Белиот штрк во Македонија е симбол на повторливоста на животните циоклуси на годишно ниво ама и на прилагодливоста на животните со човечките заедници. На речиси уникатен начин
Големите штркови гнезда, поставени долж патиштата, високо на електричните столбови, се честа слика речиси низ сите делови на држвата од рана пролет па се до последните топли денови во есента. Враќањето на штрковите меѓу јавноста во Македонија се смета за неофицијален почеток на пролетта. Тие, заедно со ластовичките се првите знаци дека ладните зимски месеци завршуват и почнува новата сезона.
Кај нас, може да се сретнат два вида штрка; белиот штрк (Ciconia ciconia) и црниот шртк (Ciconia nigra). Иако ова се два многу блиски вида, сепак имаат различна екологија и за разлика од белиот, црниот штрк многу поретко може да се сретна на отворени простори. Преферира да живее во мирни зашумени области и своите гнезда ги прави подалеку од урбаните и руралните средини, на високи крошни од дрвја или пак карпи, слично како мршојадците.
За разлика од oвој ви, белиот штрк, во текот на развојот на човечките населби сосема се привикнал на живот со и близу луѓето, користејќи ги често, а во поново време најмногу човечките градба како место за поставување на своите гнезда. Затоа белиот штрк е честа во птица кај нас, особено во руралните, низински делови и низ котлините.
Белиот штрк е миграторна птица и таа секоја години пролетува илјадници километри од крајните јужни делови на Африка се до средна и централна Европа. Штркот порано бил присутен во делови на северна Европа и на територијата на Британија, но со технолошкиот развој и урбанизација се губеле живеалиштата погодни за исхрана за штркот. Овој вид забележал голем пад на своите популации токму за време на големата индустријализација и аграрната реформа во Европа во почетокот на 19-тиот век, што придонела за измени на земјиштето, мејалорација, уништување на влажните живеалишта и регулирање на речните корита. Белиот штрк денес е заштитен со Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици, со што државите потписнички се должни да спроведуваат различни мерки за заштита на штркот како и неговите живеалишта.
Според последниот спроведен попис за овој вид во 2015-16, во Македонија има 817 активни гнезда на штркови во кои живеат вкупно 3.661 штрк. Во Кочанското поле се најгусто населени и тоа со повеќе од 2 штрка на квадратен километар. Од нив во општина Чешиново Облешево се пребројани над 70 активни гнезда на штркови, каде што е регистрирано и најголемото гнездо со пречник од 3,2 метри, кое се наоѓа во с.Чешиново.
На нашата територија има вкупно 27 колонии на штркови погодни за парење. Овој попис покажа и промена во екологијата на белиот штрк кај нас. Споредено со предходниот ваков попис од 1958, се забележува дека штрковите сега одбираат да гнездат на високо напонските далноводи, што предходно не ни постоели низ државата. Гнездењето на објекти за домување е намалено за половина, а белиот штрк веќе речиси и да не се гнезди на дрвја.
Штркот освен како дел од македонското орнитофауна, е значаен дел и од македонскиот фолклор и култура. На пример, едно од најпрепознатливите и уникатни македонски дела е „Силјан Штркот” на Марко Цепенков. Доаѓањето на штркот е поврзано и со враќањето на пролета, како почеток на новата година, симболика која се пренела од старословенската култура до денес.
Популацијата на белиот штрк иако е засега стабилна, сепак се соочува со големи опасности. Зголемената урбанизација, лошото управување со водните ресурси и живеалишта, загадување на водите, нерегулираната употреба на отрови, прекумерната употреба на пестици како и непланското трасирање на инфраструктурни проекти како автопати и далноводи ја намалува можноста за одржување на популацијата на белиот штрк во нашата држава и претставува дотадна пречка во нивната долга и напорна миграција преку цела Африка, Медитеранот се до нас.
Од белиот штрк може да научиме многу; за посветеност, одлучност и издржливост. Преку неговиот живот учиме за постојана врска помеѓу човекот и другиот дел од природата како и за поврзаноста на екосистемите. Да земеме поука од приказната за Силјан Штркот и да се вратиме сите кон природата како подобри нејзини членови.