Артан Груби даде несмасен предлог околу етниччките вработувања,, кој покажува сериозен дефицит во осознавањето на системот на кој функционира целиот западен свет. Капитализмот секако. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи веднаш го корегираше – истакнува дека како Влада градат концепт на едно општество за сите и оти е неблагодарно јавните пари да се делат по етничка основа
Не е јасно како се определија ингеренциите на вицепремиерот Артан Груби, но се чини дек тој самиот ги одредува тие грсници на својата функција без да се има усулк и во согласност со неговите карактеристики, познати на јавноста од порано, откако неговото име излезе во политичкиот живот. Додека Влдата е се уште „тазе“, нестокмена по сите формати, Груби ја зашемети јавноста, секако тука е релевтна стручната со баарањата јавните пати да се делат по етничка основа. Имденуваниот имено предложи субвенционирање на фирми со рамковни вработувања, И по некои други моменти вицепремиерот покажа дека во стартот ќе се концетрира на прашањето на вработувањето на конкретни работни места на оние свои сонародници кои земаат плата,но си сиседат дома. Ова е секако во принцип за поздравување, само што некој треба да се направи план за продуктивно вработување (нешто во таа насока порано говореше и ексминистерот за јавна администрација Манчевски) а не само да се создаде ситуација луѓето по канцелариите да си седат на глава. Но да се вратиме на темата – проценка е, не само на Груби дека владите до сега често Охридскиот го нтретираа само декларативно, секако со јавна поддршка. Засега нема најави дека и законски ќе се интервенира, за да може компаниите кои ќе вработат Албанци или други етникуми да добијат финансиска помош од државата. Ова е дел од предизборната програма на ДУИ и не се работи за дискриминација објаснува вицепремиерот Груби.
Од Илинденска бр.2 одговорија само со повик за охрабрување кон компаниите да ги поддржат меѓуетничките односи. Напоменуваат дека државна помош ќе добијат сите компании кои ќе понудат еднаков пристап за сите невработени, без привилегии.
– Општествата во услови на криза треба да се засноваат на компетитивност на квалитети од различна припадност како и на поддршка на најранливите заедници. – велат од владата.
Приватните компании бараат квалитет, а не вработени по етничка припадност вели бизнисменот Горан Рафајловски. И од Стопанската комора со слична порака како Рафајловски. Компаниите се борат за опстанок во оваа криза и во овој момент е најпотребен стручен, соодветен кадар, одговорија од таму.
– Најмногу од кога и да е на компаниите им треба стручен кадар кој што ќе работи на зголемување на нивната продуктивност, на нивните планови за иден развој и вложувања. Квалитетната работна сила значи мотор на пазарната економија во нашата земја. – велат од Стопанска комора на Македонија.
Додека Груби ја нуди идејата за етнички вработувања и во приватниот сектор, стопанството чека нова помош. Се цртаат контурите на четвртиот пакет мерки. Уште при крајот на претходниот мандат Зоран Заев најави прочистување на администрацијата , со модел да нудат кадри на приватниот сектор. Со години наназад во јавната администрација фигурираат како вработени над 1300 рамковни кои земаат плата, но не се појавиле на работа.
Bottom of Form
Битиќи на прес-конференцијата со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, на која беа презентирани резултатите и компаниите кои добија поддршка на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19, одговори на новинарско прашање во врска со најавите кои ги изнесе првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби за можно субвенционирање на вработување.
– Пристапот и на претходната Влада, и на оваа Влада, е ист. Секој граѓанин е еднаков и добива еднакви можности и еднаков третман. Мислам дека е неблагодарно да целиме јавните пари да се делат по етничка основа. Дали навистина за едно болно дете ќе треба да прашаме дали тоа дете е Албанец, Турчин или Македонец и така да ги даваме парите. Мислам дека во едно правично општество, тоа треба да го заборавиме. Единствен пристап треба да биде јавните средства да стигнуваат таму каде што е потребно, потенцира Битиќи.
Додаде дека нема првични проценки колку пари би биле потребни за реализација на етничката застапеност во приватните фирми.
„Нема таква процена. Ние првиме процени колку пари ќе требаат да се задржи секое работно место во овој период“, рече Битиќи.увања во приватниот сектор по етнички клуч.
Стапката на активност во минатата година изнесувала 56,5 проценти, стапката на вработеност 43,1, а стапката на невработеност 23,7.
Во 2015 година стапката на активност изнесуваше 57, стапката на вработеност 42,1, а стапката на невработеноист 26,1.
Во вкупното работоспособното население над 15 години според економската активност и полот, мажите учествуваат со 61,3 проценти, а жените со 38,7 проценти.
Од регистрираните 723.550 вработени, 555.894 се ангажирани во деловни субјекти во приватна сопственост, а 167.657 во фирми со друга сопственост, односно мешовита, задружна и државна.
Стапката на активност во минатата година изнесувала 56,5 проценти, стапката на вработеност 43,1, а стапката на невработеност 23,7.
Во 2015 година стапката на активност изнесуваше 57, стапката на вработеност 42,1, а стапката на невработеноист 26,1.
Во вкупното работоспособното население над 15 години според економската активност и полот, мажите учествуваат со 61,3 проценти, а жените со 38,7 проценти.
Од регистрираните 723.550 вработени, 555.894 се ангажирани во деловни субјекти во приватна сопственост, а 167.657 во фирми со друга сопственост, односно мешовита, задружна и државна.