Ефикасноста мора да ја зголемиме. Велиме ќе ја достигнеме платата до 34 илјади денари, но таа плата треба да се сработи. Инаку, има огромен врој луѓе кои земаат 40 илјади денари плата, а работат за 80 илјади. Но има гполем процент луѓе кои не си ја сработуваат работата за платата што ја добиваат“, беше категоричен првиот човек на Владата
Премиерот Зоран Заев во неодамнешното гостување на јавниот сервис откри многу интерсни сознанија за тоа колку дел од јавната администрација не си ја работела својата работа за која е платена.
„Мора да се потсредиме, мора ние функционерите да бидеме пример за сите. Сите директори кои Владата ќе ги именува треба да знаат дека кршење на закон ќе значи затвор, а неетичко однесување ќе значи оставка или разрешување’ – нагласи Заев пред новинарите.
„И на крајот, треба да работиме. Го кажав во експозето, го кажувам и сега. Не може наутро, одиме на работа, во 8 часот или во 8.30, кафето да го испиеме, весникот да го прочитаме, да искоментираме нешто, и надвор. Забележуваат луѓето, ни кажуваат – администрацијата ви шета, не работи. А најголем дел од парите од буџетот одат за асминистрацијата. Не може така, работното време е 8 часа. Значи и да не е добар работник, кога ќе седи осум часа на работа, ќе смисли некоја работа, па ќе сработи некој предмет повеќе“
Заев кажа и еден. Во Владата пред една година поставиле комплетен механизам на следење на работата на администрацијата – во Генералниотсекретаријат и во Кабинетот на премиерот. Инаку, јнагласи тој, кога дошол како претседател на Владата, останале сите луѓе да работат, се разбира тие што сакаат да работат. Некои сами заминале, отишле во други институции. И сега, врзан е целиот систем на предмет во архива. „И ако немаш предмет, немаш во архива задолжено предмет, ти немаш што да работиш. Значи, ти можеш да доаѓаш секој ден и да си се отчукуваш со картичката секое утро и секое попладне, ама ништо не си сработил“ – тврди Заев.
„И огромен е процентот на луѓе за кои се покажало дека после таа година, не работеле ништо. Што треба сега да направи премиерот и генералниот секретар. Треба да им каже – фала дечки, нема потреба од вашето работно место. Или, нема предмети за вас, или не ги работите предметите. Ефикасноста мора да ја зголемиме. Велиме ќе ја достигнеме платата до 34 илјади денари, но таа плата треба да се сработи. Инаку, има огромен врој луѓе кои земаат 40 илјади денари плата, а работат за 80 илјади. Но има гполем процент луѓе кои не си ја сработуваат работата за платата што ја добиваат“, беше категоричен првиот човек на Владата.
Владата на Република Северна Македонија, според нејзините поставени цели, ќе работи на создавање стручна и ефикасна, отчетна и транспарентна администрација која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизнис-секторот и ќе ги заштити нивните права. Со примена на принципите на праведност и стручност при вработувањето и објективност при унапредувањето и наградувањето на вработените во јавната администрација, Владата на Република Македонија ќе создаде администрација која ќе се ослободи од партиските спреги и ќе се посвети на решавање на проблемите на граѓаните и деловните субјекти, почитувајќи ги начелата на законитост и непристрасност при вршењето на должноста.
Владата на Република Северна Македонија ќе предложи нова стратегија за реформи во администрацијата и ќе воспостави Центар за одличност кој ќе врши реална и независна анализа и оценка на јавните политики и ќе предлага нови методи и начини за подобрување на работата на институциите и администрацијата.
Владата на Република Северна Македонија посветено ќе работи на остварување на темелната вредност на уставниот поредок – соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, како и во јавните претпријатија и државните компании.
Владата итно ќе го реши проблемот со државните службеници кои долго време примаат плата, а не се распоредени на работни места. Постои оправдано незадоволство и од нивна страна, но и од страна на јавноста за ваквата пракса.
Владата ќе воспостави администрација која посветено ќе работи во служба на граѓаните и која ќе биде наградена за својот ангажман во полза на граѓаните, а не поради партиска или друга припадност. Затоа, Владата веднаш ќе ги објави податоците за бројката на нераспоредени државни службеници и ќе усвои план за нивно итно распоредување на работни места и професионален ангажман. Во рамките на реформите во администрацијата, Владата на Република Северна Македонија предвидува:
- Воспоставување Јавен регистар на администрацијата во кој ќе биде објавен вкупниот број на постојани и привремено вработени лица во јавниот сектор. Регистарот ќе биде јавно достапен и редовно ќе се ажурира. Граѓаните ќе имаат увид на сите вработени во јавната администрација, засекоја институција.
- Вработување без непотребни трошоци, заради што ќе предложиме законски измени потребните документи за учество на јавен оглас за вработување кои кандидатот да ги обезбеди од други институции, по службенадолжност, институцијата која ја спроведува постапката. Од исти причини,ќе се предложи укинување на тестот на личност (психолошкиот тест) како услов за вработување.
- Воведување флексибилно работно време на институциите што ќе започнува од 7.30 до 8,0 часот наутро и ќе трае соодветно, до 15.30, односно16.30 часот попладне. Дополнително, во една институција ќе направимепилот-проект за 6-часовно работно време, со цел да се утврдат ефектите врз продуктивноста во работата.
- Институциите кои имаат значителен обем на работа, и во кои граѓаните реализираат клучни права, да работат двосменски, односно до 20 часот,за да може да се обезбеди услуга на сите граѓани навремено.
- Да отпочне процес на широки консултации со заинтересираните страни за воспоставување на нов систем на оценување во јавниот сектор. Оценувањето ќе се врши според параметри кои се видливи и можат да семерат како што се редовност во работењето, ефективност, ефикасност,професионалност и стручност при извршувањето на работните задачи.
- Да ги зголемува платите во јавниот сектор врз основа на растот на македонската економија. Вработените во јавниот сектор ќе се наградуваатзаради постигање на исклучителни резултати и поголема посветеност наработата.
- Да го ревидира постоечкиот систем на обуки и да воведе систем на обуки и за избрани и за именувани лица.
- Да воведеме единствен електронски систем на кој ќе бидат поврзани сите државни институции. Овој електронски систем ќе го користат сите апликации за давање на јавни услуги кои државата ги нуди на граѓаните. Притоа секој граѓанин да добие единствен дигитален потпис, за најава при користење на сите тие апликации, по урнекот на скандинавскитеземји. Со тоа, ќе обезбедиме лесна контрола во давањето на услуги засите граѓани, а истовремено ќе се стави крај на чекање во редови и давање мито на надлежните административни службеници. Ова решение целосно ќе биде во употреба во третата година на мандатот.
- Во меѓувреме, во првите 180 дена од мандатот Владата ќе ги елиминира сите непотребни документи кои ги бараат институциите во управните постапки, сошто ќе се намалат дополнителните трошоци, а вкупната цена на услугитеќе биде јасно прикажана; ќе обезбедиме целосно електронско издавање на 50 најчесто издавани потврди или документи, а на секои шест месеци, ќе се зголемува за 10% бројот на е-сервиси кои институциите им ги нудат на граѓаните.
- Да се предложат законски иземни за обезбедување кратки и ефикасни управни постапки, со цел за секоја постапка поединечно јавно ќе сеобјават чекорите во постапка и кои службеници се задолжени за постапување; а сите прекршувања на постапката ќе бидат санкционирани, за штово Државниот управен инспекторат ќе се воспостави телефонска линија каде граѓаните и компаниите ќе може да пријават сомнеж за сторен прекршок.