Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ШАХОВСКАТА ИГРА НА ЏАФЕРИ

April 20, 2021 Filed Under: Колумни

БИЉАНА СЕКУЛОВСКА

Секако дека му успева, барем тоа, да ги видиме сите во вистинското, мрачно светло на политички грабливци, алчни и неспособни, неквалификувани пратеници, се од ова

Талат Џафери ви е еден од ретките господа во оваа држава. Со истенчени нерви, секако дека така се одвиваат тие кариери, како што сме сите впрочем, низ годиниве, какви што сме станеле. Со еден изгланцан, врвен талент за политички инстинкт, на едно разјарено политичко животно, жедно за борба, за пресметка, како што станавме низ годините сите впрочем. Но, но.

Но, не сме сите од неговиот калибар- за тоа е потребен совршено обмислен политички концепт, за тоа треба да се има повеќе од талент, знаење, искуство и харизма, сепак.

Сето ова е сега во неговата игра- пратениците да ги растресува, треска и исфрла, за да се вратат добога, за да престанат да се изживуваат со сите нас, со нивните амандмани, блокади, филибастери, неприсуство, срамно отсуство, а најмизерното од се- да се земаат и понатаму пари, многу пари, милиони истурени за нивното неработење и малтретирање на целата држава.

Затоа тука е потребно да се истури и поплави многу драма и страст, а не млитаво да се зачини, за да не се препознае, да се премолчува и самозадоволно да се опстанува на политичката сцена.

Кога се преминуваат сите тие граници, тој не покрива и не затскрива, колку и да не може да влијае, ниту пак да ги смени работите. Но, тој се бори до последниот здив, само да ги приклешти на местата на кои се колнат дека се народни пратеници, да ги фрлат маските, да ги разобличи. Секако дека му успева, барем тоа, да ги видиме сите во вистинското, мрачно светло на политички грабливци, алчни и неспособни, неквалификувани пратеници, се од ова. Затоа, немојте никогаш да се прашувате- зошто овој човек го сакаат новинарите, колку и да не се согласуваат со политиките на ДУИ, зошто тој e избраниот.

Повторно, неопходни стануваат драматичните секвенци, страста во секој потег во политичките пресметки, интриги, тој со мајсторска умешност продуцира она што е неопходно во покорните политички култури како нашата, а тоа се високите тонови и пискотниците, тогаш кога се почнува да ви излегува од контрола. Кај него немате тивки лелекања и притаени липања, тој грми и командува, онака како што никој не го научил тоа досега, да се треснува на масата, да се расфрлат фигурите, за да се доведат нови, мазни и сјајни, за да почне одново битката, за да не престане никогаш.

 

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet