Овинителството во Подгорица вели дека со оглед на големината на земјата ова е најзначајно апсење на руски шпиони
Неколку црногорски државјани се уапсени мината недела во Подгорица под сомнение дека работеле за руската разузнавачка служба.
Акцијата ја води Агенцијата за национална безбедност, во чија надлежност е ова кривично дело, а е спроведена по наредба на Специјалното државно обвинителство.
Едно од уапсените лица, наводно, повеќе од 10 години работело за руската служба и е дел од поширока група чии членови и се познати на црногорската тајна полиција. Во случајов се работи за државен службеник.
Акцијата спроведена денеска е само почеток на активноста за откривање соработници на странски разузнавачки служби.
Во рамки на споменатата акција се вршат претреси на повеќе локации во Подгорица и околината. Се претресуваат станови и други простории во сопственост на повеќе граѓани. Во нив има сомнение дека се вршени кривични дела шпионажа и создавање криминални организации.
При претресите пронајдени се предмети од интерес за истрагата.
Медиумите информираат дека сето ова е дел од меѓународна акција, а меѓу уапсените има и руски државјани.
Истрагата на црногорските власти покажала дека руски националисти стојат зад наводниот обид за пуч на денот на изборите поради планот на владата да му се приклучи на НАТО. Специјалниот обвинител Миливоје Катниќ рече дека истрагата довела до заклучок дека националисти од Русија организирале криминална група којашто планирала да провали во парламентот и да предизвика насилство во малата балканска земја.
Дејството на руските специјални разузнавачки служби во оваа балканска земја не е новина, туку – секојдневие. Да ги потсетиме читателите на обидот на тие служби во почетокот на есента 2016 година, значи пред шест години. Тогаш околу 20 српски и црногорски државјани, вклучувајќи и поранешен командант на српските специјални полициски единици беа уапсени во Црна Гора за време на изборите на 16 октомври! Уапсените беа осомничени дека се обиделе да изведат пуч со киднапирање или убивање на тогашниот црногорски премиер а сегашен претседател – Мило Ѓукановиќ и тоа со насилно влегување во парламентот. Српските власти наводно депортитале непрецизиран број руски оперативци кои го следеле движењето на Ѓукановиќчќ од српска територија. Русија негираше каква било вмешаност.
.Министерот за надворешни работи Ранко Кривокапиќ на седницата на Владата одржана минатата недела соопшти дека во тек е најголемото апсење на руски шпиони во Црна Гора, „броено во десетици“. Тој рече дека во однос на големината на Црна Гора, ова е едно од најголемите апсења во која било од земјите на НАТО.
Според неофицијални информации на РСЕ, во акцијата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Специјалното државно обвинителство, меѓу уапсените има и црногорски државјани, меѓу кои и службеници од државната управа, како и неколку руски државјани.
Дека акцијата на АНБ е спроведена во соработка со меѓународните партнери потврди и премиерот во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ, кој на седницата на Владата рече дека нејзината цел е зачувување на националните интереси на Црна Гора.
Специјалниот обвинител Вукас Радоњиќ на 29 септември, потврди за Радио Слободна Европа (РСЕ) дека во Подгорица се одвиваат претреси по барање на Специјалното обвинителство за кривично дело шпионажа.
„Полицијата врши претрес на станови и други простории на повеќе граѓани, поради постоење основано сомнение дека сторените кривични дела се создавање на криминална организација и шпионажа. Досега никој не е лишен од слобода“, соопштија од портпаролот на специјалното обвинителство, Вукас Радоњиќ.
Да потсетиме, АНБ претходно неофицијално објави дека руски служби стојат зад моќниот сајбер напад кој ја оневозможи државната ИТ инфраструктура, кој започна на крајот на август годинава и чии последици се уште се чувствуваат.
Премиерот Абазовиќ тогаш не ја потврди таа информација.
Експерти од американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и помогнаа на Црна Гора во истрагата за сајбер нападите.
Црна Гора инаку беше мета на многу инвестиции на руски граѓани и фирми после својата независност. Се говореше за десетици илјади субјекти кои вложуваа во градежништвото на земјата која излегува на топло море и за која се наоѓаше клиентела пред се кај средната и повисока класа во Русија. Од таму, со старт во периодот после 2003 година доаѓаа привремени жители на Будва или Улцињ за да ја прескокнат сибирската зима а по можност (мали деца и жени) да останат и преку целата година.
После приемот на Црбна Гора во НАТО тој интерес започна да се губи а дефинитивно во 2015 година аген циите за недвижности бележеа спротивна насока на рускиот интерес – повеќе се нудеа нивни имоти за продажба, отколку штом се купуваа! Просечниот влог на руските купувачи инаку бил околу 150 илјади евра а со тие пари можел да се купу двособен стан на море. Потоа тие се обидувале барем да го повратат влогот. Но, во тој миг се уште Русите опоседувале 70 илјади недвижности! Тоа е бројка која беше актуелна и откако Путин ги повика земјаците да ги повлекуваат инвестициите во странство.