БИЉАНА СЕКУЛОВСКА
Разберете го целиот театар на апсурдот, пред плачење се сите, такво национален липање нема, дури и во најдобрите драми на Јонеско. Таа таа свежина и ноншалантност на Мијалков, апсолутно разбирлива за човек кој имал над 40 степени температура, таа детска зачуденост, зошто е целата драма, добога?
Теориите за бегството на Мијалков се доволно забавни и возбудливи, но секако дека најдобрата теорија од сите е онаа дека всушност тој и не избегал, што ја потврдува триумфот на правната држава и големината на Владата- господо драга, да докаже способност при најневеројатните пресврти.
Секако дека немало договор за бегство со Заев, иако оваа обратна теорија ги полни срцата на многу критичари на оваа власт, но аргументот дека договор немало, го покажува фактот дека се појави, ви соопштуваат победоносно.
Човекот кој елегантно и студено се појави пред Обвинителството, ја покажа големината на самиот систем, ќе ви кажат оние кои ги слават успесите на власта, сеедно е што притоа нема никој поим што му се случува на истиот тој, распукан по сите шавови, систем.
Сеедно што човекот кој се бараше со потерница се довлечка сосема сам, мирно и сталожено, видно изненаден од целата ситуација, кога тој, така вели, бил за цело време тука, присутен во отсуството, несвесен за катарзата на целото премалено, преморено општество, кое никогаш нема да разбере зошто воопшто постои, вакво какво што е.
Но, разберете го целиот театар на апсурдот, пред плачење се сите, такво национален липање нема, дури и во најдобрите драми на Јонеско.
Таа таа свежина и ноншалантност на Мијалков, апсолутно разбирлива за човек кој имал над 40 степени температура, таа детска зачуденост, зошто е целата драма, добога?
Тоа е она што може да го спаси нашиот поматен ум, нашите нерви кои се одамна искинати и висат како партали над секоја бандера, подготвена да не обеси, пред се заради немоќта, на која и се предадовме одамна.
За тоа време, продолжува фарсата – што се случува добога со земјава и светот, зошто сте изненадени што ме гледате тука, пред вас, се работи за мала непријатност, не смее ли човек да биде болен?
Се работи за неоспорен факт, дека тој прележал досега непознат сој на корона вирус, како што соопшти духовитата сцена на Твитер, но, убавината на будалаштините е во тоа што откако ќе надвисне смртната постела, вирусот исчезнува ненадејно, нестварно.
За тоа време, зад него, ниту пред него, немаше никаква полиција, додека со лесен, скоро лебдечки чекор, се движеше накај Обвинителството, немаше ниту барем еден знак дека силата на државата не дозволува мајмунисувања и понижувања, но она што се заслужува, кога се живее во ваков распарчен систем е тоа- да замавнете со раката и да се помирите со тој факт.
До следниот спектакл, до следниот срам што ќе ви го донесе тој одамна трул, одамна срушен систем, на кој крајот одамна му се видел, но се трпи, којзнае зошто, којзнае навистина, до кога.