Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЈАВНИОТ ДОЛГ НА ЗЕМЈАВА НАМАЛЕН СОГЛАСНО НА МАСТРИШКИТЕ КРИТЕРИУМИ

May 3, 2022 Filed Under: Македонија

Иако имавме услови на криза, тој долг е намален на 57,1% од БДП, јавуваат од Министерството за финансии

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ Добро управување со јавните финансии и со долговите

Јавниот долг, заклучно со крајот на март, изнесува 57,1% и е намален за 3,7 процентни поени во однос на последниот ден на декември минатата гофина, значи за три месеци. Тогаш тој долг изнесуваше 60,8% од БДП. На намалувањето на јавниот долг влијаеше отплатата на обврските по основ на главнина за надворешен долг во прв квартал во 2022 година, односно во износ од 55,2 милиона евра. Согласно последните податоци, јавниот долг е позициониран на ниво под мастришкиот критериум на Европската Унија, што ја покажува добро поставената фискална политика и доброто управување со јавните финансии во време на енергетска криза и зголемена инфлација.

Со цел на заштита на портфолиото на државниот долг од евентуалните идни пазарни шокови, односно од неповолните промени на каматните стапки што директно влијаат врз зголемување на трошоците на Буџетот, eдна од целите во следниот период е одржување оптимална каматна структура на портфолиото на државниот долг. Согласно на ова, министерот за финансии, неодамна на форумот „100 дена Влада“, истакна дека е важно да се намали цената на чинење на трошоците.

„Јавниот долг се намалува за 3,7 процентни поени. Со тоа се создава простор за 454 милиони евра дополнително финансирање во тековниот период од годинава“, потенцираше министерот Бесими.

Тој притоа додава дека од исклучително значење е носењето на Законот за буџети, којшто во моментов е во собраниска процедура. Согласно Законот, Буџетот и Фискалната стратегија треба да бидат во согласност со фискалните правила што се однесуваат на дефицитот и на вкупниот долг на општата власт. Притоа, буџетскиот дефицит за соодветната година не смее да надмине ниво од 3% од номиналниот БДП, додека вкупниот долг не смее да надмине ниво од 60% од номиналниот БДП.

Согласно ревидираната Стратегија за управување со јавниот долг, се очекува долгот на крајот на годинава да изнесува 63,5% од БДП. На среден рок, односно до 2026 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 56,5%, додека државниот долг ќе се сведе на 50%.

 

 

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet