Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ШOKAНТЕН ПРЕДЛОГ НА ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВА, НО ДОВОЛЕН ЗА ПАНИКА ВО БЕЛАТА ПАЛАТА НА МИЦКОВСКИ

February 15, 2022 Filed Under: Македонија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

За јавноста предлогот на обвинителката за крајно олеснувачки казни за маратонскиот спор во случајот „Титаник“ наиден само на осуда и се смета за класичен пример на двојна правда во земјава. Но, признанието на вина на најодговорните функционери во ВМРО ДПМНЕ предизвика паника во нивниот табор: изборите цело време се местени од тогашната партија на власт!

ДЕТАЛИ ОД СУДЕЊЕТО На обвинетите очевидно им се лоши од фактот дека товарот треба да падне на нив а не на клучниот човек

По денешното признание на вина од осумина обвинети во случајот „Титаник“, меѓу кои и Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер, обвинителката Лиле Стефанова побара условни казни за шестмина од обвинетите.

– Како јавен обвинител исклучително го ценам чинот кои овие лица го преземаа и дадоа признание за кривичните дека кои им се ставаат на товар. Признанието само по себе е една голема олеснителна околност и сметам дека судот кога ќе ја утврдува казната да го цени признанието како олеснителна околност. Секој од присутните обвините имаат и свои и олеснителни и отежнителни околности кои судот треба да ги цени кога ќе ја носи пресудата, истакна обвинителката рече Стефанова.

Обвинителката за секој од обвинетите ги наведе олеснителните и отежнителните околности. За Протуѓер посочи дека
е семеен човек, татко на три деца, како и дека има влошена здравствена состојба.

За обвинетиот Миле Јанакиески, кој, исто така, ја призна вината, таа побара од судот да ги цени олеснителните околности и да изрече ублажена казна. Условни казни Стефанова побара и за Гордана Јанкулоска и Билјана Бришковска-Бошкоски кои, исто така, денеска ја признаа вината. Преземањето на дејствија на Јанкулоска како министерка за внатрешни работи, Стефанова ги посочи како отежителна околност.

Обвинетите Мунир Пепиќ, Кире Тодоровски и уште двајца други се, исто така, помеѓу оние кои признаа вина.
Судењето за Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски и останатите кои не се чувствуваат виновни продолжува на 9 март.

Случајот „Титаник“ го води судијата Осман Шабани, додека, обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

За јавноста предлогот на обвинителката за крајно олеснувачки казни за маратонскиот спор во случајот „Титаник“ наиден само на осуда и се смета за класичен пример на двојна правда во земјава. Но, признанието на вина на најодговорните функционери во ВМРО ДПМНЕ предизвика паника во нивниот табор: изборите цело време се местени од тогашната партија на власт!

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

по признанието на високи партиски функционери во судскиот случај „Титаник“ треба да следуваат оставки на сите актуелни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои биле дел од раководството на оваа партија во тоа време, изјави за медиумите пратеничката Снежана Калеска Ванчева, претседателка на Форум на жени на СДСМ.

– Има пратеници од актуелниот пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ директно поврзани со тоа време и тоа раководство. Александар Николовски, Антонијо Милошоски, Владо Мисајловски, Игор Јанушев се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, блиски соработници на Никола Груевски во време кога се кршеле законите, се злоупотребувале парите на граѓаните, се вршело поткуп при гласање и други изборни нерегуларности. По признанијата на нивните сопартијци, овие пратеници треба да се повлечат од политиката и да преземат морална одговорност, изјави Калеска Ванчева.

Прво, заради достоинството на функцијата народен претставник.

ПРЕД ДА ПОБЕГНЕ Ова е Груевски пред да побегне во гебек кон Унгарија

Второ, за да не ја злоупотребуваат својата позиција и повторно да бидеме сведоци дека се блокира Собранието, само за да се спаси некој од одговорност.

Трето, да не се врши притисок врз независните судски органи.

Сите актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои биле дел од тогашниот режим мора да се извинат пред граѓаните и да се повлечат.

Едно е јасно, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата режимска партија водена од двоецот Мицкоски – Груевски, додаде пратеничката.

ОСТАВКА Калеова побара отставка од обивнетите во Титаник а сега – пратеници

Изјавата на пратеничката Калеска Ванчева следува откако поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ пред судот, во предметот Титаник кој се однесува на изборни мерегуларности, признаа дека ја злоупотребувале службената положба во партиски цели. Меѓу оние кои се изјаснија како виновни се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешната заменичка министерка за права Билјана Бришковска-Бошковска и Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој исто така е обвинет во овој предмет, но е во бегство во Будимпешта.

 

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Македонија

ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА
СРЕДЕ ЛЕТО НА ЛОВ НА ДИВИ СВИЊИ
УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ МЕЃУ ПОСТОЈНОТО И МОЖНОТО

Најново

  • ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
  • ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
  • НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet