Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЦРНОБУКИ ГО ПРИВЛЕКУВА ИНТЕРЕСОТ

June 10, 2025 Filed Under: Ревија

Ново откритрие на македонските археолози – остатоци од родниот град на Евридика, бабата на Александар Македонски, во близина на битолско село. Во истражувањето се приклучува иархеолог од САД со македонско потекло

РИДОТ ГРАДИШТЕ На ова возвишување со посебни уреди се истражува што се постои под земјата

Месноста Градиште одамна го прилекува вниманието на научката бидејќи според претпоставките на дел од научната јавност (проф.Микулчиќ) тоа е веројатно градот на последниот крал од лозата на Персеидите. Се сметало дека тука постоел цел и импозантен град со тврдина доволна да го одбрани градот од посотјаните римски напади.

Во псоледнот време обновени се ископувањата на местото каде бил овој град, во близина на битолското село Црнобуки . Артефактите пронајдени на локацијата го датираат градот од времето на животот на Александар Велики, иако некои експерти сугерираат дека луѓето можеби ја окупирале областа уште во бронзеното доба. Античкиот град можеби е изгубениот главен град Линкус – родното место на Евридика, бабата на Александар Македонски.

Пред ова откритие археолошкиот локалитет Градиште беше означен како воена станица од 3 век п.н.е. во времето на кралот Филип V. Но последните откритија на заедничкиот истражувачки тим на НУ Заводот и музеј-Битола и Државниот политехнички универзитет во Калифорнија, Хумболт (Кал Поли Хумболт) открија многу подлабока историја.

Овие истражувања почнаа со употребата на Лидар радарот чии сигнали продираат длабоко во земјата. Првите ископувања покажуваат дека тука имало жив урбан центар од бронзеното доба (околу 3.300–1.200 п.н.е.). Тука досега се пронајдени камени секири, фрагменти од керамика, алатки за обработка на текстил, па дури и фрагмент од глинена карта за театар – предмети што укажуваат на богато, софистицирано општество.

Првите наоди беа регистрирани пред 15 години и местото било идентификувано како утврдување изградено од кралот Филип V Македонски за одбрана од Рим. Но, резултатите од скенирањето со Лидар открија цел град под земја. Меѓу откритијата се наоѓаат монети од времето на Александар Велики, што ја поместува хронологијата на градот наназад до 325–323 година п.н.е.

Пронајдените предмети укажуваат на богато, софистицирано општество. Само акрополата се простира на површина од околу 28.000 квадратни метри.

Професорот по антропологија и археолог од Кал Поли Хумболт Ник Ангелоф сугерира дека градот можеби бил изгубената престолнина на кралството Линкус и можно родно место на кралицата Евридика I, бабата на Александар Велики. Откритието фрла ново светло врз комплексните мрежи на моќ и трговија во античка Македонија.

СЕЛСКА ЧЕШМА Фигурата на чешмата е некаде од пред нашата ера!

„Ова е откритие кое се случува еднаш во животот. Тоа ги истакнува сложените мрежи и структурите на моќ на античка Македонија, особено со оглед на локацијата на градот долж трговските патишта до Константинопол. Дури е можно историските личности како Октавијан и Агрипа да поминале низ областа на нивниот пат да се спротивстават на Клеопатра и Марк Антониј во битката кај Акциум“, додаде Ангелоф.

„Тоа е цивилизација која одигра голема улога во денешното разбирање на светот и желбата да се поврзат различни цивилизации и култури. Сите овие студии се само мал дел од истражувањето на раните европски цивилизации. Јас го гледам како голем мозаик, а нашите студии се само неколку камчиња во тој мозаик. Со секоја наредна студија се поставува ново камче, додека еден ден не ја добиеме целата слика“, вели Енгин Насух, кустос-советник археолог во НУ Заводот и музеј-Битола.

НАОЃАЛИШТЕ Ова е дел од ископаното богатство

Во VII век п.н.е., Линк бил главен град на Линкестида горномакедонска област што се протегала по средниот тек на р. Еригон (Црна), во јужниот дел на Пелагонија (Битолско-леринската рамнина), со планината Баба на запад, јужниот дел на висорамнината Мариово и Кајмакчалан на исток. Тука живеело горномакедонското племе племе Линкести. Линк бил родното место на Евридика, бабата на Александар Македонски. Синот на Евридика, Филип II Македонски, го освоил Линк во 4 век п.н.е., внесувајќи ја независната држава во Кралството Македонија. Ова ја постави сцената за неговиот син Александар Македонски да стане крал на македонската империја.

Ник Ангелоф е по потекло од Пелагонија. Тој во гоствање во Неделен магазин изјави дека ужива во престојво преспанскиот крај но дека тука е расботно ангажиран за проектот во кој внесува голема енергија. Истиот се работи со Битолскиот Музеј и со Музејот на славјанската култура од Прилеп.

 

 

Filed Under: Ревија

БЛУМБЕРГ: ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ ЗА МИГРАНТИТЕ
ДАЛИ ДА ГЛАСА ДИЈАСПОРАТА НЕ Е ВИСТИНСКОТО ПРАШАЊЕ
ЖИЖЕК: ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ ДЕКА ДЕНЕШНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ СТАНУВААТ СЕ ПОГЛУПАВИ СЕКОЈ ДЕН!
ЦРНОБУКИ ГО ПРИВЛЕКУВА ИНТЕРЕСОТ
КОГА БИЗНИС И ПОЛИТИЧКИТЕ МОЌНИЦИ СТАНУВААТ УРЕДНИЦИ: ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ КАМЕРИТЕ?(1)

Најново

  • БЛУМБЕРГ: ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ ЗА МИГРАНТИТЕ
  • ДАЛИ ДА ГЛАСА ДИЈАСПОРАТА НЕ Е ВИСТИНСКОТО ПРАШАЊЕ
  • ЖИЖЕК: ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ ДЕКА ДЕНЕШНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ СТАНУВААТ СЕ ПОГЛУПАВИ СЕКОЈ ДЕН!

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet