Машински инженер кој сонувал да конструира авиони, потоа бил одреден да работи во нуклеарни централи, дојде до амбaсадорска позиција а сега поднесе кандидатура до СДСМ за позицијата шеф на државата
Љубомир Костовски
Едно од најголемите изненадување на периодот на кандидирање за носител на функцијата претседател на Републиката во овој период, кога се знае дека на актуелниот шеф на државата му поминува мандатот е несомнено кандидатурата на д-р Ѓорѓи Филипов. Овој дипломат на конкурсот на СДСМ прв поднесе документи и стана легален предмет на опсервација на раководството на оваа партија при одлуката со кое име би излегла пред бирачите оваа пролет. На прашањето на новинарите зошто се пријавува на повикот на СДСМ, а не на ВМРО-ДПМНЕ и зошто не оди како независен кандидат, тој одговори дека неговите ставови и визија се поблиски до оние што во моментов ги промовира СДСМ за евроатланските перспективи на Македонија (https://sdk.mk/index.php/makedonija/tie-shto-me-znaat-veruvaat-vo-moite-kapatsiteti-da-bidam-pretsedatel-gorgi-filipov-go-iznenadi-sdsm-so-prijavata-da-bide-niven-niven-kandidat-za-shef-na-drzhavata/).
Јавноста помни дека Филипов беше амбасадор во Виена до 2014 година, претходно и во Германија, Словачка и Јапонија, но и како основач на Агенцијата за интелектуална сопственост.
За разлика од мнозинството на дипломати кои доаѓаат од клупите на факултетите од областа на општествените науки, Филипов (Кавадарци октомври 1956) се образовал најпрвин како машински инженер. Доткорирал на на Машинскиот факултет на УКИМ во 1990 година со темата „Индустриската сопственост како индикатор на технолошкиот развој“, под менторство на проф. д-р Владимир Дуковски.
Кај него има две паралелни активности. Едната е во сферата на машинството и автоматичното производство (https://www.finki.ukim.mk/mk/staff/gjorgji-filipov) а втората е во дипломатијата. Во првата да споменеме дека во 2008 станал патентен застапник пред Европскиот патентен завод во Минхен, 1998, застапник за индустриска сопственост, додека во 1993, бил на специјализација во областа на развојниот менаџмент на Универзитет за менаџмент во Стирлинг, Велика Британија. Во 1991 г. имал студиски престој во областа на менаџментот со пазарно насочени претпријатија, во Карл Дуизбург друштвото во Келн, Германија. Како млад сакал да конструира авиони, потоа на Машинскиот факултет бил во тимот кој требал да ја гради првата нуклеарна централа во Македонија ама хаосот со распадот на Чернобил ги отфрлил тие планови.
Втората, паралелна кариера (https://emagazin.mk/ko-e-orgi-filipov-eden-od-kandidatite-za-pretsedatel-na-drzhavata-od-sdsm/) се одвива според следната хронологија:
Во приодот 2005 – 2010 година бил амбасадор на РМ во Берлин. Предлогот му го дал премиерот Бранко Црвенковки, (https://www.youtube.com/watch?v=Ka0zGjHPKqg&feature=share&fbclid=IwAR1ey9rfMCp0NwKbp7ZT9SBsEsyfB8w4BYsATkvkSf6B8KUuT94iWUGObL0)
на негово целосно изненадување и за тоа имал само една недела да се произнесе. За разлика, да речеме од амбасадорувањето на д-р Срѓан Керим, кој остави афери зад себе, пред се во сферата на имотно-правните односи во Берлин, Филипов беше забележлив и по чстите контакти со германските официјални лица, дури и со канцеларката Меркел. Не ретко амбасадорот потсетува дека канцеларката постојано нагласувала дека двете земји – Македонија и Грција- мора да постигнат болен компромис.
„И, тоа не е така заради Македонија и Грција, тука заради законите на преговарање што мора да се почитуваат, доколку се сака да се изнајде решение за одредено прашање со преговори. Притоа нагласи дека ’брзањето’ и ’работа под притисок’ не се гаранција за изнаоѓање на најпогодно решение“, вели Филипов во коментар за МИА (https://netpress.com.mk/filipov-merkel-pobara-diskrecija-i-brzo-resenie-za-imeto/).
Филипов чето нагласува дека во негово време и потоа Германија станува најсериозен економски партнер на земјава, при што презентира дека со оваа земја имаме размена од 3.155 милијарди евра, а речиси 60 отсто од вкупниот извоз на Македонија во ЕУ е извоз во Германија. Секако дека е голема улогата на Германија во Европската централна банка, во Светската банка и во ММФ, оттаму и надворешната финансиска кредитна поддршка на земјата зависи многу и од оваа земја.
Од 2011 до 2014 година беше амбасадор во Виена и стана, меѓу другото познат како промотор на нашата модна индустрија во оваа високо потрошувачка земја и тоа гледјаќи начин продажбата на лон-производството (работната рака) да стане производство на брендирани креатори (https://www.makmoda.com/d-r-gjorgji-filipov-svetlinata-e-postojanata-cel-kon-koja-se-stremime-koja-ne-mozhe-da-se-izgasne-duvanje-ili-zamavnuvanje-raka/). Исто така знаеше просториите на амбсадата да ја претвори во изложбен салон, како што беше случај со грандиозната изложба на 20 наши ликовни автори (http://arhiva.kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/novosti/1645-sovremenata-makedonska-likovna-umetnost-pretstavena-vo-viena) во септември 2014 година.
Во меѓувреме тој беше амбасадор и во Словачка и Јапонија.(со седиште во Виена). Ненаметливите, статуси на Фејсбук на македонскиот амбасадор издавачкиот центар „Три“ ги објави во книгата „Свеќа и светлина“.
Во втората половина на 80-тите почина неговата прва сопруга Лидија Костовска, колешка од студиите по факултет, кога тој остана вдовец со едно мала ќерка. Потоа се ожени со колешка од фирмата во која работеше – „Раде Кончар“ од Скопје. Таа донесе во бракот две ќерки.
Најмалата ќерка од семејството сега работи во „Ролс ројс“ на ладење на мотори за авиони (негова голема желба во детството).
Во своите интервју до сега кажуваше дека ужива во професионалната слобода и неоптовареност со формални обврски, но очевидно сега решил да го „сврти листот“,