Беше најавен старт на судење на унгарскиот купувач на десеттина медиуми во Македонија минатата недела. Не знаеме што се случи на таа средба на Питер Шац со судството.
На обвинителна клупа во судницата број 7 требаше да седнат минатата среда (1 јуни) одговорните луѓе од .фирмата „ЦХС Инвест груп ДООЕЛ“. Во прв план на обвиинителниот акт кој од февруари е упатен до судските органи управителот Питер Шац, бидејќи затајувал данок. Вредноста на штетата по државата е проценета на еден милон денари.
Да појасниме дека кај ТВ Алфа има малку шаренолика сопственичка структура, да се збун8и оној кој брзо би одустанал од претрагата.
Шац е мнозински сопственик преку фирмата „Таргет Медиа“ што ја поседува фирмата ЦХС Инвест Груп, која, пак, е една од четирите фирми, сопственички на телевизијата Алфа. – Фершпед, Технометал-Вардар и Европа, сите од Скопје. Обвинението е за временскиот период од само eдна календарска година.
Според обвинителниот предлог што е испратен до судот, обвинетите „давале лажни податоци за факти од влијание за утврдување на даночните обврски“, односно не уплатиле данок на добивка.
Со тоа го оштетиле буџетот за 922.793 денари, односно за околу 15 илјади евра. Истрагата за обвинетите била отворена во 2019 по кривична пријава од финансиската полиција.
Бидејќи станува збор за обвинение за кое се пропишани скратени рокови, обвинетите не мора да бидат сослушани во Обвинителството.
Од Кривичниот суд, за БИРН потврдиле дека веќе е закажано првото судење за мината неделава. Но, не чувме дали асудење имало и како завршило!
Во судот веќе една година тече судскиот процес за фирмата „Алфа СКОП“, која, исто така, е обвинета за даночно затајување од околу 100 илјади евра. Финансиските контроли доведоа во еден миг до сериозно доцнење на платите на вработените. Јавната обвинителка пред камерите рече дека за Алфа се води истрага за перење на пари, што го свативме како можност од повисоко ниво на истрага.
Фронтлајн деновиве не потсети на старите но важни поводи да се истражува начинот на кој се добиваат пари за македонските медиуми однадвор. Тоа и не беше нешто што треба да се препишува на домашните медиуми, во стартот, буидејќио индициите ги нарлија а некои докажаа словенечките колеги, иритирани од фактот дека тогашниот словенечки премиер, кој ги изгуби изборите неодамна добивал инјекции за свите медиуми од унгарскиот колега Орбан.
Екипата на експремиерот и бегалец Груевски имаше исклучителна надмоќ врз медиумит екај нас, што беше фактор за неговата изборна надмоќ долго време, но тие инструменти за владеење над јавното мислење станаа посебно значајни во времето кога по низа перипетии кон средината на 2017 година СДСМ успеаа да ја реализира својата изборна победа (со гласовите на ДУИ). Деновиве Фронтлајн не потсети дека за помалку од една година, унгарските претприемачи станаа официјални сопственици на повеќе од десет електронски, печатени и мрежни медиуми во Македонија. „Питер Шатц започна со купување, а од 2018 година Агнес Адамик го водеше бизнисот. Унгарските пари за овие проекти постојано доаѓаа од Словенија – преку сметки во банка „Уникредит“ што ги отворија Шац и Адамик во Љубљана. Како главен играч во скандалот со црните пари од Унгарија, а користени за македонски медиуми, може да се посочи Петер Шац од Будимпешта, Пред две и пол години неговото име се појави во Централниот регистар на компании, како еден од сопствениците на телевизија Алфа. Како втор сопственик се појавува името на анонимниот српски државјанин Горан Балаќ од Земун, со што се воспоставува унгарско-српско-македонската релација“. (Да се потсетиме дека оваа релација беше битна за бегство од земјава на Груевски – со помош на унгарски дипломати, Груевски во гепек замина преку Албанија и Црна Гора за Будимпешта, каде е и денес).
Зошто иницијативно словенечките новинари беа загрижени од убнгарскиот упад во нивниот медиумски простор? Па, Петер Шац е сопственик на компанијата „Рипост“, стана доминантен во три медиуми во Словенија, вреден два милиона евра. Фирмата е регистрирана во Љубљана, а медиумите кои ги контролира овој медиумски играч од Будимпешта имаат десно ориентирана уредувачка политика и известуваат во корист на Јанез Јанша, иста како таа на ТВ Алфа во Скопје, и на порталите Курир, Лидер и Нетпрес, кои се споменуваат во фокусот на аферата со црни унгарски а според Фронтлајн и руски пари.
Не цела година откако Петер Шац станува сопственик на ТВ Алфа, името на неговата компанија, пишува Фронтлајн, во малку изменета форма „Рипостарт“, се појави како маркетинг огласувач на Курир, Нетпрес, Република, Лидер и Алфа. Тогаш се отворија прашања дали истиот унгарски сопственик започнал да ги финансира и порталите, а со тоа да ѝ помогне на ВМРО-ДПМНЕ во медиумската кампања против европските политики на СДСМ. Токму тоа го наведуваат новинарите од Словенија, од порталот „Нецензурирано“ кои ја обелоденија аферата со црните пари, трошени во медиуми – дека вмровските медиуми во Скопје имале задача да го поткопуваат Преспанскиот договор и да дејствуваат против членството во НАТО.
„Постои уште еден факт. По влегувањето на Шац во државата, наведените медиуми продолжуваат да бидат силна пропаганда на Груевски, а потоа и на Мицкоски, и да промовираат усогласена уредувачка политика. Во 2018 година, 2,5 милиони евра од Унгарија се депонирани во Македонија преку сметка во „Уникредит Словенија“ од Петер Шац – напишаа словенечките новинари повикувајќи се на банкарски податоци“ – пренесува Фронтлајн..
Е сега, Петер Шац е во најтесна соработка со Арпад Хабони, сопственикот на „Модерн Медиа“. Оваа компанија е најмоќната во групацијата која во Словенија ја застапува Шац. Тука се појавува улогата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Имено, Хабони е личен советник и стратег за пропаганда на Орбан, а државата, значи Орбан како премиер, целосно ги финансира медиумите на групацијата во која најмоќен е Хабони. За илустрација, во 2017-та, унгарската влада потрошила 40 милиони евра за свои реклами во нејзините медиуми. Истата шема што ја практикуваше Груевски со поткуп и корупција на медиуми.
И така се затвора овој црн медиумско-финансиски триаголник Орбан – Хабони – Шац, а третиов е линкот и во Словенија и во Македонија. Според сето изнесено, најмалку две тези се лажни кога медиумите на Мицкоски се обидуваат да ја извртат вистината за да се оправдаат дека не се фатени во очигледна црна пропаганда. Прво, не може да се обвинува СДСМ дека намерно го темпирал времето за да говори за скандалот кога скандалот го отвори словенечки медиум со релевантно новинарско истражување, а СДСМ го искористи моментот да го повика Јавното обвинителство да отвори истрага и кончено да се утврди со какви пари и за какви цели делуваат вмровските медиуми. „Нецензурирано“ пишува дека операцијата со корупцијата во медиумите и нивната контрола со црни пари започнува со средбата во Охрид на 29 септември во 2017 година кога Орбан и Јанша, на официјален работен ручек со Груевски, изразија поддршка за ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори во Македонија. Но, во позадина, тие очигледно веќе правеле други планови. Само три дена претходно, на 26 септември, унгарскиот претприемач Агнес Адамик, го основа „Адинамик Медиа“ во Скопје за да ги купи македонските медиуми. Истиот месец, Петер Шац го лансираше веб-порталот „Рипост“ во Македонија. Оригиналниот сопственик на домејн за пропагандниот портал во Македонија е компанијата „Ш-Шац“ со седиште во Љубљана. За помалку од една година, унгарските претприемачи станаа официјални сопственици на повеќе од десет електронски, печатени и мрежни медиуми во Македонија. Питер Шатц започна со купување, а од 2018 година Агнес Адамик го водеше бизнисот. Унгарските пари за овие проекти постојано доаѓаа од Словенија – преку сметки во банка „Уникредит“ што ги отворија Шац и Адамик во Љубљана.
Во меѓувреме, панорамата на цврсто владеење на голем број различни медиуми од страна на унгарските пари си продолжува и не видовме дека некој навистина сериозно го истражил моделот на кој лица од круговите на Орбан го наткрилуваат нашиот јавен простор. А тоа ни малку не е навино и до сега а и во мигот кога се одвиваат значајн и процеси во земјава о кога толку очевидно царува уредувачка политика одф еден партиски центар.