Бтолската полиција до Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против Пеце Милевски (39) од Битола, актуелен директор на битолското Јавното претпријатие „Водовод“, кој се сомничи за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/03/pece-milevski-1024x532.jpg)
Советникот Борече Корлевски уште во ноњември лани соопшти дека неговата парија има документи кои потврдуваат дека Пеце Милевски, директорот на битолски Водовод со служебеното возило патувал во странство за приватни цели.
До ОО на СДСМ Битола најпрвин пристигнале анонимни информации и документи во кои првиот човек на ЈП Водовод и лидер на битолското ДПМНЕ, Пеце Милевски се посочува како директорот кој со службено возило патувал низ земјава и странство, за приватни цели.
Уште тогаш имаше јавно поставено прашање – дали Пеце Милевски, со службено возило на Водовод, патувал во Грција за приватни цели, во август 2022 0година? Дали на тоа патување со него биле и членови на неговото најблиско семејство? Освен тоа, дали Пеце Милевски, уште еднаш со службено возило на Водовод и повторно со блиски роднини, бил на патување во Грција во септември 2022 година? Што правел Пеце Милевски во Грција во 11 часот навечер со службено возило? Дали градоначалникот Тони Коњановски, како што најави, пратил ревизија во битолските јавни претпријатија за да утврди дали имало злоупотреби на службената положба? И потоа – дали градпначалникот Коњановски ќе ги казни прекршителите на законите или ќе молчи за да го зачува мирот во ДПМНЕ во Битола?
Наместо одговор некој месец потоа битолската полиција до Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против Пеце Милевски (39) од Битола, актуелен директор на битолското Јавното претпријатие „Водовод“, кој се сомничи за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Тој воедно е и локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, а за директор на претпријатието беше поставен во декември 2021 по промената на локалната власта. За десет дена тој доби две кривични пријави поденесени од СВР Битола против него.
Според соопштението на СВР Битола, директорот Милевски на 14.08.2022, на 26.08.2022 и на 02.09.2022 реализирал три службени патувања во странство со службено возило на ЈКП „Водовод“, патувајќи со лица кои не се вработени во претпријатието и тоа со претходно донесени непрецизирани и некомплетни одлуки од Управниот одбор за одобрување на службени патувања во странство. Исто така, тој како одговорно лице во текот на 2022 примил фактура во износ од 20.088 денари од овластен сервис за поправка на службеното возило, која била наплатена од сметката на ЈКП „Водовод“, иако возилото било каско осигурано.
На 17 февруари беше поднесена кривична пријава против Јавното комунално претпријатие „Водовод“ и против директорот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, казниво по член 244 од Кривичниот законик. Милевски во текот на април и мај 2022, без да изготви соодветна документација и проект и без одобрение за градба, дозволил изградба на подземна инсталација на место каде претходно не постоела.
„Јас сум побарал дозвола од Управниот одбор да завршам работа во интерес на Јавното претпријатие, целта е меѓугранична соработка со Лерин. Две патувања се поради оставрива средба со директорката на леринското претпријатие за да подготвиме ИПА проект, заедно да аплицираме, а тие веќе работат на дигитални водомери, патувањата се во тој домен. А за третото веќе постои склучена солемизација за плаќање на обврска“, вели Милевски.
За фактурата за поправка на возилото додава дека се однесува на промена на пластични делови кои биле оштетени од претходно, уште пред тој да дојде за директор, не биле променети, а за нив каското не може да се искористи.