Секој потрес во билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија, не само што го оневозможува вклучувањето на Бугарите во Уставот туку и игра во интерес на руските цели на Балканот, смета заменик-директорката на Европскиот совет за надворешна политика
Во Скопје има државен бугарски клуб кој е целосно финансиран од Бугарија и кој се нарекува едноставно Бугарски културен центар. Тој функционира многу години и тоа добро, никогаш кон него немало напади. Тоа ќе беше случај и со овие бугарски клубови ако нивното основање и отворање беше усогласено со другата страна
Секој потрес во билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија, не само што го оневозможува вклучувањето на Бугарите во Уставот туку и игра во интерес на руските цели на Балканот, смета заменик-директорката на Европскиот совет за надворешна политика и поранешна советничка за надворешна политика на бугарскиот експремиер Кирил Петков, Весела Чернева.
Таа во интервју за БТВ потсетува на одлуката на бугарското Народно собрание од 24 јуни минатата година, кога бугарските пратеници со големо мнозинство усвоија одредена листа на услови за односите меѓу двете земји да започнат нова фаза. Голем дел од тие услови беше двете страни да почнат да разговараат за нив. Од есента, наместо тоа, се случи токму спротивното, посочи Чернева.
На прашањето што прави Европската Унија во однос на однесувањето на Северна Македонија кон македонските Бугари, говорот на омраза, насилството и нападите врз бугарските клубови, Чернева вели:
„Европската Унија ќе влезе во својата улога (на контролно тело – б.р.) кога Северна Македонија ќе почне да преговара со неа. Северна Македонија сè уште не почнала да преговара со ЕУ бидејќи имаше еден услов и тоа беше еден од најголемите услови, Бугарите во РСМ да бидат вклучени во Уставот. Ова сè уште не се случило. За тоа е потребно мнозинство од две третини од македонските пратеници, а колку што знам, тие гласови сè уште ги нема.
Според неа, за да се постигне оваа промена, во односите меѓу двете земји мора да има соодветен амбиент, а во моментов се забележува ескалација.
„Двете земји се за осуда и виновни. Ако нè интересира судбината на Бугарите во Северна Македонија, задачата на Бугарија е да создаде поволни услови за да можат многу брзо да ги добијат правата што ги сакаме“, смета Чернева.
Чернева е децидна дека грешките на Бугарија се во имињата на културните клубови во Охрид и во Битола.
„Тие се така направени за да ја провоцираат другата страна. Кога отворате еден клуб за тој да биде мост за некакво затоплување на односите, не го правите тоа така што ќе ја вознемирувате другата страна. рече таа.
На прашањето,на кој начин цар Борис Трети ги провоцира Македонците, Чернева вели дека за Северна Македонија тоа е периодот на Втората светска војна.
„Во тој период таму имало окупациски војски, тоа биле бугарски војски. Во историски поглед, секој си има свои чувства. И тука треба да игра улога дипломатијата, да гради мостови, да отвора можности и да се обидува да решава проблеми, а не тие да стигнат до физичко насилство. Во Скопје има државен бугарски клуб кој е целосно финансиран од Бугарија и кој се нарекува едноставно Бугарски културен центар. Тој функционира многу години и тоа добро, никогаш кон него немало напади. Тоа ќе беше случај и со овие бугарски клубови ако нивното основање и отворање беше усогласено со другата страна. Бугарските клубови, како и сите останати клубови, ако сакаме тие да учествуваат во јавниот живот, треба да одговараат на законодавството на таа земја како што ние сакаме тука странските субјекти да одговараат на нашето законодавство,
посочува заменик-директорката на Европскиот совет за надворешна политика.
Ако ние навистина се интересираме за судбината на македонските Бугари, задачата на бугарската држава би требало да биде да создаде пријатни услови за тие максимално брзо да ги добијат правата кои ги бараме, додава таа.