Отпочнување на преговорите или отфралење на предлогот со надеж дека некогаш во иднина ќе добиеме подобар. Што и да биде одлуката за Францускиот предлог, последиците ќе си ги сносиме сами, вели универзитетската пофесорка д-р. Ана Чупеска. Прванов: со симнување на ветото доаѓа крај на соновите за историјата на Софија. Време е да зачекориме напред – вели познатиот бугарски коментатор Бечев!
Ова прашање никако не смее да биде причина за прибирање на ситни политички поени, смета Чупеска во интервју за „Лидер“. Напротив, во овие моменти потребено е носење на заедничка одлука која е добро да произлезе од работната група формирана во Собранието, низ транспарентна процедура.
Предлогот што ни го даде ЕУ е нивен предлог, Не е наш! Треба да биде јасно дека ЕУ е субјектот кој ги поставува условите -„земи или остави“!-додава Чупеска.
Во овој момент е најважно да се смират тензиите и да не дојде до ескалирање на протестите. Чупеска апелира на голема претпазливост и опасноста да се довдеме до ситуација во која ќе сме само маша во рацете на воени профитери.
– Според последните случувања, смета таа, очигледно е дека некој има голем интерес за дестабилизација на земјата. За жал во подгревањето на атмосферата придонесоа и легални политички субјекти. Верувам истрагите во многу брзо време ќе ги утврдат инспираторите и нивните мотиви. Очекувам соодветни санкции за нив.
-Унијата си има свои сериозни предизвици итие се легитимни и несомнено и од наш интерес е тие предизвици да бидат решени. Ние сме дел од европскиот континент и нас не засега се што се одвива во овој геополитички простор. Најекспонентен пример за ова е фактот поврзан со енергетската криза.
Тоа што не е споменато проширувањето (во чешкиот предлог за активностите) апсолутно не значи ништо, со оглед на тоа дека претседателот на Советот Мишел (кој не дојде во лично својство, туку зборуваше во име на сите држави членки) недвосмислено разјасни дека проширувањето е на агендата. Уште повеќе сметам дека сите ние сме одговорни во своите јавно искажани зборови и ставови во овие клучни моменти за нашата земја.
Предлогот што ни го даде ЕУ е нивен предлог, унилатерален предлог. Не е наш! Ни понудија рамка за преговарање, во неа се содржани сите услови. Треба да биде јасно дека ЕУ е субјектот кој ги поставува условите – „Земи или остави“! Многу е едноставно. Што и да одлучиме а ќе одлучуваме во транспарентна собраниска процедура, ќе мора да сме апсолутно свесни за последиците од две алтернативи.
Првата – отпочнување на преговорите – во кои имаме шанса да преговараме, да се договараме, да се чуе нашиот став и глас, да се бориме за себе и секако во такви преговори – имаме шанса во секој момент да отстапиме од преговарање доколку некој не „малтеретира“,
Друга алтернатива е да го отфрлиме предлогот и да се надеваме дека некогаш во иднина ќе добиеме подобар, а во меѓувреме да се соочиме со имплозија.
Индикативна е во неделата што е зад која стои поранешниот бугарски претседател Георги Прванов.Најпрвин тој повика на конструктивен пристап помеѓу Софија и Скопје. Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Прванов, колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан и дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза. Поранешниот бугарски претседател изрази надеж дека ќе се направи потег да заврши и оваа сага.
Тој рече дека со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата – е неговиот најважен сегмент од изјавата!
„Очигледно, ветото не може да го смени ставот на македонското општество. Дури и повеќе од најблиските народи, какви што беа и како што нѐ прогласија двајцата премиери на Бугарија и Северна Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, земјите станаа најнепријателски“, коментира Прванов.
Во својот текст објавен во брисеолско „Политико“ познатиот бугарски политиколог Димитар Бечев вели во насловот „Време е Бугарија и Македонија да одат напред“. Само за потсетување, за малкумихнатат наши читатели кои не знаат ништо за него тој е предавач на Школата за глобални студии во Оксфорд.
„Во идеалниот свет историските спорови треба да бидат протерани од ЕУ. Но во реалниот не е така. Како што тековната кавга се прелева во ЕУ, лидерите треба да го пренасочат својот фокус на попрактичните грижи на нивните гласачи. Кога Американците велат дека нешто е историја, тие мислат дека прашањето за кое станува збор повеќе не е важно. За Европејците, тоа е токму спротивното. Ако е историја, тогаш навистина е важно. И во оваа смисла, Бугарија и Северна Македонија се вистински европски земји
Бечев потсетува дека во март 2020 година, Бугарија даде зелено светло за одлуката на Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија. Но потоа, во ноември, администрацијата на премиерот Бојко Борисов стави вето на преговарачката рамка, изразувајќи загриженост за недостатокот на напредок постигнат во заедничката историска комисија, формирана според Договорот за пријателство од 2017 година, како и загриженост за говорот на омраза во Северна Македонија и третманот на лицата со бугарски национален идентитет.
Северна Македонија, од своја страна, потсетува, негодуваше што нејзините европски аспирации се држат во заложништво од очигледните напори на Софија да изнуди фундаментална ревизија на македонскиот национален наратив. Доволно очекувано, она од што се плашеа дипломатите и политичарите беше повторување на стариот спор за името меѓу Грција и (поранешната југословенска Република) Македонија, кој гноеше повеќе од четвртина век. По промената на името и минувањето низ толку многу пречки за да зачекори во ЕУ, дали Северна Македонија треба да стане плен на друг сосед? И ако Бугарија е во позиција да ја киднапира политиката за проширување, што би значело тоа за кредибилитетот на блокот во Западен Балкан и пошироко? – се прашува Бечев. И продолжува – сепак, не е сè само пропаст и мрак. Предлогот поднесен од француското претседателство со Советот на ЕУ сега прави пат напред. Веќе поддржан од бугарскиот парламент, компромисот ѝ дозволува на Северна Македонија да ги започне пристапните преговори без обврската да ги вклучи Бугарите во списокот на заедници споменати во преамбулата на нејзиниот устав. Сепак, суштинските преговори треба да започнат дури по усвојувањето на амандманите од македонскиот законодавен дом. Францускиот предлог прифаќа дека преговарачката рамка на ЕУ ќе упатува на билатерални документи усвоени од Скопје и Софија – вклучително и историската комисија. И последно, но не и најмалку важно, на Бугарија ѝ нуди формула како да се избегне формално признавање на постоењето на посебен македонски јазик.
Интересно е тоа што откако првично го отфрли овој предлог, премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски се чини дека сега го прифати договорот, но на парламентот е да даде зелено светло за какви било уставни измени. На 5 јули демонстрациите пред македонската влада во Скопје станаа насилни, а тензиите нема да стивнат, дури и ако Ковачевски собере доволно гласови за да го усвои предлогот.
Уставните амандмани, вели Бечев, за кои е потребно двотретинско мнозинство, ќе бидат уште потежок со оглед на цврстата опозиција на централно-десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ, која чувствува можност да го собори Ковачевски и да предизвика предвремени избори. Значи, очекувајте уште политичко џокејство во Скопје во наредните денови и недели.
Но, тој е убеден дека францускиот компромис може добро да функционира. Ако го направи тоа, Северна Македонија со задоцнување ќе започне преговори за членство, бидејќи, Европската комисија ја оцени како соодветна уште во 2009 година. А Бугарија ќе има добиено отстапки, давајќи им на политичарите во земјата од различни структури доволно покритие за да продолжат напред и да се фокусираат на домашните проблеми.
Сепак, лошиот вкус ќе остане. Со одредено оправдување, клеветниците ќе се сомневаат во мудроста на ЕУ да попушта пред историските претензии на земја-членка. Многумина во Скопје ќе тврдат, како што се прави веќе некое време, дека нема смисла за приклучување кон ЕУ, ако цената е признавањето дека етничките Македонци некогаш биле – и, имплицитно, сè уште се – Бугари. А во Бугарија, ќе треба време да се издува патриотскиот жар ослободен од ветото. Политичарите ќе бидат во искушение да го искористат, па дури и може да бидат во искушение да применат уште едно вето понатаму. Сè уште не сме излезени од шумата.