Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЦРНА ГОРА ПРЕД БАНКРОТ ЗАРАДИ АВТОПАТОТ КОЈ ВОДИ ОД НИКАДЕ ДО НИКАДЕ

July 13, 2021 Filed Under: Свет

Автопатот што се заканува да ја банкротира црногорската економија почнува на ридовите во околината на Подгорица, а засега завршува во зафрлен планински терен источно од градот

ВИСИ ВО ВОЗДУХ Црна Гора не може да го продолжи автопатот а ќе враќа кредити

Автопатот што го гради кинеска државна компанија не е довршен, па возилата го користат стариот пат, што поминува под него. Тој исто така сè уште не е платен. Првата рата од заемот од милијарда долари од кинеска државна банка пристигнува на наплата овој месец и нејасно е дали Црна Гора ќе може да си го дозволи тоа, имајќи предвид дека поради овој проект, државниот долг порасна на повеќе од 100% од бруто домашниот производ.

„Најтрагично од сè е што и кога ќе биде довршен, патот нема да води никаде. Имаме шега која вели дека ова е автопат од никаде до никаде“, вели министерот за правда на Црна Гора, Драган Шоќ.

Оваа 40-километарска делница е дел од предложениот автопат од 432 километри, што би одел од пристаништето во Бар до Белград. Сегашната влада на Црна Гора вели дека првата секција создала толку многу долгови, што не е во можност да го изгради остатокот од автопатот. „Ова нема да го плати само сегашната, туку и идни генерации. Но, проблемот не е во Кина. Ова е наша лоша одлука“, вели Шоќ.

(Да потсетиме патем дека автопатот Кичево – Охрид требаше да чини 374 милиони евра, но цената достигна 600 милиони евра, се вели во анализата на Институтот за демократиј во анализата „За евтините кинески кредити“).

Договорот за изградба на автопатот беше потпишан во 2014. Според него, ако Црна Гора не ѝ исплати на кинеската банка „Експорт-импорт“ на време, таа има право да заплени земјиште во државата, под услов потоа да не се користи за воени или дипломатски цели.

НЕ СЕ ВИНОВНИ КИНЕЗИТЕ Драган Шоќ, министер за правда во Подгорица ги објаснува работите

„Црна Гора со години имаше во план да го изгради овој автопат, но европските банки не беа заинтересирани да ѝ позајмат пари, зашто не веруваа дека ќе може да ги врати. Никој не може да разбере што добива Кина со тоа што влезе во проектот“, вели Милица Тодоровиќ, претседателката на Центарот за демократска транзиција.

Според аналитичарот Стефан Владисављев, ова беше шанса за Кина да го зголеми своето влијание во регионот, кога веќе ЕУ не сакаше да ѝ помогне на Црна Гора.

„Ова е лесен начин да навлезе на европска територија и да го прошири своето влијание“, смета Владисављев.

И Кина го прави тоа веќе со години. Го купи пристаништето во Пиреја кај Атина и го претвори во второ најголемо на Медитеранот и гради милијарди долари вредни автопатишта и железнички пруги. Меѓу нив е и автопатот Кичево-Охрид, чија изградба доцни веќе четири години и чија цена порасна од 374 на 600 милиони евра.

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet