Во некои медиуми стои дека бил финансиер на ВМРО ДПМНЕ а некаде дека преку неговата банка буиле префрлени тајванскитер пари!
Контроверзниот банкар Чедомир Радомировиќ е човекот што беше пронајден застрелан во понеделникот вечерта, а кој подоцна им подлегнал на повредите на скопските клиники, соопштиоја од МВР.
Се работи за сопственик на фирмата Техноком и основач на Радо банка синоќа со повреди на главата е пронајден покрај кола кај селото Орман, Телото е пронајдено крај неговото возило „лексус“, имало прострелна рана на главата а крај него бил пиштол и една чаура. Брзата помош го одн ла на Клинички, каде констатирана смрт. Нема сознанија дали е тоа самоубиство или убиство.
Чедо Радомировиќ имал 67 години. По откажувањето од македонско државјанство и земањето на холандски, тој го кусил презимето исега бил Чедо Радо. Сеедно, тоа презиме асоцира на името на познатата Радо банка која еднаш (во 2003 година) беше спасувана од познатиот нишки бизнисмен Јовица Стефановиќ или „газда Нини“
Плус инфо тврди дека преку оваа банка беа реализирани и кредитите за компаниите од една милијарда долари од Тајван кои ги донел Васил Тупурковски.
Ова може да асоцира на релациите на Радомировиќ со ДА, но други медиуми кажуваат дека тој бил еден од првите финансиери на ВМРО-ДПМНЕ и близок пријател на Борис Змејковски, тогаш висок функционер во партијата.
Во 2005 година Радомировиќ беше уапсен поради вмешаност во пирамида, во друштво на 10 даночни затајувачи. Негова беше и градежната фирма Македонија Инвест.
Инаку, контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат како „газда Нини“ бепе во средиштето на најновата афера и обвинувањата меѓу двете најголеми политички партии во Македонија. СДСМ го обвини лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски дека директно на Нини му ја продал Македонска банка, а за тоа зел кеш на рака во износ од 1,5 милиони евра, како што пишува Фактор.мк. Нини во 80-тите години отворил мала фирма за трговија. Но, благодарение на врските со тогашниот директор на Тутунската индустрија Ниш (ДИН), Смиљко Костиќ, набрзо станал еден од ексклузивните дистрибутери на цигарите од нишката фабрика. Во време на санкциите, освен со цигари, се занимавал и со продажба на лекови на црно, нафта, злато, брашно, прехранбени производи. Во 1998 година, по избувнувањето на аферата во фабриката ДИН и апсењето на Костиќ, Јовица Стефановиќ ја напуштил Србија и дошол во Македонија. Во Србија не можел да се врати се до 2003 година, поради тоа што е осомничен за кривични дела за злоупотреба на службената положба и овластување во бизнисите со ДИН и српската Комерцијална банка. Доаѓањето во Македонија му била идеално одредиште на Нини, бидејќи тука веќе имал разработени бизниси со трговијата со лекови и цигари. Познавачите на приликите, за овој извор тврдат дека Стефановиќ ја одбрал земјава како своја втора татковина бидејќи тука ги добил најдобрите лекции за македонските бизнис-шеми од поранешниот прв човек на „Македонија табак“, Данчо Шутурков. Особено му одговарало тоа што Македонија и тогашна Србија и Црна Гора немале потпишано договор за екстрадиција, па одлуките на срската полиција тука немале никакво извршно дејство. Веднаш по доаѓањето во земјава во 1998 година, Нини почнува да го шири своето бизнис царство. Прво со преземањето на „Јака 80“ од Радовиш, па потоа „Радо банка“, „Ветфарм трејд“, „Македонска банка“… Акции купува и во фабриката за леб и бели печива „Жито Скопје“, „Мак лек“, земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, „Тетекс“, Охридска банка, фабриката за масло за јадење „Благој Ѓорев“, Силекс банка, битолската картонажа „Фустеларко борец“, Комерцијална банка и во кондиторската фабрика „Европа“. Преку нивна сопственост на акции во други компании, Нини поседувал капитал во уште најмалку толку фирми. Двете банки кои ги зема завршија со ликвидација. Во 2008 година, тогашниот гувернер Петар Гошев даде налог за ликвидација на „Македонска банка“, во која Нини преку својата „Јака 80“ од Радовиш поседуваше 78 проценти, но поради тоа што беше прогласен за неподобен акционер, мораше да го оттуѓи својот удел. Но, тој го направи тоа само фиктивно. Уделот наводно го продал на 16 фирми, но сите биле регистрирани на иста адреса со претставништвото на „Јака 80“ во Скопје, што беше доволно за Народната банка да го оцени за измама на прописите. Газда Нини е зад решетки – во Србија. Во Македонија, иако отсекогаш важел за конторверзен, Нини никогаш и за ништо не бил гонет. Но, во Србија каде што се врати пред 10-тина години заврши во затвор. Беше уапсен на крајот на 2012 година, заедно со уште двајца негови блиски соработници. Полицијата ги осомничи за злоупотреба на службена положба и малверзации со кои ја оштетиле компанијата за производство на лекови „Југоремедија“ за околу 7,5 милиони евра. Според обвинението, Нини и соработниците доставувале зголемени фиктивни фактури за набавката на лекови.