ЖАРКОТРАЈАНОВСКИ
Има ли разлика помеѓу Скопје 2017 и Скопје 2021? Има, ако имаш меморија за да направиш споредба.
1) Скопје 2017: Град на етнички конфликти во кој се скандира „За Чиста Македонија“, против двојазичност и федерализација, за да не падне режимот на Груевски.
2) Скопје 2017: Еден од најзагадените градови во Европа, без зелени политики и мерки против аерозагадувањето и климатските промени.
3) Скопје 2017: Главен град на кичот, барокот и спомениците (Скопје 2014) со искасапено зеленило во центарот.
4) Скопје 2017: Град во урбанистички хаос како последица на криминалните апетити на Грујо ГУП, Миле ДУП, и Коцекабана.
5) Скопје 2017: Град без попис на население – поделен град со нерамномерен развој меѓу левата и десната страна на градот.
6) Скопје 2017: Град со блокирани тротоари и велосипедски патеки, без зелени кровови и скверови, со криминално набавени двокатни дизелаши кои го зголемуваат аерозагадувањето.
7) Скопје 2017: Град со испосечено Водно, пикирано за изградба на „Сончев град“, „Беверли Хилс“ и плацови за хациенди криминално купени од урбаната мафија.
8)Скопје 2017: Град со испустени градски плажи, исушени палми и бетонски „пиратски“ галии во Вардар легализирани како „сплавови“.
9) Скопје 2017: Град со култура на криминални споменици, лажен барок, лажни преводи на стручни книги, лажно културно наследство, наци-документарци и филмови, црква-музеј на Кале, партиски музеј со восочни фигури, квази-археолошки музеј и еден мега-автор – архитект, урбанист и експерт за барок и класицизам.
10) Скопје 2017: Град во која власта бега од политички дебати и новинарски прашања, град на „куртон“ телевизии и медиуми, град кој до 2017 немаше цела деценија доживеано слободни избори.
Има ли разлика помеѓу Скопје 2017 и Скопје 2021?
Има, ако имаш меморија за да направиш споредба.