Руската и српската армија на заедничка вежба овој август вежбаа во близина на Санкт Петербург. Во јуни имаа заедничка вежба обете армии имаа вежба во Новоросијск и со единици на белоруската војска. Ова секако треба да го знаат оние кои го критикуваат присуството на единиците на НАТО во земјава.Полемики во Србија околу будењето на младинскиот милитаристички дух во камп на Златибор, правен во руски урнек
ВЕЉКО ПОПОВИЌ
На теренот за обука Луга, кој се наоѓа во близина на Санкт Петербург во Руската Федерација, членовите на 37. механизирана баталјон на Третата армиска бригада вршеа тактичка вежба со бојно стрелање. На вежбата присуствуваа 195 членови на српската армија и 600 припадници на вооружените сили на Русија, со вкупно 200 средства на боева техника.
Армијата на Србија, покрај вообичаената техника на механизираната пешадија, користеле и минофрлачи од 120 милиметри, се вели во соопштението од Министерството за одбрана. Руската армија ги користела самоодните хаубици, ракетните лансери, хеликоптерите Ми-35 и Ми-28N и авионите Су-35С.
Командантот на вежбата и командантот на руската 6 армија, генерал-полковникот Андреј Кузменко, ја оценил работата на улчесниците на вежбата со висока оценка, полковник Горан Стаменковиќ вели дека српската армија има повеќекратна корист од овие воени вежби.
„На непозната територија со слични оружје се провери колку сме во можност да работиме во овие услови со други, странски вооружени сили, рече полковник Стаменковиќ, додавајќи дека во соработка со колегите од Русија врши проверка на процедурите и тактиката на Армијата на Србија.
Командантот на 37. механизирана баталјон потполковник Груица Вуковиќ рече дека соработката со колегите од вооружените сили на Руската Федерација се огледала пред се во размена на искуства во однесувањето на еден механизиран баталјон во одбраната.
„Верувам дека вежбата беше успешно изведена, немаше кршење на безбедносните мерки”, рече полковникот Вуковиќ.
Во реализација на вежбата на полигонот Луга, српската армија имала своја логистика, кој се грижела за снабдување со храна и вода за пиење, како и медицинска нега на војниците.
Треба да се напомене дека неодамна, во јуни беше одржана и заедничка вежба на руски, белоруиски и српски сили. На на присуствувала делегација на српската армија, предводена од заменик-командантот на Армијата Желимир Глишовиќ, бригадниот генерал Зоран Величковиќ и потполковникот Иван Стојаниќ.
Тие со себе повеле 50 членови на Специјалната бригада на Србија, кои се придружиле на пристните 300 белоруски и 600 руски војници. Вежбата започнала на 19 јуни, се практикува различни сегменти на вежби за да се подготват за конечна реализација на вежбите кои својот врв ги имале меѓу 26 и28 јуни на полигонот Новоросијск. Вежбата под наслов „Словенско братство“ спровело антитерористички акции во населено место, со посебен десант и обезбедување помош за цивилното население.
Ова секако треба да го знаат оние кои го критикуваат присуството на единиците на НАТО во земјава.
Но, ова не е се кога говориме на оваа тема. Во неделата наутро беше затворен младинскиот камп на Златибор, правен по моделот кој се практикува за воена обука на малолетници во Русија, каде присуствувале и инструктори испратени од Москва. До ова дојде после многу реакции во јавноста во Србија и тоа после осум дена од обуката која требаше да трае десет дена.
Венсникот Политика пишува дека тоа е сторено „поради можна злоупотреба на деца и нарушување на јавниот ред и мир“ и го цитира министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, кој ја дал наредбата итно да ја расформира младински камп наречен Патриотски Златибор 2018 година. Итиот беше отворен на 9 август, а требало да биде активен до 19 овој месец. Камп за обука во Златибор во која младите луѓе, меѓу другото, требало да научат воените вештини, заврши амо два дена пред предвиденото, бидејќи во текот на ноќта пред полицијата влкегла и го затворила истиот.
МВР на Србија и политичкиот врв на земјата два дена преходно молчел околу јавната контроверза, снимките и извештаите од еден необичен собир на млади луѓе, на возраст од 12 до 23 години, откриени по специјална емисија на рускиот портал „Раша Тудеј”. Извештајот и сликата говори дека на обуката биле десет девојчиња и 34 момчиња, од цела Србија, Босанска КРаина и Црна Гора. Овој камп е според моделот на слични кампови во Русија, и прв е од ваков вид во Србија. Настанот е во организација на Здружението на учесниците на вооружениот конфликт во поранешна Југославија, на чиј сајт видливо стои поканата за учество во оваа „младинско-патриотска акција“ и има информации дека „нашите деца и млади луѓе веќе учествуваа во логорите на сликата во Русија”.
Како што е соопштено од страна на дописникот од Ужице Бранко Пејовиќ, одржување на кампот било подржа но од страна на општината Чајетина. Руски портал во етер обелоденул дека црл на кампот е „децата и младите луѓе да научат за српскиот духовна, национална и воената историја и култура, заедно со дружењето со српскиот и рускиот воени ветерани “, кои, како што е наведено, обучувале голобради момчиња и сосема млади девојчиња, облечени во воени униформи, им говореле за патриотизам и главната цел на кампот, да се развие кај младите љубов за својата земја и својата култура и традиции, воспоставување на свеста на одговорностите и работа, на пријателски односи и толеранција меѓу луѓето.
– Сакавме да им овозможиме на децата да се стекнат со искуство во справувањето со различни екстремни ситуации, како прва помош, противпожарна заштита, малку боречки вештини, качување, оружје, за да се почувствуваат војничкиот дух. Сигурен сум дека многу од нив имаат желба денес-утре да облрчат униформа на српската војска – изјавува Жељко Вукелиќ, претседател на Здружението на учесниците на вооружениот конфликт во поранешна Југославија.
Сите овие сцени предизвикаа силни реакции во јавноста и во дел од медиумие. Ова беше „парамилитарни логор на Златибор, кој ги става во опасност децата”, „ужасни воени игри”, „несоодветни активности на парамилитарниот логор” „лажен воен камп на Златибор” … Исто така беше споменато дека децата се „насочени кон користење на оружје” и дека „покрај репликите има и воздушни пиштоли и пиштоли во употреба”.
Затворањето на кампот ја поздрави Мрежата на организација на деца на Србија, која собира 80 организации а од кампот се огради и претседателот Вучиќ.