Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ШТО НЕ ОЧЕКУВА ВО 2023 ГОДИНА: РЕЦЕСИЈА ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ, ЗАБАВУВАЊЕ НА РАСДТОТ НА БАЛКАНОТ

December 20, 2022 Filed Under: Македонија

Според прогнозите на Економист, следната година ќе има рецесија во целиот свет. Иако предвидуваат раст на реалниот БДП од 1,5 отсто, велат дека ќе има многу разидувања во светот.

ТАКА СТОЈАТ РАБОТИТЕ Повеќе е од сигурно дека работите ќе стојат полошо, отколку подобро – смета Кристалина георгиева, ген.директорка на ММФ

Џоан Хој од магазинот „Економист“ за N1 вели дека економската ситуација во светот следната година најмногу ќе зависи од тоа колку долго ќе трае војната во Украина, односно дали ќе заврши во 2023 година. Потенцирајќи дека една од последиците од војната во Украина е енергетската несигурност, потсетува дека пандемијата на коронавирусот веќе предизвика зголемување на инфлацијата, а војната дополнително ја забрза, така што имаме високи стапки на инфлација во целиот свет, особено во Европа, поради високите цени на енергијата и храната, поради нивни недостатоци.

Како што наведува тој, според прогнозите на Економист, следната година ќе има рецесија во целиот свет. Иако предвидуваат раст на реалниот БДП од 1,5 отсто, велат дека ќе има многу разидувања во светот.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) повторно ги намали проекциите за глобалниот економски раст во 2023 година, предвидувајќи пад на светската економија за четири илјади милијарди долари до 2026 година.

Како што јави агенцијата АП, генералната директорка на ММФ Кристалина Георгиева предупреди дека „поголема е веројатноста работите да се влошат пред да се подобрат“ и изјави дека руската инвазија на Украина драматично ги променила ставовите на Фондот за економијата.

Пандемијата на корона вирусот, зголемената инфлација и влошувањето на климатските услови, исто така, влијаат на светските економии со влошување на други кризи, како што се несигурноста на храната и високите нивоа на долгови во земјите со пониски приходи.

„Ризиците од рецесија растат“, оценува Георгиева и ја посочува оценката на ММФ дека земјите кои сочинуваат една третина од светската економија ќе доживеат најмалку две последователни квартали на економска контракција оваа или следната година.

РЕЦЕСИЈА Војната во Украина е клучна причина, влијаат и врз скокот на цените на храната и енергијата а тукасе и епидемиите и климатските промени

Георгиева рече дека ММФ веќе трипати ги намалил проекциите за глобалниот раст, па сега очекуваат 3,2 отсто за 2022 година и 2,9 отсто за 2023 година.

Мрачните проекции доаѓаат додека централните банки ширум светот ги зголемуваат каматните стапки со надеж дека ќе ја скротат зголемената инфлација. Федералните резерви на САД беа најагресивни во користењето на зголемувањата на каматните стапки како алатка за ладење на инфлацијата, иако централните банки од Азија до Англија исто така почнаа да ги зголемуваат стапките оваа недела, според АП.

Георгиева оценува дека „премногу и пребрзо затегнување на монетарната политика, а тоа на синхронизиран начин, може да турне многу економии во продолжена рецесија“.

Организацијата за економска соработка и развој минатата недела објави дека глобалната економија ќе загуби 2,8 трилиони долари поради војната во Украина.

Проекциите доаѓаат откако алијансата ОПЕК + во средата одлучи значително да го намали производството, што може да и нанесе нов удар на глобалната економија и да ги зголеми политички чувствителните цени на горивото во САД пред клучните конгресни избори во ноември.

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet