од Белград, „минатогодишните политички процесии на СПЦ во Црна Гора всушност беа малигна хармонија на етно-филетизмот и фашистичкиот етноцентризам“.
За што всушност се работи во Црна Гора? За, стратегијата на Владата на Србија за тоа како точно треба„ да се интегрираат сите Срби во регионот“. СПЦ одигра клучна улога во таа стратегија како единствена легитимна прекугранична институција. Таа го покрена обвинението со тезата дека е загрозена СПЦ, дека се загрозени верските права, а во тоа се уверија и американската амбасада во Подгорица и другите западни актери, кои ја поддржаа идејата за отстранување на 30-те години непречена власт на Ѓукановиќ. Меѓутоа, прашањето е – дали приоритетот за отстранување на интервенцијата на Руската Федерација и Србија во Црна Гора – во внатрешните работи на државата или промената на власта во дадениот момент беше приоритет?!
Според Соња Бисерко, претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија, Западот не ја реши добро дилемата. Имено, тој се сврте против ДПС на Ѓукановиќ, а тоа значеше и кон големосрпската страна. Така, овозможи воведување на Црна Гора во прилично хаотичен период во кој беа поништени многу работи кои претходно беа направени. Впрочем, колку и да се заклучува дека, колку и да беше ДПС на власт, не може да биде исклучена од идните политички комбинации, бидејќи, нема друга опозициска партија која има моќ да го преземе водството во Црна Гора.
Имено, Западот конечно сфатил дека српските служби ги креирале и надгледувале сите три партии од коалицијата која е владеачка коалиција во Црна Гора.
Неодамнешниот срам на поединци поврзани со потсетување на (комеморација) наубиството на загрепското семејство Зец зборува елоквентно за виталноста на идејата за Голема Србија и во Хрватска, како што истакна претседателот на Република Хрватска. .
Но, вреди да се истакне мислењето дека, освен гореспоменатиот „преден план“, на наведеното изразување на пиетет може да се гледа на ова и како обид за дестабилизација на хрватската влада. Имено, постоеја сомнежи дека „одредени создавачи на хаос“ сакале да го „преминат низ калта“, или да го „доближат“ до себе – вицепремиерот на Хрватска, бидејќи е разумно да се претпостави дека не знаел детали за етничка припадност на членови на семејството, ликвидирани од припадници на уиформираниот резервниот персонал на МВР на Република Хрватска!
Регионот на Западен Балкан мора да се наметне и на ЕУ и на САД, не само со своите проблеми и тешкотии, туку и со своите решенија. Во овој контекст, Западот генерално ја доживува Србија како клуч за решенијата, но и за проблемите, свесен дека таа има најголемо стабилизирачко и дестабилизирачко влијание и потенцијал, во споредба со другите земји во регионот.
Со оглед на тоа, големите меѓународни играчи преговараат со „каков-таков“ Александар Вучиќ – затоа што тој е лидер на Србија (најголемата земја во регионот со 7 милиони жители), но засега српските власти упорно одбиваат да „испорачаат“ решение прифатливо за Западот!
Во овој контекст, индикативни се и наводите на Никола Самарџиќ, професор на Филозофскиот факултет во Белград, кој повтори дека Вучиќ втил многу работи, па и средување на проблемот со Косово, стабилизирање на финансиите..Ито така ветил дека во однос на Црна Гора, ветил дека „ќе ја прекине поддршката за локалниот ибеовско- клерикален српски иредентист и ќе ја почитува црногорска независност, и тој се согласил со сè.
Професорот додаде дека постои јасна вертикала на сите процеси на службаѕа за безбедност, под големосрпски надзор, што може да се сведе на следново: пренасочување на транзицијата кон безбедносните служби и државните магнати, зачувување на замрзнатите конфликти во регионот и оневозможување Србија и соседите да влезат во ЕУ и НАТО.
Вучиќ за професорот е „руско кукавичко јајце вметната во гнездото на наивните западњаци“.
Затоа, од овие причини, разумно е да се заклучи дека на крајот стабилноста и европската иднина на Југоисточна Европа допрва ќе го дефинираат договорот меѓу Западот (САД и ЕУ) и Русија, а дотогаш на полето на СБ ќе се потроши уште една или голем број на генерации!