Оваа банка беше предмет на сериозна истрага на СЈО заради начинот на кој ВМРО ДПМНЕ се обиде да го префли со трик на своите долгогодишни финансиери оваа Банка. Акциите о овој дил беа поништени со активност на гувернерот Гошев. Па, потоа паднаа „во дворот“ на семејството Костовски како награда за претходен лош влог! Една типична транзициска приказна!
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Се сеѓавате ли на случајот кога со пари од Поштенска банка се купи самата банка? Веројатно не ама тоа беше случај кој го вдеше СЈО врз основа,м главно на телефонски рзговори, дел од „бомбите“. Снимениот материјал е од 2001 година кога поранешниот ексградоначалник на Кочани и бизнисмен Ратко Димитровски и Тони Гламчев од Конфекцијата „Ноел“, кои, со знаење на двајца премиери – Љубчо Георгиевски и Никола Груевски (во тој миг само министер за фуинансии) се оствари тој фамозен дил. Демек овие ептен видни партиски доброчинители си зеле кредит од Поштенска банка, со одобрување на Коле Смилевски, генерален директор во истата и си ја го купиле кредитодавачот! Познато е дека на овој директор му се врати пасошот во време на истрагата, дека другите двајца, купувачите требаа да се јавуваат во судот и т.н. бидејѓи судот одби притвор за именуваните,. Ова се случило кога гуивернер на НБМ беше Љубе Трпевски!
Да не го отвораме до крај сега овој случај, бидејќи, овој вовед само укажува колку Поштенска банка носи несреќи во себе, фигуративно како некоја црна мачка да чучи во нејзините простории.
Деновиве се објави дека Еуростандард банка, која во 2005 година го презеде управувачкиот пакет во Поштенска ќе треба да стави клуч на врата. Овој чекор се случува во време кога Петар Гошев, кој се јави со свое гледање на работите по повод актуелната афера, бил гувернер на НБМ..Со супервизија Гошев утврдил дека е прекршен Законот, им наложил на кредитобарателите да ги вратат акциите. Добро упатени извори во овој случај за „Независен весник“ пред две години велат дека двајцата бизнисмени однапред знаеле дека нема да го вратат кредитот, што и се случило, и по сила на законот Еуростандард банка станала сопственик на тие акции. Кривичнта на Гошев ја одбил јавниот обвинител Прчевски – се прогласдил за ненадлежен (!), функционерот кој треба да гои штити јавниот интерес.
Инаку новите купувачи на Банката – Димитровски и Гламчев, инаку се обиделе да ги прикријат трагите со постапка за докапитализација, Мислеле да издадат акции за познати купувачи (Тиквеш, Жито Скопје, Бетон…) кои требале да пробаат да го искористат истиот рецепт“ – со пари на Поштенска да купат капитал на Поштенска! Се чини дека тука можеби и со истрагата не е многу буричкано. Инаку, трикот се надополнува со пренос на побарувања кои ги имала Поштенска кон споменатите фирми, кои ниту „лук јале, ниту лук мирисале“. Просто „им се просреќило“..
Како влегува Еуростандард банка во овој дил! Па се чини преку давање на кредити на именуваните како хипотека биле ставани акции од Поштенска. Така, „Независен“ во својата истрага од пред две години , потпирајќи се на свои извори,тврди дека одговорност има и кај Еуростандард банка, бидејќи банката била должна да провери кому и како му дава кредит. Но, од лош пласман, во дворот на семејството Костовски паднале акциите кои биле гаранција?! Таа го има контролниот паке, државата една третина и златна акција.
Секако дека потоа Поштенска потоа влегува .во своњевидна организациона ренесанса. Тоа што сопственикот Трифун Костовски се фали со 330 експозитури всушност гопвори за поштенски експозитури. Колку што можеше да се види од сопствени искуства, заради хрониката на поштенското штедење, Костовски се добива простор за работење адекватно раширен во земјата, државата ги плаѓа поштенските службеници (!) па и евентуалните инвестиции во објектите а тие на клиентит им даваат да полплнат испратници преку Еуиростандард! Каква фортуна!
Навистина, поштите станаа хтит на крајот на мионатиот век и продолжија во првото столетие на овој. Франција прва објави дека поштите се главни во работењето со населението и прават зачудувачки промет. На луѓето одноставно им беа подиостапни од големите банки, често таму побрзо се одвиваше прометот (најчесто плаќање на сметки) и така секојдневието носеа многу клиенти. Оттука и омиленоста на Еуростандард банка кај пензионерите, секако, кои одбраа да бидат верни на оваа финансиска институција.
Поштенска банка стекна комплетна сопственост на Еуростандард банка. Банката во сопственост на Трифун Костовски, која поседуваше две третини од Поштенска, во 2014 година. Беше купена последната третина, која до тогаш беше во државна сопственост.
Што се случи во овие шест години па од добра ситуација со комплетното преземање на Поштенска и со договорот со Македонска пошта, да не ја сочува Еуростандард банката? Доста работи кажа самиот Трифун Костовски на прес конференцијата, некои работи и детали излегоа и од
изјавите на одговорите од НБМ, па е сосема јасно дека постоеле обиди за спас на Банката подолго време, дека имало лоши крупни пласмани, кои некаде не донеле ниту денар поврат, со што секако капиталот на Еуростандард липсувал.
„Гувернеката ја донесе единствената исправна одлука за Еуриостандард банка во даденаа ситуација“ – изјави викендов поранешниот гуивернер Димитрија Богов. Знаејќи ја ситуацијата во Еуростандард банката последните години (тој беше гувернер во периодот 2011 – 2018), јасно е дека Наропдна банка ги исцрпе сите можности за подобрување на состојбите во Банката“ – рече тој. Нему не може да му се забележи дека политички пристрасен во однос на разрешниоцата која настана за овој случај.