Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ПРОИЗВЕДУВААТ ЗАГУБИ

October 27, 2020 Filed Under: Македонија

Најавата за приватизација или јавно приватно партнерство на дел од сегашаните ЈП – загубари го отвори горливото прашање: Ќе смогне ли државата конечно да стави крај на сегашната работа на проблематичните претпријатија?

М-НАВ Нема многу работа ама има загуби и високи плати

АНЕТА ДОДЕВСКА

Дури 62% од ЈП формирани од Владата  и државните фирми се во минус ! На централно ниво Владата е сопственик на 14 јавни претпријатија и 15 трговски друштва – дури 18 од нив или 62% прикажале загуба заклучно со првото полугодие од годинава.

Според висината на загубата на прво место со 16,1 милион евра е АД „Електрани на Северна Македонија“, загуба од 3,2 милиони евра прикажала државната МЕПСО, а на трето место со загуба од  2,2 милиони евра е АД „ М – НАВ“. Овие компании генерално ги правдаат ваквите финанасиски показатели поради Ковид-19 кризата и тие не се наоѓаат на должничните листи на УЈП и на Министерството за финансии како должници за неплатени даноци или придонеси по основ на плати. Напротив дел од овие фирми и во време на здравствена криза поделија средства на вработените како К-15, а платите во голем број сллучаи се над републичкиот просек.

Сепак, во друштво со овие компании се и оние кои го носат белегот на „хронични загубари“. Така АД „МЖ- Транспорт“ – Скопје прикажува загуба од 2 милиони евра, ЈП „Национални шуми“ – Скопје 1,3 милиони евра, ЈП „МЖ- инфраструктура“ на крајот од јуни пријавува минус од 808.000 евра, АД „Водстопанство на Р.С Македонија“ – Скопје 500.000 евра, ЈП „ Злетовица“ – Пробиштип скоро 600.000 евра, АД „За изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор“ со минус од 700.000 евра. Интересно е дека на оваа листа е и АД „Пошта на Р.С Македонија“, но за неа не се објавени показатели за приходите и расходите во првото економско полугодие, па оттука кај графата загуба/добивка е напишано „00“. Лани „Пошта“ пријавила загуба од 1 милион евра. Наспроти државните фирми и ЈП формирани од Владата кои прикажале загуби, првите шест месеци од годинава биле профитабилни за 11, меѓу нив JРП „Национална Радиотелевизија“, АД „Државна лотарија“, ЈП „Службен весник“ , АД „Национални енергетски ресурси“ или НЕР.

Неплатени придонеси по основ на плата, неплатени даноци – по овие основи голем дел од должниците кои се на листата на УЈП се јавни претпријатија и државни фирми, но не само на централно туку и на локално ниво.

ХРОНИЧЕН ЗАГУБАР Македонски железници постојано влeчат загуби

Така во првите дваесет должници се гостиварски „Комуналец“ кој должи и за ДДВ и по основ на придонеси за плата – со вкупен долг од 3,6 милиони евра заклучно со сепдесетември годинава. Високо котира и ЈП „За одржување на магистрални и регионални патишта“ со долг од 3,4 милиони евра, Национални шуми со 2,7 милиони евра долг за даноци, ЈП „Комунално претпријатие -Тетово“ со долг од 2,5 милиони евра, а на оваа листа со години е и државата фирма „11 Октомври – Еурокомпозит“, Прилеп со долг од 900.000 евра.

Токму за „Еуокомпозит“, заедно со „Македонски железници“, ТЕЦ „Неготино“ и – „Пошта“, Владата најави дека ќе се бара решение – приватизација или јавно приватно партнерство.

„Порталб“ веќе анализираше дека јавните претпријатија се високо на листата должници со доспеани, а не платени обврски  и на Министерството за финансии – па така милионски долгови пријавило и Јавното комунално претпријатие ЈКП „Тетово“ во износ од цели 4 милиони евра, Јавното претпријатие „Водовод“ Охрид со 1,2 милиони евра, ЈП „Водовод и канализација“ – Струга со доспеани а неплатени обврски во износ од 1,1 милион евра, Јавното комунално претпријатие „Кичево“ со долг од скоро 960.000 евра, ЈП -Комуналец“ Свети Николе со близу 800.000 ,  заклучно со јуни годинава.

ВО ДОБИВКА МРТВ е овој пат во добивка

Дел од ЈП и дел од државните фирми, кои, иако тонат во загуби, сепак претставуваат адреса за вработување по партиски клуч и воедно високо котираат според бројот на вработени. Според информациите од Регистерот на вработени во јавниот сектор, во 2019- та година само во акционерските друштва во државна сопственост, вкупно се вработени 8.800 лица, од кои 8.545 на неопределено време, 83 на определено време и 172 преку агенции за привремени вработувања.

Во земјава и на локално и на централно ниво има 141 Јавно претпријатие и таму во 2019 та година биле вработени 18. 026 вработени.

(Глобус има договор за преземање на текстови со Порталб. Опремата е на Глобус)

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet