Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ШЕФОТ НА ВМРО ДПМНЕ БЕГА ОД СООЧУВАЊЕ СО НЕПРИЈАТНИ ПРАШАЊА… ПО СОВЕТ НА НАДВОРЕШНИ СОВЕТНИЦИ?!

March 26, 2024 Filed Under: Македонија

Прашање за изинатиот викенд беше – што се случува во ДПМНЕ? Промоцијата на програмата, закажана за саботата, се одложи. А преѕседателот го снема од пред камерие, што со оглед на неговата навика да го има по три пати во секои вести е необично!

МИЦКОВСКИ Бев асистент на татко ми, не бев асистент на татко ми ….

Од извори на ДПМНЕ се дознава дека заради контрадикторните настапи на медиуми, како што беа изјавите дека не бил асистент на татко му, а тоа е ноторен факт, како и заради немањето одговор на прашањето кој е планот на ВМРО за европската интеграција на земјата, ПР агенциите кои ги ангажирала партијата му советувале дека за да не си го расипе рејтингот најдобро му е да не се појавува често во јавност, иако кампањата само што не почнала и сите партии и лидери се со полни агенди.

Во меѓувреме некои од суштинските јавни и медиумски активности на партијата во овој период додека Мицкоски „апстинира“ од јавност, ги презедоа Александар Николоски и Антонио Милошоски.

Николоски сопшти декас промоцијата на програмата, која беше најавена за денеска, ќе се одржела утре, на 24 март.

Милошоски, пак, излезе со детали за коалицијата и соопшти дека тоа се Социјалдемократската унија, Обединетата партија за целосна еманципација на Ромите, Македонски концепт, Демократскиот сојуз, Обединети за Македонија, ТМРО и Достоинство.

И преземањето на оваа тема од страна на другите првенци на парттијата е необично, уште повеќе што токму Мицкоски, на еден од последните јавни настапи на кои беше виден најави дека кон крајот на месецот ќе се потпише коалицискиот договор и ќе биде промовирана листите за пратеници.

На профилите на социјалните мрежи на Мицкоски последната објава од опозицискиот лидер е на 17 март, кога честита Прочка, а од истиот датум е и последната објава во која се споменува Мицкоски на сајтот на партијата. Ден претходно тој бил на годишнина од формирањето на Демократската партија на Србите.

Додека го нема Мицкоски, јавноста коментира и за поднесената кандидатура за претседател на Гордана Силјановска-Давкова, која наместо со граѓански потписи е единствена кандидатка која на изборите „ќе трча“ со поддршка од 30 пратеници.

Во јавноста се погласно коментираат дека веројатно ВМРО-ДПМНЕ се исплашени дека при верификацијата на наводно собраните потписи, ќе се увидат неправилности и фалсификати, па одлучиле да не ризикуваат. Но, ваквиот потег отвора дополнителни прашања, бидејќи граѓаните сега се загрижени како на партија на која што не може да ѝ се верува за бројот на собрани потписи за претседателски кандидат ќе може да ѝ се верува за останати и поважни работи за иднината на државата.

Останува прашањето каде исчезна Мицкоски во период кога се разгоруваат дебатите во земјава и кога сите партии се подготвуваат за двојните избори.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet