Планот за растна земјите од Западен Балкан понуди „мегдан“ за рзговор за економијата. Неизбежно беше констацијата дека безбедноста како прашање „висеше“ во воздухот на многу начини. Присутните држеа прес конференции секој со новинарите од својата земја
Претседателот на македонската Влада, Димитар Ковачевски, од неделата, 20 јануари беше домаќин на состанокот на лидерите од регионот, посветен на Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската Комисија. Да се потсетијме дека Планот кој кон крајот од минатата година на балканска турнеја го претстави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предвидува помош за државите од регионот од 6 милијарди евра за периодот од 2024-2027 година. Од нив 2 милијарди евра се неповратна помош, а 4 милијарди евра во поволни кредити. Првиот и неизбежен заклучок беше дека помошта е условена и ќе биде исплатена ако земјите ги спроведат неопходните реформи.
На состанокот, покрај Генералниот директор за соседство и преговори за проширување во Европската Комисија, Герт Јан Копман, присуствувшеа и помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, што назначи дека ова нема да биде само економски состанок. Регионот го чека предизвикот на европски избори, и избори во САД, а тие ќе мораат јасно да се орпеделат кон прашање на соседските дијалози (посебно важи за Косово и Србија) како и за средување на односите внатре во државите во однос на европскиот пат (ова секако важи се земјава!). На профилто беа објавени и фотографии од вечерата со
За неформалната средба меѓу лидерите на Западен Балкан во неделата вечер можевме да прочитаме бна фејсбук профилот на премиерот Ковачевски. „Во пријателска атмосфера со лидерите од Западен Балкан ги потврдивме нашите ставови за интеграција на регионот во ЕУ. Местото на сите држави од регионот е во ЕУ и го имаме потребниот лидерски потенцијал за носење на храбри одлуки за подобра иднина. На сите нас – и на Западен Балкан Понеделничките активности започнаа во хотелот „Хилтон“, со заедники прес, практично со изјави на учесниците. Потоа беше најавено дека секој од политичарите ќе одржи прес само со новинарите од својата земја (имало над 50 присутни тв камери), што секако е чудна одлука ама се настојувало средбата да не биде исполитизирана од страна на седмата сила.
Планот за раст за Западен Балкан за кој се разговараше на денешниот состанок, се засноваше на четири столба. Првиот е – јакнење на економската интеграција со единствениот пазар на ЕУ, под услов Западен Балкан да се усогласи со правилата на единствениот пазар и да отвори соодветни сектори и области за сите соседи во исто време, во согласност со заедничкиот регионален пазар. Предложени се седум приоритетни активности: слободно движење на стоки; слободно движење на услуги и работници; пристап до единствената европска платежна област (SEPA); Олеснување на патниот превоз; интеграција и декарбонизација на енергетските пазари; единствен дигитален пазар; интеграција во индустриските синџири на снабдување.
Вториот столб е јакнење на економската интеграција во рамките на Западен Балкан преку заеднички регионален пазар, заснован на правилата и стандардите на ЕУ, што потенцијално би можело да додаде 10% на економиите во тие земји.
Третиот столб се однесува на забрзување на темелните реформи, поддржувајќи го патот на Западен Балкан кон членство во ЕУ, унапредувајќи одржлив економски раст преку привлекување странски инвестиции и јакнење на регионалната стабилност.
Четвртиот столб предвидува зголемување на финансиската помош за поддршка на реформи преку Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан за периодот 2024-2027 година, во вредност од 6 милијарди евра, кои ќе бидат исплатени ако земјите од Западен Балкан спроведат одредени социо-економски и темелни реформи.
„Реформите се услов. Ако се спроведат реформите, тогаш доаѓаат и средствата. Јасно ни е дека за реформите е потребно време, но ако ништо не се направи, ако не се спроведат реформи, средствата ќе се префрлат во другите земји од Западен Балкан што постигнуваат резултати. Ова е поттик за сите да работат, да напредуваат и да ги искористат економските можности“, посочи лани претседателката на ЕК.
Средбата во Скопје заврши уште напладне во понеделникот. Беше потпишан заеднички докуимент (Декларација), не беа потпишани договорите за слободно движење на работна сила меѓу земјите на Отворен Балкан заради противење на Албанија, која на некој начин најавува давање на предност на Берлинскиот процес, веројатно и под притисок на Косово!
Заеднички прес со новинарите одржаа О Брајен и домаќинот Ковачевски. Премиерот за почетокто доби прашање јкое нема в рска со она што бепше повод, туку има секако само монпартиски интерес. Едно од нив бше за тоа дали се точни информациите дека меѓународниот фактор притиска да биде потпишан нон-пејпер на политичките партии на Албанците со кој ќе се обврзат да не коалицираат со партија која шест месеци по изборите нема да спроведе уставни измени (признавање на Бугарите како национално малцинство – н.з.). .
„Мислам дека една партија (СДСМ, н.з.) даде предлог за напредок и трпи критики затоа што некои луѓе го сакаат или не го сакаат. Друга партија (ВМРО-ДПМНЕ, н.з.) ветува дека ќе изнајде начин за патот напред и мислам дека можеби е фер граѓаните да побараат од таа партија да понуди нон-пејпер во кој ќе објасни која е нејзината визија и потоа ќе можете да решите меѓу визијата која ја знаете и нешто што е ветување“ – порача денеска од Скопје шефот на американската дипломатија за Европа
Прашан за пораките од О‘Брајан кажани во интервјуто за „360 степени“ во ноември, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „360 степени“ во декември рече дека новинарот му поставил наведувачко прашање на американскиот дипломат манипулирајќи со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. О‘Брајан денеска повтори дека останува на кажаното во ноември
Фер е граѓаните да побараат од ВМРО-ДПМНЕ да понуди нон-пејпер во кој ќе ја објасни визијата за патот напред – порача денеска од Скопје помошник-државниот секретар на САД, Џејмс О‘Брајан, одговарајќи на новинарско прашање – дали се точни информациите дека меѓународниот фактор притиска да биде потпишан нон-пејпер на политичките партии на Албанците со кој ќе се обврзат да не коалицираат со партија која шест месеци по изборите нема да спроведе уставни измени.
„Ми кажаа дека ќе ме прашаат за нон-пејпер. Не знам за нон-пејпер и би сакал да се задржам на она што го кажав во ноември кога бев во Скопје, како и денеска. Сметаме дека граѓаните на Северна Македонија треба да решат за патот за напредок. Мислам дека една партија (СДСМ, н.з.) даде предлог за напредок и трпи критики затоа што некои луѓе го сакаат или не го сакаат. Друга партија (ВМРО-ДПМНЕ, н.з.) ветува дека ќе изнајде начин за патот напред и мислам дека можеби е фер граѓаните да побараат од таа партија да понуди нон-пејпер во кој ќе објасни која е нејзината визија и потоа ќе можете да решите меѓу визијата која ја знаете и нешто што е ветување“ рече О‘Брајан
„Во однос на САД, ние сметаме дека е во наш интерес – интересите на граѓаните на Западен Балкан да се задоволат и да ги видиме владите на земјите од регионот како се приближуваат кон интеграцијата во ЕУ. Ние сме посветени на тоа Северна Македонија и САД да продолжат да соработуваат на патот на земјата кон Европа. Граѓаните на земјава ќе имаат јасен избор во наредните месеци меѓу јасна визија која знае како да оди кон Европа и нешто друго. Граѓаните ќе треба да изберат. Од перспектива на САД, многу сакаме Северна Македонија, што е можно побрзо, да стане дел од ЕУ“, изјаваи О`Брајан денеска во Скопје.
За потсетување, во ноември 2023 г., во интервју за „360 степени“, зборувајќи за противењето на најголемата опозициска партија на уставните измени за внесување на Бугарите, Џејмс О‘Брајан порача:
„Некој може да каже дека ќе дојде со подобра понуда. Но, ако не ви каже за што точно станува збор и не ви каже зошто другите би ја прифатиле, само се обидува да ве измами. И се надевам дека гласачите се попаметни од тоа“.