За овој експерт за меѓународните односи, сигурно е дека вака или онака ќе победи во Украина, како што сега САД ги водат преговорите а потоа следна цел, најпрвин со засилени хибридни напади ќе биде токму Западен Балкан – рече тој во интервју за телевизијата N1

Американскиот експерт за надворешна и безбедносна политика, Јан Бжежински од Атлантскиот совет, изрази загриженост за безбедноста на Западен Балкан во случај војната во Украина да продолжи под услови диктирани од Русија.
„Ако дозволиме оваа војна да продолжи под услови диктирани од Русија, што е она што се случува, или уште полошо – ако Русија постигне целосна победа, тогаш целата безбедност на Европа драстично би се намалила. Сигурен сум дека по ова би следувала понатамошна руска агресија, особено хибридна. А главната цел на тоа би бил Западен Балкан“, изјави Бжежински за N1.
Бжежински истакна дека постојаното поигрување на американскиот претседател со традиционалните сојузници, Европа и земјите-членки на НАТО, кулминирало кога Доналд Трамп отворено почнал да бара Гренланд, доведувајќи ги во прашање ОН и НАТО и користејќи ги царините како инструмент за политичка уцена.
Ваквите потези, дури и кога, како во случајот со Гренланд, тој се повлекува, ѝ штетат на Алијансата, оцени Бжежински во интервју за N1.
Инаку овој соговорник на оваа тв куќа потсети дека Трамп на својот инaугурационен говор при преземањето на вториот мандат рече дека ќе работи на територијално прошорување на САД. Истакна дека САД немал никаква корист од НАТО а дека користа секогаш била кај членките на НАТО на сметка на САД! Подвлече дека ситуацијата околу Гренланд малку се смири во Давос ама ќе заврши во првата фаза со заедничко присуство на единици на НАТО на островот, но тешка дека тоа ќе долгорочно ќе ги спречи апетитите на американскиот претседател.
Инаку овој соговорник потсети дека 50 војници на Данска погинале во Авганистан во борбите што САД ги иницирале таму после 11 септември 2001 година. Исто така потсети дека на денот на падот на терористите врз САД токму европските сојузници побарале да се активира членот 5 од Повелбата на НАТО според она дека ако е нападната една земја од Алијансата, нападнати се сите. Ете, Данска има поголеми загуби по глава на жител во Авганистан отколку САД а тоа не смее да се заборави, иако немаше никаков интерес да војува на тоа подрачје, ниту се одлучи за нападот врз Авганистан, за тој авантуризам, но беше лојална како сојузник на САД.
Да потсетам – рече тој – ставот на Трамп кон НАТО не е став на Аемрика, туку е само став на Трамп. Дури 70 отсто на Американците сметаат дека Америка мора да го подржи НАТО и дури да ги зголеми своите обврски кон сојузниците.
Јан Бжежински е американски и воен експерт (63) кој не треба да се меша со попознатиот Збигњев Бжежински, кој е негов татко. Јан е републиканец по убедување а во време на Џорџ Буш, во времето од 2001 – 2005 година бил заменик на секретарот за одбрана, задолжен за Европа. Едно време како волунтер работел и во Украина на зајакнувањето на нивните одбрамбени сили. Член е на Атлантскиот совет од 2010 година.
(цеото интервју можете да го слушнете на https://n1info.rs/region/bzezinjski-zapadni-balkan-rusija-hibridni-napadi/)




