Пред 2 години еден затворенички случај ја потресе јавноста, кога осудената Јасмина Махмуд се породи зад решетки, а веќе следниот ден беше разделена од бебето, кое го пратија во дом, а таа беше вратена во затвор. Лани 51 жена издржувале затворска казна, а оставиле дома 104 деца
Преку отворено писмо до јавноста Гордана Јанкуловска како жена им се обрати на Мила Царовска како министерка за социјална политика и Рената Дескоска како нова (ротирана) министерказа правда, им го честиташе мандатот и во исто време побара помош. Се пожали дека судијката во предметот „Тенк“ Добрила Кацарска, во време кога таа била во болница поради ризична бременост, одобрила вештачење со кое ќе се докаже токму тоа. Тоа е постапка на барање на СЈО а Јанкуловска негодува што е упатена на државна гинекологија. Веројатно не знае дека најголем број идни родилки одат токму на оваа државна клиника. Мисли ли дека Гинекологија е „шугава“?
„Извесно е дека судијата очигледно го антиципира исходот од ваквото вештачење, со оглед на информацијата која беше објавена во јавноста дека истото ќе биде доверено на ГАК со која раководи д-р Викторија Јовановска (за која медиумите пишуваа дека е во блиски пријателски врски со семејството на Зоран Заев), па во период од само еден месец (од 13 јуни до 14 јули) закажани се 8 термини за рочишта за овој предмет. Ваквото постапување на судијата и СЈО го покажува вистинското лице на безкруполозен изврштел на политички нарачки“, пишува Јанкуловска објаснувајќи го анимозитетот кон Клиниката.
На оваа честитка и воедно барање повиканите министерки не одговорија. Судијката во разговор за Телма вели дека сите загарантирани права Јанкуловска ги добила. Предметот и е одвоен од останатите обвинети токму поради ризичната бременост. Сега не и се кршат правата со тоа што се бара доказ со преглед од официјална државна институција, која ќе докаже дека е бремена и дека бременоста и е ризична, вели Кацарска. Доколку ова се потврди, веднаш ќе го одложи процесот за во септември.
„Воопшто правата не и се кршат. Јанкуловска бараше одвојување само за овој предмет и го доби и покрај тоа што во останатите секојдневно се појавуваше без да има никаков проблем. Пресудата за останатите обвинети исто така ја објавив во време кога таа доаѓаше на рочишта на останати предмети, па до сега и таа ќе имаше пресуда во мојот предмет доколку не го одвоивме. Значи ли ова дека бега само од мојот предмет? Се плаши ли од нешто? Мислам дека сите граници ги помина“, вели Кацарска.
Јанкуловска е обвинета во неколку предмети, но само за „Тенк“ побара да и се суди одвоено, додека на останатите не. Образложението беше дека има ризична бременост. Тоа пак е случајот во кој падна првата пресуда за екс премиерот Никола Груевски за две години затвор, и за помошник министерот Ѓоко Поповски 6 и пол години. Сега Јанкуловска бара од Царовска и Десковска да ги докажат какоп спроведливи осмомартовските флоскули, да покажат вистинска грижа и со нивните надлежности да превземат акција за спроведување на меѓународните конвенции за заштита на жената.
Со породилно отсуство, по 10 часа во судница. Каде е заштитата на правата на жените и децата? Со овие зборови, екс-министерката за внатрешни, Гордана Јанкулоска во отворено писмо се обрати до министерките, Рената Дескоска и Мила Царовска. Од нив бара, да и помогнат да ги оствари своите права, бидејќи поради долгите судења, стравува за своето и здравјето на своето неродено дете.
Сега е вистински момент од осмомартовски флоскули, фрази и маршеви за заштита на правата на жената да се премине на дела, да се побара одговорност и да се покаже вистинска грижа, која ќе ги убеди граѓаните дека не живееме во земја од третиот свет туку во земја со апсирации за евроатлански интеграции“ – вели Јанкулоска.
Во отвореното писмо Јанкулоска, се жали од судечкиот совет во „Тенк“ во кој таа е обвинета, а ќе и се суди одделно.
„Со оглед на фактот што веќе сум во деветтиот месец на бременост како и реалната спреченост да присуствувам на долготрајните судски рочишта кои за овој предмет се закажуваат последователно во текот на 2-3 дена од работната недела и по правило се одржуваат и по завршување на работното време на судот, со времетраење и до 10 часа во неклиматизирани судници на високи темепратури, следејќи ги препораките на моите лекари, започнувајќи од 30-ти мај, го искористив моето законско право ми отворив породилно отсуство“ – вели Јанкулоска.
Од управата за извршување на санкции, пак, велат дека во оваа фаза не се надлежни. Можат да постапуваат само по донесување на правосилна пресуда.
Правата за остварување на мајчинство во изминативе години ги бараа повеќе затворенички. Еден настан, пред 2 години ја потресе јавноста, кога Јасмина Махмуд се породи зад решетки, а веќе следниот ден беше разделена од бебето, кое го пратија во дом, а таа беше вратена во затвор. При судењата поврзани за фирмите на опственикот на А1 телевизијата ато така во тој контекст имаше драматични ситуации.
Според сведоштвата на затвореничка во Идризово, лани 51 жена издржувале затворска казна, а оставиле дома 104 деца.