Жената која го држеше фамозното тефтерче и преку него целата трета власт, дефинитивно оди во затвор. Дилемата деновиве е дали неа ќе и успее да најде комбе во чиј гепек ќе побегне од земјава, како Груевски или дефинитивно некој ќе и даде упат за заминување во женското одделение во Идризово
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Како и многупати до сега соопштенијата на Американската амбасада на Калето се покажаа далекугледи – не толку одамна беше поздравено осудувањето на судијата Панчевски. Би се рекло дека можеби и не е вообичаено толку прав да се подигне околу пресудата на некој големец, но од таму проценија дека некои работи почнуваат да се случуваат во земјата и дека имаме отчепување на некои важни процеси во земјава. Фактот што деновиве е правно гледано завршен процесот на судење на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, макар и по еден од повеќето предмети каде е обвинета од СЈО, а чиј предмет долго седеше во фиоките на Врховен суд, „наблудувајќи“ го растењето на нејзиниото бебе, јасно означуваше дали може сите да бидат предмет на соочување со правдата или некои од нив, функционерите од претходната деценија, пред се, се едноставно недопирливи. Оттаму зад важноста на извршната пресуда на Гордана Јанкуловска лалп враќање на правната држава стоиб одлучноста на Врховниот да престане да биде последната и непреминлива бариера за големите ѕверки.
Да потсетиме дека Врховниот суд мината недела ги одби жалбите на тројцата осудени за набавката на возило „мерцедес“ вредно 600.000 евра, односно за случајот„Тенк“. Станува збор за жалби поднесени од екс-премиерот Никола Груевски, кој е нели во бегство во Будимпершта, потоа за поранешната министерка за внатрешни работи, и нејзиниот помошник Ѓоко Поповски.
Со првостепената пресуда Никола Груевски беше осуден на казна затвор од две, а Ѓоко Поповски, на 6,6 години, но нему Апелациониот суд во Скопје му ја намали казната на четири години затвор, колку што и беше изречена и на Јанкуловска, на која, пак, и се судеше во одвоена судска постапка.
Во случајот со ексминистерката Јанкуловска врзаноста на судиите и обвинителите со нејзиниот тефтер е паочната врска меѓу нив и заробеното судство а од прислушкуваните разговори јасно беше дека таа е веројатно – клучниот извршител на експремиерот Груевски и на братучед му Началникот, првиот човек на државната безбедност кај нас во областа на третата власт, Јанкуловска и како министер секако е лепенка на машата со која се правени главните валканици во земјата во периодот 2006 – 2016 година, но и пред тоа, како дел од тимот кој финансираан од Телеком беше една форма на платена екипа за преземање на власта од канцелариите на улицата Вељко Влаховиќ. Некаде во кабинетот на тогашната амбасадорка Миловановиќ се кроеше идната влада која требаше да ги сруши социјало-демократите а на спонатата адреса беше и таа – Јанкуловска, оценета како најумна од сите (екипата на Аналитико) ама неспособна за самостојно креирање на политики. Миловановиќ беше дел од бизнис плановите на Медлин Олбрајт, кои бргу пропаднаа а нам ни го обраа бостанот следните десет годуни. Оценката за идната министерка беше точна, само што нивото од која се појде во проценките на идниот наводен демохристоијански „дрим тим“ беа поставени на мнофу ниско ниво – имаше во таа екипа многу повторувачи во текот на школувањето, па лесно беше да си најумен меѓу нив!
„И сега – шу праиме“ – оваа сентенца од нејзината редовна комуникација со колегата во Владата, министерот за финансии Зоран Ставревски, во мигот може да не врати кон дилемата: дали на мкменти, како во турските серии Јанкулковска заслужува наше сочувство, бидејѓи делува како лик кој е само фрлен во едно невреме на функција каде е само слеп извршител? Но, ако се потсетиме на други телефонски разговори со многубројни моќници лесно ни се разбиструва таа илузија за нејината плачливост, па веднаш не удира од земнја нејината слика за балканска лејди Маагбет која ја коснтруира историјата и ги носи настаните кон посакувани дестинации. Само со својата ролја во време на многуброните избори, таа лесно станува спомената шексширијнска хероина. Имено и кога ностелот на злите чинови (кај нас двоецот Груевски – Началникот) можеби се колебаат во некој од чекорите по патеката на злото, лејди Магбет е таа која успева да им олесни во таквите одлуки. Во нашиот слулчајн со леснотијата со кои таа ја аранжира сцената на злодејанијата!
И бројот на обвиненијата – иако делумно – ја редат поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во такви сочиненија кои како менгеме ја стегнуваат судбината на овој напатен и омаловажув ан народ. Таа, да се потсетиме е обвинета и во другите два големи случаи кои ги водеше поранешното СЈО: „Титаник“ и „Таргет-Тврдина“.
Рочиштето за судскиот предмет ,,Тврдина-Таргет” треба да продолжи на 22 септември, кога ќе се објави овој текст. Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од УБК. Според обвинението за Таргет-Тврдина преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски следела 4.286 телефонски броеви без да бидат издадени судски наредби.
Предметот „Титаник“ е прв случај што го обелодени СЈО, а се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Јанкулоска е обвинета заедно со други поранешни функционери меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протугер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески… Тие се обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.
И во Глобус се напишани многу текстови за Јанкуловска. Кристина Атоска, која го изгуби своето работно место во Сител напиша во март 2016 дека „би сакала да знам зошто никогаш не одговори на ниту едно барање за нејзина оставка, за многуте случаи кога тоа од неа се бараше. Би ја прашала за сите обвинувања против неа, почнувајќи од случајот Нешковски, преку Смилковско езеро, кумановските настани, па и обвинувања на опозицијата за нејзиното брзо богатење“. Повод беше прес конференција која ја одржа Јанкуловска кога времен министер беше сега актуелниот министер за внатрешни работи Спасовски а повод – нелегитмни апсења, според неа. Атоска тогаш напиша „Томислав Кежаровски, а и Љубе Бошкоски исто така имаат многу да кажат на оваа тема. Срамно е да зборува за ПРАВНА држава, министерката која себе си се смета за посилна од правото. (Последната одлука на Уставен суд за можност за помилување за изборен криминал го докажува тоа). Така, дури и во случај да биде осудена, (случај оспоруван од судиите) таа ќе биде помилувана. Уставно. Па така Јанкуловска е над Уставот. Навистина правна држава. Срамно е Јанкуловска да зборува за двојни стандарди кога сите се сеќаваме на нејзините зборови од бомбите: државна работа на првиот кат, партиска работа еден кат погоре – две во едно“.
Додека трае полемиката за тоа дали Јанкуловска може да организира бегство, таа порачува: „Дома сум, кој сака нека повели на кафе”. Некои колеги и порачаа да ја покани Емел Рамковска, која мина шест години во женскиот оддел во Идризово беа право да ги виси сцоите три малолетни деца! Се сеќавам на нејзината изјава, кога излезе од затвор, во кој ја турнаа луѓето како Јанкуловска. „Го пуштив телевизорот и сватив дека ништо не се променило надвор од времето кога ме затвоорија“ – рече Емел. Да се надеваме дека промени сега има. Од нејзиното семејство порачаа дека правдата е спора, ама сепак на крајот го стигнува секого.