Изолацијата на победничката партија е комплетно а се најдиовме во дибидус непријателско опкружување за една недела!
„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба целосно да ги почитува обврзувачките одредби од Преспанскиот договор и доследно да го користи името Северна Македонија. Почитувањето на меѓународните договори е основен предуслов за нас како ЕПП. Во спротивно, Европа не може да функционира и ЕУ нема да го прифати ова“, напиша претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, на платформата Икс
Наместо честитка за изборната победа, претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, денеска ѝ порача на ВМРО-ДПМНЕ дека треба целосно да ги почитува одредбите од Преспанскиот договор и доследно да го користи уставното име на државата.
Ова е прво огласување на Европската народна партија по изборните победи на претседателските и на парламентарните избори на ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од ова „семејство“ на партии од десниот центар во Европа.
ЕПП досега не го честита ниту изборот на Гордана Сиљановска-Давкова за претседател на државата ниту победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори.
Својата порака Вебер ја упати преку објава на социјалната платформа Икс, во која вели:
„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба целосно да ги почитува обврзувачките одредби од Преспанскиот договор и доследно да го користи името ‘Северна Македонија’. Почитувањето на меѓународните договори е основен предуслов за нас како ЕПП. Во спротивно Европа не може да функционира и ЕУ нема да го прифати ова“.
Инаку, ова прашање се најде во јавниот дискурс во земјава и кај меѓународните партнери по собраниската седница за инаугурација на новоизбраната претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, која во заклетвата и во обраќањето потоа не го изговори уставното име на државата – Република Северна Македонија, туку употребуваше само Македонија.
По ова уследија реакции од официјална Атина, но и од Европската Унија, од каде покрај честитките по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова потсетија дека услов за земјава да продолжи на евроинтегративниот пат е и целосно почитување на обврските од Договорот од Преспа.
„За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат во пристапувањето кон ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“,
напиша Фон дер Лајен на 12 мај по инаугурацијата на новозибраната претседателка на државата.

По реакциите од Грција и од ЕУ, Мицкоски минатата недела во изјава за медиумите рече дека свечената заклетва на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова била достоинствена и оти од Грција очекувал честитка, а не „политички мускули“.
Што се однесува до употребата на уставното име на државата, тој нагласи дека комуникацијата во институциите и меѓу институциите останува согласно законот, но додаде дека „мое човеково право е како јас ќе ја нарекувам мојата држава“.
Една од последните пораки која дојде од Грција, каде што со внимание се следи секој потег на победниците на неодамнешните избори во земјава, е дека доколку новите власти во земјава ги интересира да останат на европскиот пат, треба да сфатат дека заврши предизборниот период и дека веќе е дојдено време да станат сериозни и да го почитуваат Договорот од Преспа.
Изјавата дојде од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој во телевизиско интервју дополнително кажа оти не ја исклучува можноста и од големи меѓународни притисоци, притоа навраќајќи се на реакциите кои уследија од ЕУ веднаш по инаугурацијата на новата претседателка на државава, за кои рече дека биле резултат на грчките интервенции. Во таа насока, тој посочи дека во овој момент Грција не е сама.