Социјалдемократската партија на Германија го предлага Шолц одновоза канцелар. На изборите што следат тие би освоиле, според прогнозите, околу 15 отсто од гласовите што ги прави трета партија, зад профашистичката Алтернатива за Германија
Владејачката Социјалдемократска партија на вонреден конгрес во Берлин одлучи нејзин кандидат за канцелар на предвремените избори на 23 февруари да биде актуелниот шеф на владата Олаф Шолц.
Од речиси 600 делегати кои присуствуваа на конгресот, само пет беа против кандидатурата на Шолц, објави Дојче веле.
Обраќајќи им се на колегите од партијата, Шолц рече дека Германија е на „крстопат“, повика на „обичните луѓе“ да им се обезбедат правични плати, поволни станови и стабилни пензии и ја обвини конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ за промовирање политики во корист на „10 проценти од најбогатите“.
Тој посочи дека не е јасно што точно се залага ЦДУ/ЦСУ и дека немаат развиено јасни политики за справување со недостигот на работна сила во земјата или транзицијата кон чиста енергија.
„Доколку Германија направи погрешна насока, по изборите ќе се разбудиме во сосема друга земја, а тоа не смее да се случи“, рече Шолц.
Шолц повика и на заштита на принципот на суверени граници, неколку дена откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека ќе ја преземе контролата врз Гренланд со сите потребни средства.
„Ова е принцип до кој мора да се придржува секоја држава, без разлика дали е мала или голема и моќна“, рече Шолц.
„Ниту една земја не е туѓ двор, ниту една земја не треба да се плаши од своите поголеми соседи. Тоа е суштината на она што ние го нарекуваме западни вредности“, додаде тој, според N1.
Неодамнешните анкети покажуваат дека СПД може да се најде само на третото место на изборите во февруари, бидејќи моментално има поддршка од само 15 отсто од гласачите. Пред неа се коалицијата ЦДУ/ЦСУ со 31 и Алтернатива за Германија со поддршка од 21 отсто.