Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЧУПЕСКА: ДУИ И ДПМНЕ СО ИСТА АГЕНДА ЗА РАЗДОР МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ

December 17, 2024 Filed Under: Македонија

Потпретседателката Чупеска посочи дека практиките коишто ги применува ДУИ во периодот се како копирани од тие на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“ истакна дека СДСМ и на власт и во опозиција опстојува на истиот, јасен став, за кој нема никакви дилеми и недоумици, ни простор за дополнителни толкувања а тоа е дека на Уставниот суд не смее да му се врши притисок.

– На Уставниот суд не треба во ниту една ситуација да му се вршат било какви притисоци, за да постапува вака или онака, албанскиот јазик не смее да биде злоупотребуван против чуваствата на албанските граѓани, исто како што македонскиот јазик не треба да биде злоупотребуван против чувствата на македонските граѓани, а беше многу злоупотребуван, поготово во време на Преспанскиот договор. И како трето се’ што е став на СДСМ, она што ќе дојде од Венецијанската комисија, сметајќи дека тоа се највиоските демократски стандарди, врзани за Советот на Европа и човековите права и слободи мора да се земе предвид, нагласи Чупеска.

Потпретседателката Чупеска посочи дека практиките коишто ги применува ДУИ во периодот се како копирани од тие на ВМРО-ДПМНЕ.

-ДПМНЕ секој ден кажуваше дека македонскиот јазик е загрозен, дека идентитетот македонски е загрозен, па се чини како ДУИ и ДПМНЕ да читаат исти книги, да учат политика од исти книги. Идентична реторика, идентична платформа. ДУИ во последно време велат дека албанскиот јазик сериозно е ставен на удар, албанскиот идентитет е ставен на удар, а тоа не е вистина, затоа што законот принципиелно е формиран на темел на амандамонот 5 што прозилегува од Рамковниот договор, рече Чупеска, додавајќи дека уште поважно е што законот за јазиците има една многу специфична особина, а тоа е дека не ја територијализира употребата на јазикот, а со тоа не прави јазични енклави, а со тоа дополнително не прави етнофедерализација.
Во минатото слушавме од ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваа да го реалитивизираат неговото значење, инистираа на некои други тези, така што вистина веќе доста е од истите методи, истите практики коишто го клатат клатното на меѓуетнички раздор меѓу овие две партии, ДУИ и ДПМНЕ, бидејќи многу се очигледни преференциите, па дури и флоскулите им се толку слични, порача потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

 

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet