Според една од студиите од 1974 година, дури 110.000 луѓе – целото население на Тахити и околните острови – можеле да примат доза на зрачење доволна за последователна компензација доколку развиле некој од 23-те вида рак

Француската комисија за атомска енергија (CEA) потроши десетици илјади евра обидувајќи се да ги оспори истражувања што покажуваат дека обемот на последиците од нуклеарните тестови во француска Полинезија во 1960-тите и 1970-тите години бил потценуван со текот на годините. Непосредно пред објавувањето на извештајот од парламентарната истрага за овие тестови, истражувачкиот портал Дисклоз, во соработка со весниците Ле Монд и Градиан, објави документи што укажуваат дека CEA водела организирана кампања за дискредитација на тие наоди.
Француската комисија за атомска енергија (CEA) потроши десетици илјади евра обидувајќи се да оспори истражувања што покажуваат дека обемот на последиците од нуклеарните тестови во Француска Полинезија во 1960-тите и 1970-тите години бил потценуван со текот на годините. Непосредно пред објавувањето на извештајот од парламентарната истрага за овие тестови, истражувачкиот портал Дисклоз, во соработка со весниците Ле Монд и Градиан, објави документи што укажуваат дека CEA водела организирана кампања за дискредитација на тие наоди.
Книгата „Токсично“ од 2021 година, која испитува само шест од 193-те нуклеарни тестови што Франција ги спроведе од 1966 до 1996 година на атолите (корални острови) Муруроа и Фангатауфа, се базира на 2.000 страници декласифицирани документи и бројни интервјуа за потенцијално зрачење и развој на рак кај населението. Заклучокот од книгата е дека тестовите контаминирале значително повеќе луѓе отколку што Франција досега признала. Една година подоцна, оваа комисија испечати 5.000 примероци од својата брошура со наслов „Нуклеарни тестови во Француска Полинезија: Зошто, како и со какви последици?“ и ги дистрибуираше низ островите.
Како дел од операција вредна многу пари, CEA испрати четиричлена делегација в фанцуска Полинезија, каде што тие се сретнаа со локалните власти и дадоа интервјуа за медиумите. Во брошурата, CEA тврдеше дека нуди „научни одговори“ на „обвинувањата“ изнесени во „Toxique“, тврдејќи дека авторите на книгата немаат „исто ниво на експертиза“. Во неа се наведува дека контаминацијата била ограничена и дека Франција отсекогаш дејствувала транспарентно и со почитување на здравјето на локалното население.
Објавувањето на книгата, создадена во соработка помеѓу Дисклоз, Универзитетот Принстон и истражувачката група Интерпрт, предизвика бура во Франција. Набрзо потоа следеа посети на министерот и претседател Емануел Макрон на Полинезија, кој потоа призна дека Франција „му е должна“ на тој регион.

БРОЈКА ОД 110.000 ЗАБОЛЕНИ ЛУЃЕ И 23 ВИДОВИ НА РАК Според една од студиите од 1974 година, дури 110.000 луѓе – целото население на Тахити и околните острови – можеле да примат доза на зрачење доволна за последователна компензација доколку развиле некој од 23-те вида рак. Во книгата се забележува дека CEA со години ги намалува нивоата на зрачење, значително стеснувајќи го бројот на оние кои би можеле да добијат компензација: до 2023 година, помалку од половина од вкупно поднесените 2.846 барања воопшто биле разгледани. Парламентарната истрага, во која учествувале повеќе од 40 политичари, воени лица, научници и жртви, треба да објави извештај до крајот на мај за социјалните, економските и еколошките последици од тестовите – и да утврди дали Франција намерно го криела обемот на контаминацијата.
Воениот оддел на оваа комисија, познат како CEA/DAM, кој е одговорен за создавањето на француската атомска бомба, постојано тврди дека овие тврдења се „неточни“. Сепак, француското тело за нуклеарна безбедност ASNR призна дека постојат „неизвесности во врска со пресметките на CEA“ и потврди пред парламентот дека не е можно да се докаже дека луѓето добиле помалку зрачење од прагот потребен за компензација.
CEA во соопштението наведува дека целта на брошурата била „конкретно да им објасни на Полинезијците“ за тестовите и нивните последици. Тие велат дека брошурата е изработена со „неопходна научна прецизност“ и на „транспарентно заснован на факти“. Винченцо Салвети, поранешен раководител на CEA/DAM и член на мисијата во Полинезија во 2022 година, ги отфрли тврдењата дека брошурата е официјална верзија на настаните или одговор на книгата. Сепак, Салвети потврди дека во брошурата се наведува дека здравјето на жителите на Полинезија е „постојана грижа“ на француската држава и дека Франција дејствувала со „транспарентност без преседан на меѓународно ниво“.
Сепак, истрагата покажа дека CEA/DAM декласификувала само 380 документи од 2019 година, кога Макрон повика на „поголема транспарентност“ – додека војската објави 173.000 во истиот период.
Директорот на CEA/DAM, Жером Демоман, му рече на парламентот дека е „многу веројатно“ денешните нуклеарни тестови „да бидат спроведени според поинаква логика“. Четириесет и шест од француските тестови биле атмосферски, што ги изложило жителите, работниците на локацијата и француските војници во Полинезија на високи дози на зрачење – сè до преминот кон подземно тестирање во 1974 година. Островите денес имаат чести случаи на рак на тироидната жлезда, рак на дојка, рак на белите дробови, како и леукемија и лимфом. Француската војска признава дека до 2.000 нејзини војници можеби биле изложени на доволно зрачење за да развијат рак.
„Терминот „чиста бомба“ предизвика контроверзии, што јас целосно го разбирам. Ниту еден нуклеарен тест што предизвикува радиоактивни последици не може да се смета за чист“, рече Демоман пред парламентот.
(Гардијан)