Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЧУДОВИШТЕТО МОЖЕБИ НЕ ПОБЕДИ, НО СЕПАК НЕ Е ПОРАЗЕНО

December 10, 2018 Filed Under: Македонија

Грчките ученици и студенти се спротиставија на национализмот и фашизмот во Грција

КСОПЛИДИС ПАНАЈОТИС

ЈАСНЕ ОДГОВОР Демонстранти во Атина, студенти и ученици демонстрираа против Златна зора

Во изминатите неколку недели во Северна Грција (но и во Атина и во други делови на Грција), екстремно десничарските групи координирано агитираа низ грчките училишта, обидувајќи се да ја наметнат својата националистичка агенда и реторика. Покрај спорот за името Македонија, овие групи го искористија и случајот со смртта на грчки фашист, кој беше член на паравоена националистичка група во јужна Албанија. Константинос Кацифас беше убиен од истрели на албанската полиција во село со грчко малцинство во Албанија, додека тој беше вооружен со АК-47. Кацифас e познат по своите екстремно десничарски ставови и по неговото учество во фашистичка организација чија главна цел е обединување на “Северен Епир” со грчката држава.

Овoј случај довде до масовна националистичка хистерија во грчките мејнстрим медиуми, кои го прикажаа Кацифас како национален херој, додека националистичките организации (“Златна зора” и други организации) повторно се активираа во јавноста со демонстрации и напади. Особено во градовите во Северна Грција беа присутни окупации на училиштата и демонстрации со националистички и фашистички слогани.

Во најголем дел, овие националистички окупации не беа иницирани од страна на самите ученици. Тие беа наметнати и организирани, дури и присилно, од страна на група студенти, надворешни групации и „огорчени родители”, со цел да се организираат повеќе националистички акции и демонстрации. Организаторите на овој националистички бран го најавија 29-ти Ноември како ден за масовни демонстрации и окупации во сите училишта во Грција. Овој „национален ден на окупации за одбрана на името Македонија” вооопшто не претставуваше спонтано движење од страна на учениците, туку организирана шема на „Златна зора” и други помали фашистички групи во координација со грчката црква и органите на државниот апарат. И покрај сите овие повици и агитирања на овие организации, во најголем дел од училиштата не се организираа националистички окупации, додека националистичките демонстрации во Солун не успеаја да мобилизираат масовна бројка на ученици и студенти.

Додека од другата страна, илјадници студенти низ целата земја се спротивставија на фашизмот и национализмот. Со најразлични начини и методи на акција, со употреба на имагинација и креативност, студентското движење во Грција покажа дека не се плаши од заканите на нацистите, преку организирање на масовни антифашистички окупации.

КОНСТАНТИНОСТ КАЛИФАС Човекот со калашњиков кој е убиен во Албанија и кој ги возбуди духовите

 

Студентите во Грција успеаја дури и да ги претворат националистичките окупации во антифашистички, преку надгласување на предлозите за реакционерните окупации во главните претставнички тела на студентите. Врвот на овие иницијативи и акции беше организирањето на масовната антифашистичка демонстрација од страна на учениците и студентите во Атина, со што беше упатена јасна и гласна порака дека за фашистите и нивната пропаганда нема место во училиштата и универзитетите.

Секаде каде што учениците и студентите се мобилизираа против национализмот и фашизмот, националистичките окупации беа спречени.

Но, тоа не е доволна причина за да славиме или да бидеме задоволни од успехот. Чудовиштето можеби не победи, но сепак не е поразено. Фашистите прават сé што можат за да ги спречат народите да се обединат во голема интернационална борба против нивните вистински угнетувачи и опресори.

ШАРЕНО Младите во Атина демонстрираа и со современи танци на улиците

Фашистите иако вербално го напаѓааат постоечкиот систем, во реалноста тие ги промовираат вредностите на либералниот капитализам, бидејќи под превезот на национализмот младите всушност го бранат статус-квото и интересите на економските и политичките елити, мислејќи дека ги бранат интересите на својата “татковина”. Национализмот претставува плодна почва за развој на фашизмот кој низ историјата доведе до војни, милиони мртви и уништувања. Денес во Грција националистите и фашистите кои тврдат дека се борат за нивната „татковина” всушност претставуваат потомци на предавниците на грчкиот народ за време на фашистичката окупација, потомци на воената хунта, колаборатори на германскиот фашизам, кои директно се свртија против сопствениот народ, во периодот кога комунистите, ЕАМ (Народно ослободителен фронт на Грција) и ЕЛАС (Народна ослободителна армија на Грција) крвареа и дадоа илјадници жртви за да ја ослободат својата татковина од канџите на фашизмот.

(Автор на текстот е Ксоплидис Панајотис, член на грчката партија НАР која е дел од левичарскиот фронт Антарсија)

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet