Според последниот извештај на Институтот за безбедносни студии од Прага, Москва може од класични лажни вести, да премине на опасна сајбер акција со тролови и ботови.
Во неделата МВР издаде соопштение во кое се вели дека порталот Курир, кој кај нас одамна е на лош глас и важи како најревносен емитувач на сомнителни наслови, пред се во корист на ВМРО ДПМНЕ, пласирал еден тежок спин. Или поточно – лага, која може да предизвика вонземиреност кај граѓаните, особено во овие стресни времиња.
Од МВР побараа порталот Курир да ја повлече лажната вест и да се извини
„Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира злонамерните невистини објавени од порталот Курир во текстот ‘Ексклузивно: Две возила од Косово полни со оружје влегле во Македонија – МВР знае, но сепак молчи?! ‘ Таков настан се нема случено и очигледно е дека станува збор за лажна вест. Министерството за внатрешни работи бара од одговорните лицa на порталот „Курир“ да биде објавен демант со кој категорични се негираат изнесените лажни информации во овој текст. Бараме овој текст базиран на лаги и со очигледна цел да ја вознемири јавноста, а објавен во 19:24 часот на 21 октомври 2018 година да биде повлечен и да биде објавено извинување“ – стои во ова соопштение. Дали имаме специјална војна во земјава после одлуката на пратениците во Собранието да започнеме менуввање на Уставот, како дел од пороцесот на приближување на ЕУИ и НАТО? Или таа војна не е прекината никогаш, само сега може да биде заострена заради „тешката повреда“ на рускиот интерес во овој дел на Балканот. Барем за една недела Курир а во една прилика и Република добија дузина закани за тужба од функционери на СДСМ и на Владата!
Како што пишува Радио Слободна Европа деновиве досега Русија користеше конвенционални средства за ширење на своето влијание во Македонија, но, според неколку експерти и според последниот извештај на Институтот за безбедносни студии од Прага, Москва може од класични лажни вести, да премине на опасна сајбер акција со тролови и ботови.
Ако во Црна Гора се обидела да изврши атентат врз претседателот, во Босна и Херцеговина да „мати вода“ со Република Српска, а во Грција да поткупува високи функционери за организирање насилни протести, со цел, како што објавуваат светските медиуми, да го спречи ширењето на ЕУ и НАТО, тогаш до каде е подготвена да оди Москва во Македонија за да го запре реализирањето на Преспанскиот договор, а со тоа и нејзиното зачленување во двата најмоќни западни сојузи кон кои се стреми од осамостојувањето?
Ова прашање, последниве месеци, според овој извор, кога се води силна политичка битка за евроатлантските интеграции на Македонија, го поставуваат сè повеќе политички експерти и меѓународни институции, меѓу кои и Институтот за безбедносни студии од Прага во својата последна анализа. Прашкиот Институт во своето последно истражување анализира – дали Кремљ во Македонија може да употреби тактики какви што наводно применила со Брегзит и на последните претседателски избори во САД, користејќи софистицирана машинерија од ботови и тролови за ширење лажни вести? Или пак, можеби Москва ќе оди уште подалеку – како во Украина на пример – и со сајбер напади да се обиде да ослабне клучни системи во Македонија. Дали Русија во Македонија може да оди уште подалеку?
Од Институтот за безбедносни студии од Прага се децидни: „Да, Москва би можела да оди подалеку од сето ова.Македонците се крајно подложни на лажни вести, а сајбер просторот во земјата е слаб и ранлив на сајбер напади, иако досега, не постојат цврсти докази за злонамерни руски сајбер-активности во Македонија“, стои во истражувањето на прашкиот Институт. Овој извор потсетува дека до сега за сега Русија во своето, како што се вели, „политичко делување во Македонија“, користи конвенционални методи, како што се искористување на балканските стереотипи, обиди за разгорување етнички тензии и будење нерешени конфликти, како и финансирање и поддршка за проруски медиуми или медиуми блиски до партии кои се наклонети кон Кремљ. Тие конвенционални методи, велат експертите, се веќе познати за регионот и, како што вели потпретседателот на Атлантскиот совет на САД, Дејмон Вилсон, треба да не загрижат.
„Би биле наивни ако не размислуваме и не сме загрижени за руското влијание во регионот. Погледнете што се случи во Црна Гора, обид за атентат, обид за пуч. Ова се сериозни грижи. Ова сте го виделе веќе во Скопје. Сведоци сме на руски напори да се создадат големи проблеми“, вели Вилсон во интервју за Радио Слободна Европа. Па, ете сме кај тркстот објавен во Курир!
Според прашкиот Институт, типичен пример за конвенционалните методи на Кремљ се изјавите од руското МНР дека „ЕУ и НАТО ја поддржуваат идејата за Голема Албанија, се меша во внатрешната политика на Македонија и дека на Македонците им наметнува ставови на албанската заедница“. А за сметка на тоа, велат од Институтот, Русија себеси се претставува како добротвор и заштитник на суверенитетот како противтежа на „мешањето на Западот“.
Ваквите обвинувања, официјална Москва секогаш ги отфрла со став дека Русија ја почитува волјата на граѓаните на државите аспиранти за НАТО и ЕУ. Таа не ретко возвраќа со контраобвинување дека токму Алијансата и Унијата се тие кои користат пропаганда и ги вовлекуваат земјите во сојуз со нив поради повисоки интереси, а на сметка на суверенитетот и идентитетот на претендентите за членство.
Меѓутоа, предупредуваат експертите, Москва може да оди многу подалеку од ова и да спроведе план кој излегува од конвенционалното и преминува во софистицирани методи како интернет ботови и тролови и специфични методи за сајбер напади, за пропаганда и за ширење лажни вести.
Според Руслан Дејниченко од Стопфејк, портал специјализиран за откривање лажни вести, таквите пропаганди се типично перење мозоци. „Не можете да си дозволите да го игнорирате овој проблем, бидејќи еден ден кога ќе се разбудите и погледнете низ прозорецот можете да видите илјадници луѓе со оружје кои се убиваат меѓусебно само затоа што се мразат. Тие се мразат, бидејќи се убедени, бидејќи нивните мозоци се испрани од руска пропаганда“, изјави Дејниченко за Радио Слободна Европа.
Според него, со таквата сајбер акција и најконвенционалните методи стануваат крајно опасни, а со таква пропаганда лесно се прави конфликт среде Европа, особено во мали земји како Македонија.