Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ШТО Е СПОРНО ДА СЕ БИДЕ БУГАРИН НА ИЗБОРИ?

November 2, 2021 Filed Under: Колумни

БИЉАНА СЕКУЛОВСКА

Некому логиката му говори дека е подобро е да се биде признаен како Бугарин, отколку отфрлен како Македонец. Подобро ли е навистина? Нека ни одговорат сведоштвата на Македонките и Македонците на кои окупаторите им ги корнеле ноктите во време на Втората светска војна. Доколку не го знаеме одговорот, тогаш навистина ли заслужуваме да им бидеме наследници?

Дали Данела Арсовска е всушност бугарска државјанка, со пасош, лична карта и гласач во Петрич- зошто би било проблем? Зошто тоа би било спорно воопшто за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ?

Како што веќе доволно долго време е познато, Бугарија е нашата најблиска добрососетка, отсекогаш великодушна доброчинителка, вековно широкограда, пријателски наклонета, братски врзана, како со папочно црево неодвоиви сме и затоа и неуништливи- во таа љубов заедничка.

Ни се наоѓала таа, милата пријателка Бугарија, во најтешките моменти, особено и најмногу тогаш кога нѐ окупирала и асимилирала, нѐ прекрстувала и поробувала, сѐ со добри намери и златно срце.

Сите тие докази се одамна потпишани на спомениците, сведоштво како гинеле нашите семејства, нашите предци, партизаните, со име и презиме, и со појаснување- од раката на бугарскиот фашистички окупатор.

Поминаа години, децении, се сменија во нашите две држави влади и политичари, се ставија потписи на добрососедство и пријателство, затоа што само така иднината може да изгледа.

Историјата не може да биде избришана, архивите не можат да бидат фалсификувани, ниту книгите запалени, но иднина мора да има, во која омразата и нетрпението не смеат да имаат повеќе збор.

Но, потоа сѐ се врати од почеток. Најголемиот гест за широка прегратка и несомнено пријателство повторно стапи на сила, со блокадата на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ. Непризнавање од официјална Бугарија- на македонскиот јазик, на македонската историја, на македонската националност, на идентитетот во тој контекст, можат само да бидат уште позначаен, поголем, гигантски доказ зошто е многу важно да се поседува бугарски пасош, бугарско државјанство и бугарска лична карта.

Ништо не е спорно, напротив. Некому логиката му говори дека е подобро е да се биде признаен како Бугарин, отколку отфрлен како Македонец. Подобро ли е навистина? Нека ни одговорат сведоштвата на Македонките и Македонците на кои окупаторите им ги корнеле ноктите во време на Втората светска војна. Доколку не го знаеме одговорот, тогаш навистина ли заслужуваме да им бидеме наследници?

 

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet