Американската амбасадорка најави тим за санкции од САД што ќе ја сузбива корупцијата во македонското општество. Тимот веќе е дојден а во понеделникот требаше да дојдат двајцата високи функционери. Нема детали за одложување на посетата за после Нова година
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2022/12/dvoecdvoec.jpg)
Тим за санкции од Вашингтон беше најавен да дојде и да преземе поагресивен пристап кон минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни постапки. Ова преку Фејсбук-страницата на Амбасадата на САД во Скопје, како и преку социјалната мрежа „Твитер“ го соопшти американската амбасадорка, Анџела Агелер. Во продолжение од пораката таа упати строги критики кон состојбите во македонското правосудство.
„На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша амбасадорката Агелер. Таа претходно изрази критика и при изборот на Ислам Абази за прв човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Како што беше истакнато, резултатите од изборите на кои гласаа обвинителите биле збунувачки.
Не е тајна дека американската администрација ја смета корупцијата за еден системски и ендемски проблем на целиот Западен Балкан и еден од најглавните кочници на целиот регион. Можни се конкретни чекори од нивна страна
Можни се конкретни чекори за санкционирање или обележување на корумпираните функционери. Американската администрација, поради сегашната геополитичка ситуација, гледа многу попрагматично на овој регион.
Така смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски, за последната најава од американската амбасадорка Анџела Агелер дека се пристигнати тимови од Вашингтон за справување со корупцијата.
„Не е тајна дека американската администрација тоа го смета за еден системски и ендемски проблем на целиот западен Балкан и еден од најглавните кочници на целиот регион да ги постигне неопходните стандарди за евроинтеграција“, вели Арсовски во кусиот разговор за Гласот на Америка.
За потсетување, амбасадорката на САД, Агелер, која на позицијата е повеќе од еден месец, најави дека една главните цели за кои ќе се залага е искоренување на корупцијата во земјава.
Во таа насока беше и нејзината денешна најава во која прстот е посочен кон поранешни и сегашни лица вмешани во корупција.
„Тим за санкции од Вашингтон е тука да преземе поагресивен пристап кон минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни постапки. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, објави Агелер на „Твитер“, а истото го реобјави и американската амбасада на Фејсбук.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2022/12/PETAR-ARSOVSKI.jpg)
Според аналитичарот Арсовски, војната во Украина придонело за попрактичен пристап на американската администрација кон проблемите на Балканот.
„Тоа што можеме да го забележиме кај администрацијата на САД е дека сегашната геополитичка ситуација ги прави да го гледаат овој регион низ прагматична призна, а не само низ дипломатската. Тоа што можеме да го очекуваме е еден подиректен пристап или условно да речам, еден поагресивен поглед и поконкретен пристап во справувањето со овие проблеми. Не само владеењето на правото, туку и демократијата и другите неопходни структури“, додава Арсовски.
Аналитичарот исто така очекува да има резултати и одредени промени на локално ниво. Но, додава дека е очекуван и отпор од структурите вклучени во коруптивни дејствија.
„Сепак, да се има во предвид дека корупцијата на Балканот е од ендемски вид. Така што оние структури кои се занимаваат со корупција ќе имаат отпор кон т.н. чистење на теренот. Мислам дека притисокот или поддршка од меѓународната заедница ќе биде неопходна“, смета Арсовски.
Тој не очекува дополнителни условувања од САД и од ЕУ, но додава дека ќе нема ни попуштања за нерешените проблеми.
„Ние нема да можеме да ги затвориме поглавјата што се однесуваат на тие проблеми, додека истите не ги адресираме сериозно. Не треба да се лажеме дека желбата и политичката волја за брз напредок на Западен Балкан кон ЕУ, ќе направи ЕУ и меѓународната заедница во таа смисла да ни прогледаат низ прсти. Не. Тие механизми постојат, во самите преговори тоа е веќе вградено“, заклучува Арсовски во кусиот разговор за Гласот на Америка.
Советникот во Стејт департментот, Дерек Шоле и делегацијата во која што требаше да биде заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар ја одложија посетата на Северна Македонија. Од Американската амбасада во Скопје за ДВ потврдуваат дека добиле известување дека американскиот тим кој требаше в среда да допатува во Скопје, има испратено известување дека посетата на регионот се одложува за по Нова Година. Нема објаснување зошто е одложена посетата.
Првичната најава беше дека американскиот тим ќе ја посети Македонија во рамките на нивната турнеја во земји од Западен Балкан – Косово, Србија, БиХ, Црна Гора, а потоа и на Хрватска, за на крајот да заврши со посета на Брисел. На средбите во Скопје во план е да се разговара за низа прашања, вклучително и за борбата против корупцијата, економијата и енергетиката.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2022/12/prosleduvanje.jpg)
Најавите за пристигнување на американската делегација предизвика раздвижување во земјата, но и ги подгреа и претпоставките кој се би можел да се најде на црната листа на САД и на удар на санкции поради криминал и корупција.
Нивната посета беше најавена откако претходно тим за санкции од САД пристигна во Северна Македонија и ќе врши увидво поранешните и сегашните корумпирани функционери, по што ќе следува и соодветен одговор. Американската амбасадорка Анџела Агелер минатата недела информираше дека тимот за санкции од Вашингтон е тука заради поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. „На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и обвиненија за да се покаже дека никој не е над законот“, порача Агелер на Твитер.
Ваквата посета следи амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во неколку наврати ја посочи корупцијата како еден од најголемите проблеми за развој на земјата. Заменик помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Балкан, Габриел Ескобар најави дека се предвидуваат санкции за корумпирани официјални лица од Балканот кои ќе бидат тргнати од одговорните позиции.
Стејт департментот и американското Министерство за финансии на 11 април годинава ги ставија на црна листа експремиерот Никола Груевски и поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков. Според Стејт департментот, нивните дела ги поткопуваат владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси и ја еродираат јавната доверба во владата.