Општествата мора да се работат повеќе на стабилизирање на анксиозностите кои призлегуваат од минатото, како би се обезбедило чувство на онтолошка сигурност, но и на регионална безбедност
АНА ЧУПЕСКА СТАНИШКОВСКИ
Уште веднаш сакам да одговорам на прашањето поставено во насловот и за жал, мора да се согласам дека јаз се’ уште постои , но, мора да сме свесни дека тој беше полтички индуцирани од некои минати политики и во драстично различни политичко- безбедносни околности.
Денес , за среќа, контекстот е променет и иницијалните гестови за нормализација на односите се поттикнати од актуелните естблишменти. Лидерите на двете земји ја препознаа и важнсота и можноста за градење доверба и добрососедски односи. Замислете , Македонија и Грција на пример, успеаа да остварат соработка за најсензитивните прашања поврзани со границите – најнепосреден означувач на суверенитетот на државите, и тоа во екот на бегалската криза. Тоа е за пофалба, иако, за сензационалистичките медиуми тоа не беше доволно добра вест. Од друга страна ова ниво на соработка не е довлно. А за тоа еден од доказите е дека немаме центар за соработка во областите на правда и внатрешни работи, каков што Македонија веќе има воспоставено со Бугарија , Албанија, Косово и Србија. Ова е од особено значење за регионалната безбедност, ми се чини.
ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА Затоа, за да се пополни јазот потребна е значајно поголема соработка и тоа на три нивоа независно од течењето на преговорите. И тоа, прво, на ниво на политички лидери (со почести средби и тоа, паралелно од средбите за името), Второ, на ниво на институции (соработка меѓу парламентите, админитрацијата и локалните самоуправи – како што се иницијациите меѓу Атина и Скопје,) и трето, на ниво на граѓанско општество (универзитетите, незвисните културни сцени, синдикатите, медиуми , бизнис коморите итн).
Имено, општествата мора да се работат повеќе на стабилизирање на анксиозностите кои призлегуваат од минатото, како би се обезбедило чувство на ОНТОЛОШКА СИГУРНОСТ , но и на РЕГИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ. Убедена сум, тоа е можно, ако има силна полтичка влоја од двете страни кои ќе поттикнат поинтензивни контакти на сите три нивоа. Тие би требало да се остваруваат независно од решавањето на спорот .
Сакам да ја нагласам, дури и да не се изнајде решение за спорот за името до рокот што го посакуваме, пријатеслката надворешна политика (или како што се имeнува во науката за меѓународната политика – friendship in foreign policy) може да биде експлицитна и легитимна цел на една државна надворешната политика. A таква е , сигурна сум, актулната надворешна политика на нашата земја. Доказ е прво, успешниот договорот со Бугарија, а во односите со Грција, упорноста и посветеноста за изнаоѓање на решение за спорот со Грција.
КАКО ДО ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОСИ? Прво преку, комуникација, и континуиран дијалог заради контакт на културите. Од пресудно значење е создавњето на заеднички КОГНИТИВНИ И НОРМАТИВНИ РАМКИ. Првите, се содаваат токму со континуиран дијалог, а вторите со конкретни билатерални и мултилатерални договори за соработка.
Треба да се поработи и на заедничко споделување на структурите на значењето, взаемна когнитивна консолидација за макар слично, а не може истоазбирање на меѓународниот поредок. Но, треба да се создадат и преклопувачки „биографии“ и да им се даде важност наместо на кслузивните национални наративи и на транисториските наративи, а тоа се прави преку споделено читање на историјата и историската меморија (никако преку национално шовинистичкото ) и тоа , вредносно ориентирани кон иднината.
Дополнително, ајде да се запрашаме дали е во интерес на земјите да не ги негуваат добрососедските односи , посебно земајќи го предвид грчкиот капитал во Македонија (нафтени бизниси, увозот, енергетски аспекти – па, минатата недела се случи значајна енергетска зделка – вицепремирот Анѓушев ја продаде фирмата на грчки сопственик,) . Се прашувам што би се случило доколку да речеме, не ги подобриме односите и доколку во скоро време не се затвори прашањето за името, а Македонија не добие шанса за влез во НАТО / ЕУ. Дали, впрочем тоа е во интерес на грчкиот капитал?
Штом знаеме дека капиталот нема граници, и бара слободно протекување, зошто тоа не е можно на ниво на вкупните општетства ? Слично, соработката меѓу независните културнрни сцени во двете земји засега непречено се одвива. Такви се примерите потиканти од независните културни сцени во двете земји: КООПЕРАЦИЈA; NATIONLESS ; REIDENTIFICATION, се позитивни примери дека соработка е можна , а вреди да се спомене и грчко-македонската копродукција за филмот на Ѓорче Ставрески , како и режисерските успеси на Унковски и Поповски во Грција. Но, за сензационалистичките медиуми, тоа не е доволно атрактивна вест, нели ?! Наспроти тоа, медиумскиот фокус е ставен на „ќосињата“ или на членовите на Златна зора и слични маргинални мизерии. Сакам да кажам, ваквите позитивни појавности треба медиумски да бидат мејнстримизирани.
НУЖНОСТ НА ДЕНЕШНИЦАТА Убедена сум дека пријателските односи во неизвесни времиња како денешните се поважни од било кога претходно, имајќи ги предвид регионалните, па дури и глобалните безбедносни ризици. Дека потребата од градење на пријателски односи е нужност на денешницата, зборува и тоа што од неодамна, дури и во науката за меѓународната политика се роди нова дискурсзивна линија/подрачје на т.н.пријатлски ндворешни политики која се обдува да ја замени застарената, а за жал во некои умови се’ уште доминатна парадигма за разбирањето на меѓународните односите како тие да се нужно непријателски и наместо тоа, оваа дискурзивна новина во науката за меѓународните односи, се фокусира на праксите на соработката и солидарност меѓу држватие, на градењето на нивните пријателски релации. Цела една плеада на научници докажуваат дека меѓународното пријателство не само што е можно туку е и пожелно за глобалната безбедност (Кинг, Вајн, Ван Хоеф итн…).
За да не звучам апстрактно за полезноста од пријателствата меѓу државите, ќе посочам на франсуско – германското преијателство кое долги години наназад се комеморира како „длабоко пријателство” – на денот на потпишувањето на Елисејскиот договор; или , Чешко – ерменското пријатество , кое е и нормативно декларирано; Холандско –Јапонското пријатество (во 2000 година ја прославија 400та година на тоа исто пријатество), и многу други слични позитивни примери. Тие треба да бидат репер за добрососедските односи меѓу Македонија и Гриција.
(Текстот беше дел од настапот на авторката на трибината „Каде е јазот – името ли е или непознавањето едни со други?)