Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ШАХ НА БРОДОТ КОЈ ТОНЕ

January 26, 2021 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Сега гледаме дека бездната на историјата е доволно голема за целиот свет. Чувствуваме дека една цивилизација има иста кршливост како и еден живот…

Ние, цивилизациите, ние сега знаеме дека сме смртни; слушавме дека се говори за целосно исчезнати светови, за царства стрмоглавени со сите луѓе и нивните орудија; спуштени во неистражените длабочини на вековите, со своите богови и своите закони, со своите академии и со своите речници, со своите класици, со своите романтичари, со своите симболисти, со своите критичари и со критичарите на своите критичари….

Сега гледаме дека бездната на историјата е доволно голема за целиот свет. Чувствуваме дека една цивилизација има иста кршливост како и еден живот…

Тоа не е се. Жешката лекција е уште поцелосна: на нашата генерација не и беше доволно да научи на сопственото искуство, како најубавите работи и најстарите и најогромните и најускладените, можат да исчезнат во несреќен случај: таа гледаше, во областа на мислите, на здравиот разум и чувствата, како се случиле некои необични појави, ненадејни остварувања на парадоксот, брутални разочарувања на очигледноста.

Надежта, се разбира, останува, но надежта е само недоверба на битието во однос на точноста на предвидувањата на духот. Таа сугерира дека секој заклучок што е неповолен за битието, мора да е грешка на неговиот дух.

Го читав Пол Валери од 1919 година кога ми стигна веста дека е остврен напредок во бугарско-македонската комисија за локалните хроники што луѓето што се сметаат за надлежни за тие теми, а и широките народни маси, ги викаат национална историја. Ај нека им е со среќа. И во фудбалот сега ќе почне зимскиот преоден рок, што па да нема преоден рок за типовите што ги влечеме зад себе како играчки со кои се фалиме пред маалото и гостите. На моменти ме воодушевува посветеноста на луѓето кои си ја играат партијата шах на бродот кој тоне. Не ги сметам за будали, туку за исклучителни.

 

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet