Локалните жители велат дека повеќе од 20 куќи биле целкосно закопани под тресетот во Шојна, некогаш зафатен риболов пристаниште. Храната во единствената продавница е двојно поскапа како во блискиот град
СЕРГЕЈ ПОНОМАРЈЕВ
Рибарското село Шојна, сместено во руското крајбрежие на Белото море, полека исчезнува под песокот, која ги опфаќа куќите во целина, само на врвовите на покривите ѕиркаат над дините. За децата тоа е волшебно место: тоа е природно игралиште со дини со падини насекаде. За сите нив, животот во овој морничав пејсаж е можеби поподнослив.
Ана Голубовцева живее на вториот кат од нејзината куќа. Приземјето е претворено во несакана плажа. „Тука ќе мора да се ангажира булдожер да се отстрани песок, а потоа повторно истото да се повтори следната година, бидејќи песокот повторно не ќе зароби” –вели таа. Во куќите околу неа многумина соседи влегуваат преку покривите, директно во таванот па се симнуваат надолу, да речеме – во собите. Повеќе од 20 куќи се целосно неупотребливи, дуири ви кога би се користеле такви импровизации. Тие домови се, велат тука „погребани“.
По Втората светска војна, Шојна била зафатено рибарско пристаниште, од каде рибарите постојано ги надминувале предвидените квоти на риболовот. Но, прекумерниот риболов не само што ги осиромашувал локалните резерви, туку исто така го нарушил постојниот екосистем. Рибарски бродови кои пловеле го чиустеле дното на морето, полно со алги и тиња. И како што немало ништо да ја задржи плимата, брановите почнаа да го фрлаат песокот од дното комн брегот.
Ова нарушување на морското дно во комбинација со менување на нормалнмиот дсоток на вода низ селската река која се вливала во морето, веројатно предизвикала инвазија на песок. Ова го мисли и Сергеј Уваров, координатор на проектот за морскиот биодиверзитет на WWF во Русија. Не се спроведени студии за топа.
Лете, малите авиони и наизменични хеликоптери се единствениот начин да се стигне до Шојна. Евдокија Сахарова, 81, е неофицално задолжена за добредојде во ова село и излегува пистата за пристигнување во селото.
Кога беше млада, целата оваа област била полна со тревнати ливади каде кравите оделе на пасење и сите селан имале и своја фарма. „Жал ми е за времињата кога селото имаше многу живот, а секако и селани”, вели таа.
Во својот врв, од развојот селото имало над 800 луѓе, денес има 285. Јасно, селото нема канализација а вода се вади од бунари. Куќите се греат на дрво или јаглен. Храната во единствената продавница во Шојгу е двојно поскапа во однос на најблискиот град.
Дебати за тоа дали да остане во Шојно или да се остави постојат со децении Преселувањето може да се финансира со помош на федералната програма за помош на жителите на оддалечените северни области. Многу млади луѓе одат да студираат, работат или патуваат. Но, по некое време тие се враќаат: Тешко е за нив да се прилагодат на урбаниот живот по години поминати во селото.
„Шојна магично ме привлекува”, вели Павел Коткин, 21. „Четири години учев во градот и ете ме назад. Го сакам Шојна и сакам да живеам овде. Не можам без него. Моите нозе страдаат од асфалтот “, вели тој. Неговата сопруга Евдокија Коткина има потекло од локалните номади, од племето Ненети. Отиде по вечера, да фати малку риба, неа барем ја има доволно за да се преживее. Надвор 4-годишниот Максим Со0ловјев, си игра на дините, тие се природни лизгалишта. За најмладите ова село има некоја магија.Секој петок или сабота тука доаѓаат морнари од една база и се прави игранка. Младата Карина (24) се жали дека најтешко е што нема забава за младите. Таа ја воиди локалната матењоролошка станица тука и добива државна плата.