Последните месеци пред вакцинирањето против ковидот-19 ќе минат во знакот на „стариот антагонизам“ меѓу антиваксерите и приврзениците на современата медицина. Но, постои и друг феномен кој е потиснуван во целиот свет, секако и кај нас – заморот од долготрајноста на пандемијата. Овој феномен во западниот свет се оценува како директно одговорен за последниот голем скок на жртви на пандемијата
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Има ли крај на овие рестрикции – ме праша некаде околу Први мај еден нов сопственик на ракометен клуб од Првата лига, кому вложувањето во спортот му стана некаква делечна и неизвесна иднина. Како и поеќето граѓани и тој се држеше до правилата на државата, ги подржуваше и оние поресктриктивните, но одеднаш се побуни – ова многу трае, искоментира тој. Првенството се одложи за есента, што секако прдеизвика додатни нервози. И веројатно поттикна чувство дека „се претерува“ и дека животот е можен и без многу страв и предострожности.
На самиот почеток на натпреварите во ракомет, неговите клуб цел заболе – дури 16 играчи во еден миг беа во аут! Ова беше цената и на тоа „брзање“. Добро, држи објаснувањето дека ракометот е машки спорт, со многу блиски контакти, борења на паркетот речиси и се така. Идеални услови да се пренесува вирозата од човек на човек. И одново лигта стана полулегална – кој игра, кој одложува натпревари, ама се стана карма-кашија.
ЊУЈОРШКА АНАЛИЗА Ова може да е илустрација на еден текст кој го читав дениовиве а кој е анализа која во Њујорк тајмс ја прават тројва автори а која се однесува на барање на објаснување на црниот есенско –зимски бран во заболувањето на граѓаните низ западната хемисфера, како и високиот број на починати, нешто што не не одмина и нас. Навистина последните две недели тој број кај нас се намалува, особено на влезените во болничките коридори, но смртноста е се уште загрижувачка.
„Отпрвин мислевме дека ова е спринт, а потоа се претвори во маратон. Сите сме малку уморни“ – стои во анализата. За разлика од земјава поголемите градови во светот имаат сериозно зголемување на бројот на заболени и починати од ковид-19. Практично, наспроти оптимизмот со појавата на вакцините против оваа болест, и класичните „непријатели“ како антиваксерите, како клучен „кочничари“ во битката со вирусот се јавува и апатијата и безволноста со која се опишува она што се случува последниве месеци од 2020 година.
Ова деновиве го констатираше и психологот од скопскиот Здравствен дом Јасмина Јонуз која говореше за феноменот на масовното непридржување на населението кон правилата на здравствените власти – имено, таа потсети на Фројдовата максима дека во секој човек чучи и по еден Танатос, однсно дека поривот за своевидна игра со смртта и опасноста е дел од човековите корени! („Фактор здравје“ – 31.12.2020).
Неодамна на оваа тема се осврнаа три автори на Њујорк тајмс (Џули Боснан, Сара Мервош и Марк Сантора) – на овој линк (https://www.nytimes.com/2020/12/14/us/covid-vaccines-first-shots.html)
ви нудиме цел сет на текстови на таа тема од авторите –
чиј заклучок е дека губењето на почетниот ентузијзам од населението од пролетоска, кога постоеше ведор дух дека човештвото ќе се справи лесно со пандемијата, одеднаш се изгуби во првите летни горештини а потоа дури и се засили со невидена жастокост есеноска. И тоа не е феномен врзан за една држава или контонент, туку е практично огледало за настаните во болниците во целата западна хемосфера!
ПРОБЛЕМИТЕ НА ЗАПАДНАТА ХЕМИСФЕРА Полска не заостанува со експлозијата на нови случаи. Земјата со 38 милиони жители има најмал број лекари по жител во Европската унија, а некои од нив сметаат дека здравствените протоколи не се доволно добри и одбиваат да се вклучат во борбата против коронавирусот.
„Ние сме на работ на катастрофата“, рече Павел Зесејковски, истакнат полски имунолог, во интервју за полското радио RMF FM.
Во Грин Беј, Висконсин, д-р Мајкл Ландрум, кој работи со пациенти со коронавирус, изјавува дека пролетта било многу полесно да се утврди каде некој се заразил. Во тоа време, голем број на заразени лица беа евидентирани, на пример во една фабрика за преработка на месо.
„Страшното сценарио е дека имам многу пациенти кои дури и не знаат каде се разболеле“, вели Ландрум. „Ова ми кажува дека вирусот се шири многу полесно и побрзо од порано“.
Предизвикот со кој се соочуваат сите, вели тој, е како да ги убедите луѓето да направат значајни чекори повторно за да го забават ширењето.
„Се обидуваме да ги убедиме луѓето да почнат повторно да се однесуваат внимателно, повторно физички да се дистанцираат едни од други и да го намалиме бројот на контакти“, вели лекарот за Љујорк тајмс. „Нè привлече лажно чувство на безбедност. И сега е многу потешко да се вратиме на старите состојби “
Последната пролет, кога коронавирусот започна да се врти околу планетата, луѓето од Сиетл, преку Рим, до Лондон ги откажаа свадбите и годишните одмори, ги намалија посетите на бабите и дедовците и останаа дома, мислејќи дека потребниот период на изолација ќе биде краток.
Но, летото не го изгасна вирусот. А есенва следуваше уште еден опасен и неконтролиран скок на бројот на инфекции, поголем од претходно забележаниот.
Веќе на почетокот на октомври, бројот на случаи во Соединетите држави надмина девет милиони, укажуваат авторките на Њујорк тајмс а само на 23 октомври беа регистрирани 83.000 нови случаи на инфекција, што е највисок за еден ден. Бројот на заразени и хоспитализирани лица расте и во Европа. Велика Британија воведе нови ограничувања, исто како и Франција. Ресторани, спортски сали, спортски центри се затворени. Германија и Италија исто така поставуваат темни рекорди. Чешките лидери го опишуваат здравствениот систем на земјата како „во опасност си да бидаеш егзекутиран“. Креветите на клиниките се полни, а смртта е насекаде.
РАЗЛИЧНИ ОГРАНИЧУВАЊА Вирусот тргна по различни патишта во сите овие земји, бидејќи, политичарите се обидоа да го намалат неговото ширење со различни ограничувања. Но, една работа е вообичаена: заморот што го чувствуваат сите во јавноста и растечката тенденција да ризикуваат да добијат коронавирус, или од желба за нормален живот или од огромна (конкретна) потреба. Крајот не е на повидок, но многу луѓе сè уште посетуваат кафулиња, семејни забави и спортски настани толку често како пред вирусот, некои други треба да се вратат на училиште или да работат, бидејќи земјите треба да започнат со активирање на свои економии.
Спротивно на пролетта, ритуалите на надеж и единство што ни помогнаа на сите да го издржиме првиот бран, му дадоа место на заморот.
„Луѓето повеќе не ставаат срца во прозорците или не кријат полнети животни за некој да ги најде и да им го разубави денот“, изјави Кети Розенберг, градоначалничка на Восау, Висконсин, град со 38.000 жители, каде што болницата мораше да отвори нов оддел за ковид-19 пациенти. Во делови од светот каде што вирусот повторно се појавува, има судир на епидемии и растечка апатија. Здравствените експерти велат дека нивната нетрпеливост претставува нов предизвик во обидот барем да се забави почетокот на нови случаи и го зголемува ризикот од нешто што може да биде катастрофална есен и зима.
Прашањето е особено акутно во Соединетите држави, каде се пријавени повеќе инфекции и смртни случаи отколку на кое било друго место, и каде веќе се појавија два големи бранови: заразата скокна минатата пролет на североисток од земјата, а потоа минатото лето по должината на Сончевиот појас. Но, сличен феномен се забележува низ Стариот континент. Светската здравствена организација проценува дека скоро половина од европската популација доживеа „пандемски замор“.
Ако нашиот главен впечаток во пролетта беше стравот, есента ни донесе чудна мешавина на равнодушност и невнимание. Луѓето кои дури и не излегоа надвор пред неколку месеци сега размислуваат да одат во ресторани на вечера!
Во раните денови на пандемијата, Шана Грум (47) ширеше позитивни пораки околу нејзиното соседство во Мурфрисборо, Тенеси. На својот паркинг нацртала смајли со креда и на прозорецот и го ставила мечето, за да се радуваат децата што ќе поминат покрај него кога ќе го видат. Мечката била во нејзината трпезарија со месеци. И тогаш конечно го отстранила во октомври, кога сакала да го наслика станот.
Методот на третман на ковид-19 е доста подобрен во споредба со пролетта, а бројот на смртни случаи е помал отколку што беше. Сепак, неодамнешниот пораст на инфекции ги загрижува здравствените власти. Повеќе од 230.000 луѓе починаа во Соединетите држави од почетокот на пандемијата, а дневните извештаи за смртта беа релативно конзистентни во последните неколку недели – околу седумстотини на ден.
Германија е во голем криза. Ниту самата канеларка Маркел не знае што да прави за да се сопре поплавата на црни пандемиски бројки. Аналитичарката Сабине Кинкарц вели дека за да се сопре последниот бран и за да се дочека масовната вакцинација проценето е дека https://www.dw.com/mk/корона-локдаун-не-благодарам/a-55485944 бројот на контаките на нааселението во Германија треба да биде нов минус 75 отасто! Тоа значи дека бројот на веќе рестриктираните релации межу луѓето треба драстично да се скусат.
„Бројот на инфекции експоненцијално се зголемува и здравствените власти веќе предолго време не можат да ги прекинат синџирите на заразување. Премногу инфицирани луѓе се без симптоми и воопшто не знаат дека можат да заразат други“. Дел од нив, вели Сабине – дури 24 милиони луѓе во Германија се постари од 60 години (и како такви се зависни од цел круг на лица околу нив) а да не товориме дека 2,5 милиони се тешко инвалидизирани лица, што односно значи дека нивната „статистичка опасност“ е висока и за тоа знае владата на Меркел, која треба да биде драстична во нејзинотот внесување на забрани и тоа во време на божиќни и новогодишни празници!
Меркел замина на празничен одмор без да донесе клонечна а тешка одлука.
За среќа кај нас бројот на новозапишани во листата на заболени од ковид-19 се намалува и тоа со забрзано темпо. Но, останува несрамерно висок бројот на починати од оваа болест. Здравствените власти засега немаат одговор на овој феномен кој е различен од она што се случува дури и во регионот. А тоа само значи дека мора да бодеме на штрек.