Македонија е меѓу првите во светот, во која е вградено целосно вештачко срце
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
На 11 јули годинава требаа да се одбележат десетте години од смртта на најславниот кардиохирург на сите времиња – Дебејки (100). Некако во време на таа годишнина во Македонија се случи првото пресадување на вештачко срце на пациент во Клиниката „Аџибадем Систина“.Во светот се изведени вкупно 1 800 вакви операции,според информацијата добиена од болницата, а нашата земја влезе на листата од 25 земји во светот каде што се изведува оваа најтешка и најкомплексна интервенција во кардиохирургијата, покрај држави како што се САД, Канада, Франција, Германија, Турција, Велика Британија, Италија.
Вградувањето на целосно вештачко срце во Македонија е изведењно врз пациент кој е маж на 46-годишна возраст и е од Штип, со исклучителна срцева слабост, а по оперативниот зафат е во стабилна здравствена состојба и се чувствува добро јавија од болницата.
Операцијата траела пет и пол часа и завршила во средата (11 јули) рано наутро, комплетно ја извел тимот од „Аџибадем Систина“, предводен од шефот на Одделот за кардиохирургија, проф. д-р Александар Николиќ.
Споменувањето на Де Бејки во овој повод секако не е случајна. Овој кадиохирург и иноватор, овозможи да се отвори широк простор за работа на кардиохирурзите во минатиот и овој век. На 23-годишна возраст, додека се уште бил во медицинско училиште на Универзитетот Тулан, Де Бејки развил валчеста пумпа, чијашто важност не била реализирана но 20 години подоцна станала суштинска компонента на машината за срцеви бели дробови.
Пумпата обезбедила континуиран проток на крв за време на операциите. Ова пак, овозможило операција на отворено срце. Пумпата за ролери прво била измислена за трансфузија на крв од Егип Е. Ален од 1881 до 1890 ја патентирал, а потоа била заборавена.
И самиот Де Бејки морал да има отворена операција на срце за да преживее. На 31 декември 2005 година, на возраст од 97 години, ДеБаки претрпел аортна дисекција.
Де Бејки првично се спротивстави на хируршката опција, но како што неговото здравје се влошувало и ДеБаки не реагира, хируршкиот тим одлучил сам да преземе ризик со хируршка интервенција. Во контроверзна одлука, етичкиот комитет на Хјустонската методистичката болница етика комитет одобри операција а Де Бејки така станал најстариот пациент кој некогаш бил подложен на операција за која бил одговорен. Операцијата траела седум часа. По комплициран пост-оперативен курс кој барал осум месеци во болницата по цена од над еден милион долари, Де Бејки беше ослободен во септември 2006 година и се врати со добро здравје. Иако Де Бејки претходно одбил хирургија, тој подоцна изјавил дека е благодарен што неговиот хируршки тим ја извршил операцијата.
Со неговиот ментор, Алтон Окснер, тој ја постулираше во 1939 година силната врска помеѓу пушењето и карциномот на белите дробови. Де Бејки беше еден од првите кои извршиле коронарна артериска бајпас хирургија, а во 1953 ја изведе првата успешна каротидна ендартеректомија. Пионерот во развојот на вештачко срце, Де Бејки беше првиот кој успешно ја користел надворешната срцева пумпа кај пациентот – пумпа за лево вентрикуларна бајпас.
Де Бејки беше пионер во употребата на гранули Дакрон за да ги замени или поправи крвните садови. Во 1958 година, за да се спречи стеснувањето на артеријата предизвикана од ендартеректомија, Де Бејки ја изврши првата успешна ангиопластика на печ-графт. Оваа постапка вклучуваше кршење на пресекот во артеријата од ендартеректомија со Дакрон или венозен графт. Пликот ја проширил артеријата, така што кога се затвори, каналот на артеријата се врати во нормална големина. Вештачкиот графт на кардиопхирургот сега се користи во целиот свет за да ги замени или поправи крвните садови.
Во 1960-тите, Де Бејки и неговиот тим на хирурзи беа меѓу првите кои ги снимиле операциите на филмска лента, што има големо значење во дукацијата на лекарите.
Покрај операциите врз брианскиот крал Едвард Седми, потоа врз бизнисменот Хенри Форд и претседателот на Русија Елцин, своевремено (1968) го оперира и младото момче Душан Влач, кој благодарејќи на преадено срце стана тогаш прв Југослевен кој доби вакво срце и живееше со таа „позајмица“ во себе уште неколку години.
Генијалниот Ерменец и натурализиран Американец не ја објави првата операција од тој вид. Тоа го стори .Кристијан Бернард во Јоханесбург во 1967 година, но пациентот живееше само 40 денови.
„Срцето е само пумпа а ако неа и заврши функцијата едноставно треба да се замени“ – постојано велеше славниот кардиохирург
Тоа веројатно го мислат и во „Аџибадем Систина“..
„Вградувањето целосно вештачко срце беше единственото решение за пациентот, кој поради изразена форма на срцева инсуфициенција, функционираше со само 15 отсто од капацитетот на срцето. Со новото срце, тој доби нова шанса за живот и нови шест години за наоѓање соодветен трансплантат. При интервенцијата, комплетно беше отстрането неговото срце и го заменивме со целосно вештачко срце. Оваа интервенција е најдоброто решение, особено кај пациенти кај кои срцевата инсуфициенција е присутна и во десната и левата комора и е значително покомплексна интервенција, за разлика од вградувањето вештачка LVAD-пумпа, којашто дава механичка поддршка единствено на левата срцева комора”, изјави проф. д-р Николиќ.
Ова операција на вградување вештачко срце е прва во Македонија, а втора во регионот, по онаа минатогодишната на Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње” во Белград, исто така изведена од проф. д-р Николиќ.
Механичкото срце е со иста големина како и природното. Се напојува со батерија, којашто, по излегувањето од болницата, пациентот ќе ја носи во специјален ранец на грб, со тежина од шест килограми. Вградувањето механичко срце е тренд во светската кардиохирургија, со оглед на фактот што сè потешко се доаѓа до донорско срце.
Не позната цената која ја платил пациентот, но тоа се вообичаено многу скапи операции . Лани таква операција вон земјата едно младо момче од Скопје ја плати 300.000 евра. Коментирајќи го ова д-р Жан Митрев, сопственик на специјалната болница „Филип Втори”, рече дека во земјава има и други пациенти кои одат во странство за трансплантација, а дека таа може да се направи и во неговата „Филип Втори” доколку се отстрани административната забрана која не им овозможува да се реализира оваа интервенција во нивната болница. Митрев уште пред 20 години направил трансплантација на срце во болница во Германија. Тој појаснува дека кај младите луѓе може да се случи многу лесно да настанат компликации кај срцето, дури и од една обична настинка и да дојде до тежок миокардит, воспаление на мускулот на срцето и еден млад човек што бил здрав во рок од неколку дена да стане многу тешко болен и да му биде неопходна итна транплантација.
– Сите овие операции, ако нема административни пречки, можат да се реализираат во нашата болница. Ние сме опремени со вештачко срце и помагаме на пациенти што се во многу тешка ситуација. Тие може со денови, па и месеци на бидат поставени на оваа машина за да можат да дочекаат органот да им се трансплантира – вели д-р Митрев.