Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЧЛЕНОВИ НА ЛДП СМЕТААТ ДЕКА СО ЗАЈКОВА ПАРТИЈАТА СТАНАЛА – ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ

November 25, 2024 Filed Under: Македонија

ЛДП го губи идентитетот и наместо политичка партија обвини иницијативниот одбор за промени во партијата кој побара отчетност и одговорност од раководството, особено од претседателката Моника Зајкова

ЗАЈКОВА Притисоците од базата се се погласни

Иницијативниот одбор за промени во ЛДП тврди дека Зајкова ја замајува јавноста со тврдење дека добила потврда на мандатот од Централниот одбор на партијата бидејќи такво нешто не е предвидено во статутот на партијата

ЛДП го губи идентитетот и наместо политичка партија, станува трговец поединец, обвини денеска иницијативниот одбор за промени во партијата кој побара отчетност и одговорност од раководството, особено од претседателката Моника Зајкова.

„За жал ова морам да го кажам, се повеќе се гласините меѓу членството дека ЛДП наместо политичка партија, почнува да го губи својот идентитет, станува друштво со ограничена одговорност, да не речам трговец поединец. Ние сакаме да застанеме на таа појава и сакаме ЛДП повторно да биде оној фактор кој што беше и во градот Битола и во државата“, рече Бошко Китановски на денешната трибина „Каде оди ЛДП“ во Битола.

Иницијативниот одбор за промени во ЛДП тврди дека Зајкова ја замајува јавноста со тврдење дека добила потврда на мандатот од Централниот одбор на партијата бидејќи такво нешто не е предвидено во статутот на партијата.

„Не сакаме да ја замајува јавноста дека добила потврда на мандатот од Централниот одбор на две седници. Во ниедна одредба од Статутот на ЛДП, согласност и отчетност претседателот на партијата не дава пред Централниот одбор, туку единствено пред Собранието на ЛДП. Затоа ја повикуваме да се одважи и да свика вонредно Собрание на ЛДП“,

рече Китановски.

Од иницијативниот одбор за промени упатија и директно сомневање за претседателката на партијата дека делува независно во Собранието.

Зајкова вчера, пак, изјави дека не е загрижена поради внатре-партиската иницијатива за нејзина смена по дистанцирањето од СДСМ, велејќи дека станува збор за неколку лица кои поради лични амбиции собирале потписи од претседатели на општински организации што биле распуштени од претходниот претседател и фалсификувале потписи од починати лица.

Зајкова неодамна потврди дека ЛДП во Собранието ќе дејствува независно, а согласно програмските принципи и либерално-демократските вредности ќе дадат поддршка на она што веруваат дека е добро за државата и граѓаните и ќе го критикуваат она што сметаат дека не е.

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet