Имаме и двајца судии во натпреварите на ракометарите, што секако е наш придоенс за одвивање на Олимпискиите игри. Пливачите заминуваат со вајл-карта, која се однесува на оние кои не ги исполнуваат најсторигите критериуми за настап
Пред поаѓањето за Париз во Скопје се одржа прес-конференција на Македонската делегација која ќе патува на Летните олимписки игри во Париз.
Триста и шест олимпијци од регионов ќе има на Летните олимписки игри во Париз. Македонската делегација ќе брои 6 натпреварувачи од кои четири мажи и две дами.
За Македонија на Летните Олимписки Игри ќе настапат: пливачот Никола Ѓуретановиќ и пливачката Ева Петровска кои добија вајлд-карта од Светската пливачка федерација (ФИНА). Ѓуретановиќ ќе плива на 27-ми јули во квалификации на 400 метри слободно а Петровска на 2-ри август во трката на 800 метри слободно.
Покрај нив во Париз Македонија ќе ја претставуваат уште и Владимир Егоров (борење, од 5-ти до 10-ти август). Егоров ќе настапи со олимписка А-норма, тој има бронзен медал од Европско првенство 2019 во Будимпешта и златен медал од Европско првенство 2022 во Будимпешта.
Потоа Милијана Рељиќ во таеквондо (од 7-ми до 10-ти август), Еди Шерифовски во џудо (од 27-ми јули до 3-ти август), Анастасија Мојсовска во стрелање (28-ми јули, во дисциплина пукање од 10 метри со воздушна пушка, 60 истрели) и атлетичарот Дарио Ивановски кој трча маратони (ќе настапи на 10-ти август).